Доказ за работно искуство

  • Креатор на темата Креатор на темата zoraxe
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 октомври 2012
Мислења
334
Поени од реакции
294
Да не знае некој случајно како се докажува работното искуство?
На пример во оглас се бара 2 или 3 години работно искуство и треба да се достави доказ за тоа...
Еден другар мисли дека иде нешто преку агенција за вработување ама не е сигурен.

еве еден пример на кој налетав... ЕЛЕМ бара дипл. економист:
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=616596#.UNbdeG9fDW4
 
Доказ за работно искуство од фирмата кај што си работел претходно. Од таму се зема.
 
Не е преку агенција, единствено се контактира фирмата кај што предходно имаш работено, ако те препорачат они тоа е најбитниот услов..
 
Наводно тоа не бил валиден доказ... стварно не знам зашто :confused:
Валидно е, ондак ќе појдиш и во биро за вработување и ќе земиш потврда за работен стаж и башка тоа доказот за работно искуство од фирмата кај што си работел претходно. И неможи да не биди валидно затоа што овие се 2те единствени решенија за да докажиш работно искуство, особено за доказот од за работно искуство од фирмата кај што си работел претходно.
 
Па ако си потпишал договор за вработување пред 3 години пример, не гледам зошто тоа да не се рачуна за доказ. Самиот договор е доказ
 
Јас вадев таков доказ скоро.Имав препорака од претходната фирма каде работев но ми требаше и доказ од Агенцијата за вработување. Бев прво до Архивата во АВРМ и поднесов Барање кое одма ми го заверија и ме пратија позади од другиот влез (за Скопје зборвам) и на шалтерот ми испечати листа со имиња на фирмите каде сум работела и колку период.Таа листа со препораката ми ја прифатија како доказ за работно искуство.
Инаку на листата пишува само период на раб.време (од- / до- ) и име на фирмата а не пишува која позиција си ја работел.
--- надополнето: 23 декември 2012 во 12:31 ---
Наводно тоа не бил валиден доказ... стварно не знам зашто :confused:

Само препорака не ја признаваат за валиден доказ, туку и потврда од АВРМ е потребна.Наводно препорака можело да ти пише било која фирма :cautious: а преку АВРМ се гледа дека си бил официјално вработен.
 
Јас вадев таков доказ скоро.Имав препорака од претходната фирма каде работев но ми требаше и доказ од Агенцијата за вработување. Бев прво до Архивата во АВРМ и поднесов Барање кое одма ми го заверија и ме пратија позади од другиот влез (за Скопје зборвам) и на шалтерот ми испечати листа со имиња на фирмите каде сум работела и колку период.Таа листа со препораката ми ја прифатија како доказ за работно искуство.
Инаку на листата пишува само период на раб.време (од- / до- ) и име на фирмата а не пишува која позиција си ја работел.
Се пишува а најбитниот дел не го пишува:facepalm: Значи чистачката што работи во влада ќе и пишува дека работела во влада на Р.М. И ќе може да конкурира за менаџерска позиција hehehehehe. Ебати агенцијата за вработувања:pos:
 
Колку се плаќа за ваков документ? И дали може онлајн да завршиш работа?
 
е тука си во право, но има уште една работа, а тоа е дека во владини организации се потпишува договор за раб на една позиција, а тебе ќе те тупнат во друг дел кој нема врска со тој договор. и сега, ....... на пример убо реце дека чистачка, ама ако таа работела како асистент?
 
Ништо не се плаќа а за онлајн се сомневам дека ќе завршиш работа.:D
--- надополнето: 23 декември 2012 во 12:44 ---
Се пишува а најбитниот дел не го пишува:facepalm: Значи чистачката што работи во влада ќе и пишува дека работела во влада на Р.М. И ќе може да конкурира за менаџерска позиција hehehehehe. Ебати агенцијата за вработувања:pos:

Понекогаш пријавен си на една позиција а работиш друга. Пријателка работеше како сметководител а во фирмата ја примиле како благајник и не и дадоа препорака/потврда од фирмата за работно искуство а со листата од АВРМ неможеше да докаже на која позиција работела.Инаку потврдата и требаше за да извади Уверение за овластен сметководител (http://www.finance.gov.mk/smetkovoditeli).
:mad:
 
Се пишува а најбитниот дел не го пишува:facepalm: Значи чистачката што работи во влада ќе и пишува дека работела во влада на Р.М. И ќе може да конкурира за менаџерска позиција hehehehehe. Ебати агенцијата за вработувања:pos:
АВРМ не води сметка за позицијата на која работникот работи, туку само води евиденција за вработени и невработени.
А секако дека и чистачка може да конкурира за „менаџерска функција“, а и да ја добие, доколку ги исполнува условите за тоа работно место. Претходното работно искуство не смее да ја ограничува во понатамошнтиот тек на нејзината кариера.
--- надополнето: 23 декември 2012 во 12:51 ---
Фирмата во која работиш треба да ти издаде потврда (а не препорака како што некои наведуваат) колку долго се водиш како вработен во таа фирма со печат и потпис од овластеното лице.
 
Утре одма им идам да вадам и ја тоа папирот...

Инаку, мислам дека треба да е достапно за целата јавност, или барем за регистрирани претпријатија, да се закачат на сајтот на АВРМ и да видат дали некој бил вработен негде, кога, колку време, на која позиција бил вработен итн. итн. И би било со на пример матичен број на кандидатот, за да се избегне нели злоупотреба на системот. Фирмата го бира најуспешниот кандидат, му бара ЕМБГ и го проверува. Ако не исполнува услови иде на нареден кандидат... Од друга страна, секој вработен би имал можност електронски да провери дали е пријавен, на која позиција итн. Нешто слично како со матичните лекари...

Вака, само малтретирање за кандидатите и за агенцијата околу издавање на такви потврди.
 
е тука си во право, но има уште една работа, а тоа е дека во владини организации се потпишува договор за раб на една позиција, а тебе ќе те тупнат во друг дел кој нема врска со тој договор. и сега, ....... на пример убо реце дека чистачка, ама ако таа работела како асистент?
До сега немам сретнато таков случај или да знам. Мада јас сум во приватен сектор.А обично тие што влегувааат во државни јасли се преценуваат и да работела како кафекуварка ќе напише дека била раководител. Како кај мене еднаш ми доаѓа една на интервју за работа и како што вика ION пишува кај работела се позиција ништо. А ми се преставува менаџер за одредени позиции. И поставувам некој 5 прашања што ако не си работел на тие позиции не можеш да ги знаеш , па колку сакаш глуми. Ниедно не одговори после ме фати инат да видам која е она и добив информации дека била кафекуварка:)
 
АВРМ не води сметка за позицијата на која работникот работи, туку само води евиденција за вработени и невработени.
А секако дека и чистачка може да конкурира за „менаџерска функција“, а и да ја добие, доколку ги исполнува условите за тоа работно место. Претходното работно искуство не смее да ја ограничува во понатамошнтиот тек на нејзината кариера.
--- надополнето: 23 декември 2012 во 12:51 ---
Фирмата во која работиш треба да ти издаде потврда (а не препорака како што некои наведуваат) колку долго се водиш како вработен во таа фирма со печат и потпис од овластеното лице.

А доколку несакаат да ти издадат таква потврда каде можеш да се пожалиш?
--- надополнето: 23 декември 2012 во 13:03 ---
Утре одма им идам да вадам и ја тоа папирот...

Инаку, мислам дека треба да е достапно за целата јавност, или барем за регистрирани претпријатија, да се закачат на сајтот на АВРМ и да видат дали некој бил вработен негде, кога, колку време, на која позиција бил вработен итн. итн. И би било со на пример матичен број на кандидатот, за да се избегне нели злоупотреба на системот. Фирмата го бира најуспешниот кандидат, му бара ЕМБГ и го проверува. Ако не исполнува услови иде на нареден кандидат... Од друга страна, секој вработен би имал можност електронски да провери дали е пријавен, на која позиција итн. Нешто слично како со матичните лекари...
Вака, само малтретирање за кандидатите и за агенцијата околу издавање на такви потврди.

Колку има што ептен касно ќе дознаат дека биле пријавени со скратено работно време или го префрлиле во “сестринската фирма“ на друга позиција. :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom