Долга приказна

  • Креатор на темата Креатор на темата Mateas
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Си бил еден човек кој по долго размислување ,одлучил што сака во животот,искусил различни ситуации како и вкусот на успехот и неуспехот,и конечно знаел каде треба да тргне.

Еден ден му се укажала шанса,сега или никогаш и решил да тргне,со секој чекор брзал да стигне до целта.

Брзајки така,стигнал до еден мост,но му се приближил еден странец со врзан коноп околу струк и го замолил да му го придржи крајот на конопот.
Кога човекот без размислување го фатил крајот на јажето ,странецот се фрлил..Тежината на паднатото тело го затегнала јажето,за да може да го држи жив го врзал јажето околу својот струк и држел рамнотежа,странецот не давал причини за својот скок но барал да му се помогне,повторувајки му:
"Вие сте одговорен за мојот живот"пазете што правите.

Се вртел да побара некој да му помогне но никој не поминувал,и се мислел доколку го одврзе јажето и го пушти,целиот живот ќе го прогонува мислата дека го оставил да умре,ако остане, рискира да не ја оствари својата цел која долго ја чекал,едно време мислел и он да се фрли ..но дошло време за одлука ,го прашал уште еднаш странецот дали ќе се искачи по јажето но овој одбил со зборовите
"Јас сум ваша одговорност"му рекол,на тоа човекот му одговорил:

Не ја прифакам положбата да одлучувам за вашиот живот,и почнал да го одврзува јажето од својот струк..
"Го прифакам вашиот избор" и го испуштил јажето.

Оваа приказна пред мене ја раскажал еден рабин,а прашањето би било,
Колку одговорност носиме за други ,а против своја волjа?
Како другите луѓе,а посебно партнерот да ги мотивираме да превземат одговорност за себе?
Зошто помагаме на такви луѓе и до која мера тоа го правиме?

И на крајот,може ли двата лика од приказната да бидат во една личност?
 
Држиме луѓе на јажето. И треба многу да внимаваме бидејќи во реалноста луѓето не викаат, добро твој избор е пушти ме, туку вриштат пиштат, урлаат кукаат, ама не се качуваат нагоре. И кога ќе пуштиме паѓаат, ама живи се, па се качуваат горе и пробуваат да не бутнат нас и ние да паднеме и да не боли.

Имав пријател еден кој ми рече: Сине, ти не си бил у војска, да си бил, ќе знаеше дека таквите кои не знаат сами да си го зачуваат животот, ако се заложиш за нив, и ти ќе умреш со нив, затоа Fuck`em, одговорен си само за својот живот.
Верувам дека е во право. И онака луѓето се неблагодрни педерски говеда, почињајќи од себе па завршувајќи до најголемиот душман шо го имам. Никад никој нема да го цени доволно трудот кој си го вложил за него.

Да не бидам скроз офтопик, носиме премногу одговорност бидејќи несвесно прифаќаме. Другите не можеме да ги мотивираме, човек мора сам да сфати каде е грешката и да се мотивира да ја контролира и оправа. Помагаме зашто сме луѓе, човечни сме исто толку несвесно колку што на моменти сме деструктивни и нечовечни. Да, може да биде истиот човек со двете особини. Всушност, секој човек ги има двете особини а тоа ме носи до одговорот на второто прашање, кое вели дека секој треба да стане свесен за себе и својата инертност на душевен план.
 
Во крајна линија секогаш сме прво одговорни за себе,оној кој одбива таква одговорност не заслужува солидарност.

Би рекла дека човек кој има цел во животот ќе го испушти јажето,и тешко дека ке осети грижа на совест ,но малку луѓе јасно знаат што сакаат.
И баш оној кој нема цел во животот нема да го испушти јажето,бидејќи тоа е додатно створена цел која ќе му помогне да се чувствува среќно и важно.

Но сепак во секој од нас веројатно постои граница,точка до која сме одговорни .
Тоа е она:
Да ти пружам илјада раце,а ти секоја да ја одбиеш,да ме пуштиш да трчам еден маратон,а да не се тргнеш ни малку и уште да бараш да го трчам и твојот.:wink:
 
А типов неможел да го заврзе јажето за мостот па овој старецот што сака нека праи. Или ке се качи или ке падне, негов избор. :wink:
 
Па одсекогаш сум гледал најтрезвено да реагирам и размислувам во пијано луда не свесно трезвена ситуација. Сум носел луѓе на рамена до дома не можеле на нозе да стојат, мене никој ме нема носено дали затоа што сум бил свесен дека треба тројца да ме носат поради мојата тежина. И имало ситуации добро е сето средено е сега можам да се онесвестам :icon_lol:. И никогаш се немам сомневано како мојот другар кој се разбудува следното попладне под ќебе и размислува само дома да сум, па го трга ќебето од пред своето лице добро е дома сум. Повеќе сум одговорен за другите отколку за себе, и лојалноста пред се.....
 
Мене текстот ми е туп, ко изваден од некој роман :toe:.

Сум бил во тешки животни ситуации каде буквално сум се чудел како понатаму и секогаш во тие ситуации ми се наоѓал некој, пријател или случаен познаник да ми помогне и да ме извади од калта. Сум правел се што можам и сам да се извлечам но сум свесен дека да не биле тие личности немаше сам да успеам да бидам таму каде сум сега.

Се согласувам дека најповеќе самите сме одговорни за своите постапки но некогаш е многу битно да добиеме правилен совет во вистинско време и од вистинска личност.

Сум помагал а и мене ми помагале, сум мотивирал а и мене ме мотивирале и тоа често пати со успех. Впрочем каква ти е психата такви личности ќе привлекуваш. Ако си себичен ќе ти се лепат себичњаци и ќе мислиш дека сите се такви а не се. Има прекрасни личности на светов.

Благодарен сум им на сите кои ми помогнале и сеуште ми помагаат во животот и на сите нив можам да им речам едно големо фала, не било за џабе.
 
Колку одговорност носиме за други ,а против своја волjа?
Како другите луѓе,а посебно партнерот да ги мотивираме да превземат одговорност за себе?
Зошто помагаме на такви луѓе и до која мера тоа го правиме?

И на крајот,може ли двата лика од приказната да бидат во една личност?
Ние не носиме одговорност за никого.Тој што живее во одговорности тој живее во страв дека нема да ги исполни.Не морам да го спасам човекот туку сакам да го спасам човекот,но ако повеќе сакам да си ја постигнам целта ќе го оставам да се удави без око да ми трепне и никогаш веќе нема да ми текнува на тоа исто како што не ми текнува што сум јадел пред 3 месеци.
Во прикаската мислам дека е утната пораката.Пораката не е одговорност,туку страв дека од кога ќе ја стигне целта целиот живот ќе му се смени.Странецот кој висел од мостот е нашето минато и ние мора да го пуштиме да се удави и да продолжиме кон целта без да ни биде преокупација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom