Догматика и Етика

  • Креатор на темата Креатор на темата TheJester
  • Време на започнување Време на започнување
...за мене етиката претставува начин на однесување кон другите (не само луѓе туку и животни, растенија, природни творби и слично) на истиот оној начин на кој се однесуваме кон СЕБЕ....секој човек кој другите ги третира на начинот на кој се третира себеси баз разлика на тоа како тој третман се доживува однадвор за мене е етичен....

....на пример....шеф на фирма кој никогаш не доцни на работното место, посветен е на работните обврски, останува прекувремено за да ги доврши започнатите работи....и истото го бара од своите потчинети....е етичен човек....бидејќи од другите не бара ништо повеќе од она што го бара од себе

....научник кој создава нова вакцина или лек или козметичко средство и прв ја тестира врз себе (денес ваквите луѓе се многу ретки) пред да ја тестира на група доброволци е етичен човек

....наставник кој кон учениците се однесува како кон сопствените деца....е етичен човек

....кај свештеник кој проповеда одреден начин на живот а самиот не се придржува на својата проповед имаме догматика

...докматика имаме и во политиката каде што законодавците со пратенички имунитет се штитат од законите кои им ги наметнуваат на останатите.....

етиката не е само убаво однесување....етиката е многу повеќе од тоа....

кога на светот би имале повеќе луѓе кои живеат во согласност со своите ставови светот би бил поубаво место за живеење

етиката не е само филозовска измислица....во секоја религија има доста етика....но е задушена од догмите

Не го прави она што не сакаш да ти го прават тебе
Прави го она што сакаш другите да ти го прават
Сакај за да бидеш сакан
Не суди за да не ти судат
Оној кој со меч убива од меч ќе загине
Сакај го непријателот свој како што го сакаш својот ближен

Пророкот Мухамед седеше со своите другари, а во меѓувреме се појави толпа луѓе, кои ги носеа посмртните останки на еден мртовец. Мртовецот беше Евреин, но во моментот кога толпата се придвижи, во знак на почит на починатиот Мухамед стана на нозе, со исправен став. И тогаш еден од неговите другари го запраша: 'Зошто стана на нозе Господов пророку, кога трупот на мртовецот е на еден Евреин?'.
Тогаш Мухамед му одговори со прашање: 'Ако беше Евреин, не беше ли човек?'

....колкумина од нас оддаваат почит на мртовец кој не го познаваат, колку свештеници кои пропагираат љубов и милост се грижат за бездомниците, гладните и болните од друга религија...

....етиката претставува спроведување на најголемите човекови вредности (љубов, почит, милост, хуманост) во пракса

....догмата им ја оставам на догматичарите
 
Back
На врв Bottom