Договор за заем

  • Креатор на темата Креатор на темата peter
  • Време на започнување Време на започнување

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Сестра ми ми бара позамашна сума на пари на заем. Дали може да потпишеме договор за заем кој ќе биде заверен на нотар како гаранција дека ке ми ги врати парите, а врз основа на кој ке може да дадам тужба доколку одбие да ми ги врати?
Дали има некој посебен терк за договорот или само сумата дадена на заем и висината на ратата за отплата се доволни? Дали парите може да и се дадат кеш или да и ги пуштам на сметка за да имам докаж дека сум и ги дал? Фала однапред
 
Moze da potpisete dogovor kaj notar, so sto na notarot ke mu kazesvo dogovorot da ima i klauzula na izvrsnost i sestra ti da ti potpise menica, pa taka ako sestra ti ne ti gi vraka parite da mozes odma da ja dades na izvrsitel, a ne da se akash po sudovi i vtoro pozajmicata moze da ja dades i vo gotovo ama da imas dvajca svedoci deka si ja dal.
Se nadevam ti pomognav
 
Ако на сестра ти не и веруваш дека ќе ти ги врати ниеден нотар нема да ти го гарантира тоа, можеби само лажна сигурност на лист хартија празна утеха за недовербата семејна.
 
изгледа не си ја слушнал народната: брат брат ама сирењето за пари...
 
Направете договор на нотар само како документ но гледај никад во живот не дојде до извршување на тој договор зошто ако ти дадеш пари , таа не врати а ти покренеш извршување (одземање на движнини и недвижнини) за внуци правнуци вашите гранки од фамилијата ќе бидат скарани... никакви материјални средства не можат да се споредат со одродувањето од своите...
 
Колку пари се во прашање?
Цела твоја животна заштеда?
Три четири месечни твои лични приходи или?
 
Ако на сестра ти не и веруваш дека ќе ти ги врати ниеден нотар нема да ти го гарантира тоа, можеби само лажна сигурност на лист хартија празна утеха за недовербата семејна.

Што е сигурно, сигурно е. На никого не верувам кога се во прашање пари кои јас сум ги заработил а некој ми ги бара на лепе очи. Не навлегувам во детали, ама сакам да бидам покриен од сите страни, бидејќи сум бил сведок на родиниски должничко доверителски односи.

изгледа не си ја слушнал народната: брат брат ама сирењето за пари...
Да си ми жив и здрав за ова..

Колку пари се во прашање?
Цела твоја животна заштеда?
Три четири месечни твои лични приходи или?

петтоцифрена сума во евра..
 
Сестра ми ми бара позамашна сума на пари на заем. Дали може да потпишеме договор за заем кој ќе биде заверен на нотар како гаранција дека ке ми ги врати парите, а врз основа на кој ке може да дадам тужба доколку одбие да ми ги врати?
Дали има некој посебен терк за договорот или само сумата дадена на заем и висината на ратата за отплата се доволни? Дали парите може да и се дадат кеш или да и ги пуштам на сметка за да имам докаж дека сум и ги дал? Фала однапред
Некако ми е чудно ова, како е можно со онаа со која си делел и добро и лошо, со која на иста маса сте јаделе леб, од иста мајка сте родени да не и веруваш,ако ти не и помогнеш на сестра ти кој очекуваш да и помогне, немој да ти биде чудно утре кога ќе несака да знае ништо за тебе ни дали си жив ни дали си мртов.
Ако не и веруваш на сопствената сестра значи светов дефинитивно отиде у курац, стварно е крај.
 
Поставив прашање во форумот за Право бидејќи не осеќав за потреба да ги дискутирам моите фамилијарни односи. Да сакав за го дискутурам односот со сестра ми, ќе пишев во Дом и Семејство. Ако имаш да понудиш конкретен совет во врска со моето прашање, бујурм. Ако немаш. тогаш сите други коментари се излишни!
 
Ok, сваќам.
Вака, ќе ја повикаш сестра ти и двајца неврзани сведоци, значи не многу блиски личности ни со тебе ни со сестра ти, сведоците најдобро да бидат оние асистентките и асистентите што работат кај нотарот или нотарката, на лице место го правите договорот и уште таму и ја позајмуваш сумата на пари, и исто така сведоците пишуваат свои изјави и ги потпишуваат на лице место додека сте кај нотарот, не заборавај дека нотарот треба да ги испечатира сите тие договори и изјави за да бидат валидни.
Појасни му на нотарот дека договорот треба да содржи клаузула која гласи дека во рок од 365 дена, 12 месеца т.е во рок од една година треба да ти ги врати парите.
За враќање на парите треба да изработиш жиро сметка за физичко лице а таа ќе послужи за уплаќање на парите и како доказ дека истите се вратени на позајмувачот во овој случај ти.
Тоа е тоа што треба да се направи, со среќа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom