До кога со старите методи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
На сите оние од списокот мислам дека нема влакно да им фали и дека по изборите пак ќе си се вратат на старите позиции ако не и подобри како професионални “крлежи“.:toe:
 
Списокот дава јасна слика кој на кои позиции се наоѓа, ако земеме дека сите и припаѓаат на една иста опција, од СКМ преименувана во СДСМ, каде со генерации нивните фамилии владееле 50 години и имале свои луѓе на најважните позиции во државата.

Министри,Судии,Тајни Служби,Медиуми.

Може би требало да се додадат и многу други “бизнисмени“ на списоков, не е битно, сликата е јасна.
После знаејќи кој на какви позиции е и денеска..уште појасно ни е зашто се плашат од лустрација.( и од двете страни впрочем)
 
Најдолгите јазици најголеми кукавици


Прв на листата тужибаби во СДСМ е потпретседателот на партијата Јани Макрадули. Макрадули е и носител на листата кукавици во најголемата опозициона партија. По него свое место на листата има екс-претседателот на партијата Владо Бучковски.

8D95D21E1C4E514B9DE5D35E44BA7E61.jpg
Добро е кога некој знае да биде силен во обвинувањата, но добро е и кога тој ќе истрае до крај и ќе стои зад она што го кажал. Дека се ажурни и силни во обвинувањата врвот на СДСМ докажа одамна. Но, кога треба да го докажат на суд она што некогаш го кажале, никаде ги нема. Тогаш нивната ангажираност ја снемува. Наместо како пратеници кои го гласале Кривичниот законик каде влегува и кривичното дело "клевета" да бидат пример за граѓаните дека законите треба да се почитуваат и дека се должни да бидат на суд кога ќе бидат повикани, врвот на СДСМ со своето отсуство на закажаните рочиша упорно ги одолговлекува судските постапки во кои тие се тужената страна.
Прв на листата тужибаби во СДСМ е потпретседателот на партијата Јани Макрадули. Макрадули е и носител на листата кукавици во најголемата опозициона партија. По него свое место на листата има екс-претседателот на партијата Владо Бучковски. На списокот се наоѓаат и други пратеници од СДСМ, како Весна Бендевска и останатите.
Сите овие "долги јазици од СДСМ откако ќе ги кажат обвинувањата, секако добиваат тужби за клевети, но кога ќе дојде време за судско рочиште тие воопшто и не се појавуваат.


CC46206DCA2A9A4696236D3BFED1B94C.jpg
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески преку адвокатот Александар Михајлоски му поднесе тужба на Макрадули. Го тужи за клевета изречена во врска со обвинувањата за продажабата на плац на улица "Железничка" зад трговскиот центар Рамстор за изградба на хотел. Тужбата е поднесена во втората половина на минатата година. На четири закажани рочишта, пратеникот Макрадули не се појавува. Наводно не бил достапен за да ја прими поканата, иако неговата работа е јавна, а неговото работно место е во републичкото Собрание. Откако медиумите прозбореа за неговиот кукавичлак тој конечно се соочи со министерот за транспорт и врски во судница.
DC11378E50DE90449CDE92280922B4AE.jpg
Тужба за клевета против Макрадули преку адвокатот Антонио Апостолски поднесоа и директорот на УБК, Сашо Мијалков и првот човек на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски. Макрадули не се појавува ниту на рочиштата за овој предмет.
И бизнисменот Орце Камчев, преку адвокатот Апостолски има поднесено тужба за клевета против Макрадули. Камчев беше принуден преку прес-конференција да го повика Макрадули да дојде на суд и да ги докаже изнесените клевети. По јавниот повик Макрадули го испочитува судот.
И Владимир Здравев, првиот човек на МЕПСО има поднесено кривична пријава за клевета против Макрадули. Тој преку адвокатот Тумановиќ го тужи потпретседателот на СДСМ за обвинувањата дека ја злоупотребил својата положба како претседател на советот на Општина Центар. Но и за овие рочишта Макрадули не е достапен.


F1128D62F856F54D9CF3CB2A6C8474C4.jpg
И Бучковски ги следи постапките на неговиот потпретседател. Откако во емисијата на Јанко - Јади Бурек ја наклевети пратеничката Силвана Бонева дека има бугарски пасош, Бучковски доби тужба за клевета поднесена преку истиот адвокат - Александар Михајлоски. И Бучковски на 4 - 5 рочишта не најде време да дојде. И тој како носител на јавна функција не е достапен за судот. И повторно истата приказна - медиумите пишуваат дека Бучковски бега од судско рочиште, за тој конечно да реши да влезе во судница.


По кривичните пријави за клевета, Јани Макрадули има најдолг јазик во македонската политика. Но за разлика од новинарите и останатите кои имаат тужби за клевети на Макрадули му недостасува храброст да се соочи на суд. Најголемата кукавица не се појавува на суд и само за наведените предмети има одбегнато најмалку 10 судски рочишта.


(Р.В.)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom