Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.158
- Возраст
- 40
МОМИНСКИ ДОГОВОР
(Само за оние кои имаат дечко)
(Само за оние кои имаат дечко)
Јас долу потпишана прифаќам:
1.Во ситуација кога мртов пијан ќе сакаш да имаме секс, љубезно ќе одглумам оргазам и тоа на многу уверлив начин,извикувајќи "каков добар секс" и сл. и завивајќи како мачка во месец февруари.
2.Ако твојата мајка ми покаже некои слики од твоето детство, како оние од свадбата на тетка ти каде си со залижана коса како да те лижела крава,нема тоа никако да го коментирам и нема да те гледам како да е ужасна сликата.
3.Во потполност се сложувам дека примарна улога на жената е да биде крива.Значи,кога твојот тим го губи натпреварот(според некоја комплексна научна формула за женскиот мозок) јас да бидам крива дури и кога не сум присутна.
4.Во разговор со моите другарки,со стравопочит ќе има кажам дека си вистински тигар во кревет со абнормална димензија на "алатот".
5.Ќе им го спомнам истото тоа и на твоите пријатели и колеги.
6.После секс(нормално дека нема да го користам изразот "водење љубов") не очекувам ниту барам да ме мазиш и милуваш со саати,а нема да дозволам ни мојата коса да те скокотка на лице.
7.Апсолутно никогаш нема да го повредам твојот полов орган.
8.Во кревет ќе бидам апсолутно прилагодлива да ја испробам секоја поза која ќе ти падне на памет,посебно оние каде јас правам се' ,а ти уживаш.
9.Немилосрдно ќе ги испрашам сите другарки и ќе те известам која од нив покажува и најмала бисексуална заинтересираност...и кога ќе дојде на гости ќе и ги сокријам клучевите од кола,да мора да преспие кај нас.
10.Кога ќе раскинеме нема да спијам со ниту еден твој другар,колега,познаник.Односно,ако некој друг маж ми се додворува свечено ќе му изјавам дека после тебе сите други мажи се незанимливи.
11.Потполно го прифаќам фактот дека механичките објекти како кола,компјутерски игри и далечински управувачи се далеку над скромната ментална моќ на жената.Би испаднала смешна во обид да ги користам, па тоа ти го препуштам тебе и можеш да го правиш 24 часа на ден.Секако,со исклучок на пеглата и машината за перење.
Дата:_______________
Потпис:______________
Извор