Допелгангер !?

  • Креатор на темата Креатор на темата MegaDamage
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 август 2008
Мислења
152
Поени од реакции
5
Прашањето е едноставно, дали верувате во аномалијата, натприродното суштество познато како Допелгангер? Пред да гласате на прашањево, доколку не знаете што е тоа, прочитајте ја статијава подолу:

---------------------
ДОПЕЛГАНГЕР
---------------------
Зборот “Допелгангер“ има германско потекло што би значело “двоен пешак“. За подетално објаснување, Допелгангерот претставува духовен двојник на било кој човек, како близнак. Иако настанувањето и потеклото на овие двојници сеуште не потполно јасно, се верува дека Допелгангерот настанува како резултат на огромна концентрација негативни мисли и претставува аномалија на самиот човечки мозок. На еден начин, овој дух двојник претставува мрачната страна на човечката душа и ум и обично пресретот на личноста со својот допелгангер е крајно смртоносна и опасна бидејќи допелгангерите се сметаат носители на лоша среќа или симболи на смртта. Допелгангерот може да биде забележан од самата личност или од блиски роднини на личноста најчесто пред блиска смрт или тешка болест, иако тоа не мора да биде точно бидејќи извештаи соопштуваат дека постои можност и допелгангерот да го изврши убиството врз својот двојник - човек.
ПОЗНАТИ ИЗВЕСТУВАЊА:
Џон Дон - метафизички поет го видел допелгангерот на својата жена во 1612 во Париз, на истата вечер од раѓањето на неговата ќерка. И неговата жена и малечката ќерка беа погребани неколку недели подоцна.
Абрахам Линколн - Извештаи потврдуваат дека Линколн долго време пател од средби со својот допелгангер и илузии.
-------------------------------------------------------

При вашето гласање, дадете и објаснение.
 
па ако имаш премногу негативни мисли нормално е дека ке полудиш и ке мислиш дека се што се случува околу тебе е заради тебе:uvo:
 
А од каде да знам дека јас не сум сопствениот допелгангер?
 
Добро прашање.
Ама и стварно. Ако се изнервираш до крај нормално ке мислиш дека цел свет од против тебе. Иначе да верувам.
п.с.би требало да се постави анкета.
 
А од кај да знам шо сум(ја или допелгангер ми)!
 
Искрено не верувам.Поише ми изгледа на психичка болест.
 
Дали прва фаза на оваа појава е всушност борбата што се случува во човековиот ум секојдневно?
 
Допелгангер секако дека постои и дека секој го има ...Замислено !
Допелгангер се користел во психологијата за поим во кој сите позитивни мисли ги оставаме во нашата глава, во нашиот мозок , а сите негативни мисли надвор од него. Е сега кога сите негативни мисли ќе се наврателе кај нас во главата тогаш незнам како или што , значело дека човекот е пред смрт.
Тоа се бесконечните граници на човековата фантазија...
 
Јас знам у една игра имаше Доплегангер и беше ко да се тепаш со себе и едно од најтешките од цела игра...Дупло појако од тебе е и дупло повеке енергија...и коа ке го утепаш пагаше јако оружје:helou:
 
Сите си имаме алтер его кое е обично спротивно на базичната личност, и во моменти на стрес се покажува, но во истото тело. А во различно тело... само на крајот на филмот Допелгангер со Дру Баримор сум видел, се издвоија како две накази. Тоа е нешто како најтежок вид на шизофренија во која базичната личност воопшто не е свесна што прави нејзиното алтер его, а во тој филм тоа беше убиец, со наочари за сонце и нож ко за лов на слон, ептен језива. Ко у Фајт клаб :) Ми, мајселф енд Ајрин. Демијан и Синклер...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom