Доверба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
100 % доверба имам само во моите родители и гледам да ја негувам, иако се имам сјебано ми простиле и гледам да не си ги повторувам грешките. Си згрешил претходно или не, сепак треба да се внимава да не се гази осетот за почит и доверба.
Во останатите луѓе, почнувајќи од другари/ки.. порано бев наивка, добричина и тако даље, се додека не осетив дека сето тоа не е ценето, ниту возвратено и дојдов до заклучок дека не треба да се верува на никого во целост. Можеби одредени другари/ки се двојат со тоа што се привилегирани да им верувам во поголема доза од останатите, но сепак.. на резерва сум со сите, не се споделува секаква тајна со секого, треба да знаеш на кој можеш да сметаш и кому колку да му откриваш за себе. Човекот е заебано створење, ипак.
А штом целосно ми згазат по довербата, тогаш заборавам дека постојат, искрено. Се` понатаму може да биде само глума.
И не се осеќам уништена или било како повредена, всушност тоа ми помага да учам како да се снаоѓам во односите со другиве суштества.
 
Најдобриот начин да бидете разочарани и гневни е да ја поклоните својата доверба. Сите луѓе прават грешки...и невозможно е постојано да ги исполнуваат вашите очекување и да ја потврдуваат довербата што ја имате во нив. Довербата се гради чекор по чекор, макотрпно и полека, но потребна е само мала грешка за да се изгуби целосно.
Генерално им верувам на луѓето но никогаш целосно. Никогаш не ги голтам работите без претходно даги соџвакам.

Секогаш го очекувам најлошото од другиот...така да што и да направи....секогаш ќе биде подобро од она што сум го очекувал....
 
Незнам зошто ама многу тешко му верувам на луѓето, уствари тоа ми е и проблем шо незнам како да го решам. Огромен скептик сум...Едноставно стално си држам извесна дистанца.
 
Imam doverba vo nekolku licnosti okolu mene,vo princip imam doverba vo sekoj sto ke go zapoznaam se dodeka ne ja izneveri mojata doverba,e posle toa nema nazad
 
Стопостотна доверба имам само во моите дома и најблиските другарки и другари. Се‘ на се‘ негде 5-6 души се тоа. Во другите онака имам доверба, се додека не ми докажат дека не ја заслужуваат.
 
Слепо им верувам на луѓето и им се доверувам и на крајот страдам.
 
Верувам на многу но со резерва... секогаш иам план б дека ќе ме заебат
 
Тешко е да се стекне доверба во некој а многу лесно да се изгуби. Прилично внимавам на кои луѓе што кажувам. Може да имаме многу пријатели, другари но со секој од нив имаме различен муабет, неможе туку така на секој да се има поверение.
 
Многу тешко стекнувам доверба, многу лесно ја губам. Можам да кажам дека доверба имам само во една или две личности.
 
Не се доверувам на секој т.е скоро на никој. Неможам во секој да верувам и да бидам сигурна дека изречените нешта ке останат само меѓу мене и тој на кој што сум се доверила. Па и на кој ке се доверувам јас:raz:, од една страна повеќето луѓе со кои се дружам повеќе се преоптоварени со свои проблеми [кои најчесто се љубовни] и за ситници се доверуваат а на мене тоа нивно доверување во последно време ми заликува повеќе на жалење и скриена желба да се во центарот на внимание, а откако тие први ке си кажат што како ги мачи потоа мене ке нема кој ке ме ислуша. А и несакам да се отварам на секој затоа што знам дека нема ни да ме сфатат ниту пак ке ми биде полесно - имаат многу ниско ниво на рабирање и сметам дека само ке си фаќаат сеири. Но, ок барем си имам сестра на која и верувам и си имам голема доверба во неа.:wink:
 
За да не бидам повреден..НЕ ВЕРУВАМ НА НИКОЈ! тоа на многу сум им го кажал....и од коа ќе им речеш така одма се трудат многу повеќе за да ја придобијат твојата доверба кон нив...јас сум како ризница за доверба..еве или бар така мислам..многу луѓе ми се имаат отворено така ми имаат кажано некој работи од доверба...ама и јас не сум до толку скептик...имам неколку другари..(никако другарки:pos2:)што им верувам ДА...ама не на некое ниво да им се отворам скроз(ова коа сум пијан)..си држам дистанца....
 
Доверба!? Што е тоа!?
Јас од едното око на другото не му верувам, не па на човек да му верувам целосно.
 
Имав доверба се додека една другарка не го смени тоа. Оттогаш не верувам никому. И нема да верувам.
 
Порано имав доверба во луѓето, но денес..... :salut:
трај си и прај си , си е најдобро.. има многу нешта кои би можел да ги доверам и на најблиските пријатели.. ноо, немам желба, си верувам самиот на себеси :baeh:
 
Немам доверба во никој бе секој гледа да ти го начука до уши....нај арно е вака ќути си дупи си трај си прај си.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom