Дома сум се што не сум надвор проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата Laumfer
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе гледаш манга, лексилиумче (од 3мг до 13мг), едно пиво (Скопско, до две - три) и палиш патиките - пешки (задолжително), гордо кон социјалниот живот.

Секако ако не ти се преспие ама и утре има ден.

Воглавно шетај, троши ја таа вишок енергија.
Шетај и разгоарај сам со себе ама на глас за да ги видиш реакциите на луѓето, нон стоп праам така.

Така, учи ја младината да меша апови и алкохол, после ќе им тече пења од устата.

@Agda Beata
Контрадикторно е затоа што не се изразив најдобро. Кога пишав сеедно мислев на тоа дека сум помирен со фактот за тоа што сум и кој сум. Од аспект што не отварам нов профил за некакви си проблеми со цел да не уништам некаква си претходно креирана слика за себеси....
За проблемите со околината и однесувањето имам јас доста пријатели со кој се дружиме и забавуваме затоа што обично наоѓаме некој common ground али да речеме и да отидам на една таква Kajgana собиранка што тоа помага кога едноставно самата природа која ја имам е спротивна од тоа што таа забава ќе го нуди.
Значи ја и ти седиме 30минути разговараме. Од мене нема да ги добиеш оние заебанции, кокетирања, дофрлање, досетливи дијалози, затоа што aj од една страна се социјална вештина али од друга страна ми се па и дегутантни и не гледам забава во тоа.
За 30 минути ако не најдеш 2-3 допитни ствари со кој ќе направиш корелација помеѓу мене и тебе ти ќе ме оцениш како ептеен досадн лик а јас сум свесен за тоа и прашање е дали воопшто вреди да се трудам кога нема резултат нештото. Напорите што ќе ги вложувам најчесто ќе бидат бесцелни и неуспешни.
Катаљарда пати се дешавало да бидам викан за излагање за провод од друштво и да ги одбивам поради фактот што најчесто тоа ќе ми претставува фрустрација и замор гледајќи ги останатите околу уживаат во нешто кое за мене претставува малтретирање и замарање.
Тоа е таа интровертна природа на однесување.

Собиранката ти ја дадов само како пример за место на кое би можел да го победиш стравот од осудување. За интровертноста, гејмингот и плитките муабети и кокетирања што ги спомна погоре нема муабет, тука се согласуваме. :)
 
Тоа што се вкочуваш пред луѓето кога ќе излезеш од дома е резултат на тоа што немаш честа комуникација со други луѓе, а можеби и срамежливоста си го прави своето. Кога ќе почнеш се почесто да излегуваш од дома и да ги запознаваш луѓето, ќе почнеш да правиш разлика помеѓу добри и лоши луѓе, а со самото тоа и ќе ти се развие комуникацијата и слободата на говорот, како добар муабет исполнет со хумор, така и кавгата.

Рече дека луѓето почнуваат да те оговараат......., без разлика дали си од голем или од мал град, секогаш ќе има луѓе што ќе те оговараат и ќе сакаат да ти наштетат. Без разлика дали си ти крив или прав, они сепак ќе имаат нешто против тебе и ќе ти вадат муабети. Сега вистина е дека во помал град тоа повеќе се чувствува, но немај гајле, со текот на времето ќе станеш отпорен на тие работи.

Кога ќе излезеш со некој надвор и ќе комуницираш биди она што навистина си, а потоа кога ќе се вратиш дома размислувај како се однесуваш пред другите надвор и дали таквото однесување на тебе ти се свиѓа или пак можеби би променил нешто што не ти се свиѓа на тебе, а истовремено создава одбивност кај другите. Исто така секоја прилика од типот спортска активност, образование или одење во друг град користија. Колку повеќе луѓе запознаваш, толку побрзо ќе се извадиш од овој проблем.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom