До 100 km/h само на батерии – Porsche Cayenne Hybrid

  • Креатор на темата Креатор на темата Tutkar
  • Време на започнување Време на започнување

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Локација
Скопје
Овој концептен (не за долго!) автомобил, беше претставен на салонот во Лос Анџелес. Ќе биде првиот хибрид на марката, а со продажба да почне некаде на крајот на оваа декада.

cayenne-hybrid-450-01.jpg


Автомобилот ќе користи бензински мотор, кој ќе ја придвижува предната оска, додека за задната ќе биде задолжен електричен. Батериите ќе бидеат Ni-Mh, а за нив место ќе се најде во багажникот.

cayenne-hybrid-450-02.jpg


Сепак најинтересно кај овој автомобил е тоа што ќе може да вози само на батерии до 100 km/h! Другото е исто како кај “обичниот” Cayenne.

cayenne-hybrid-450-03.jpg


Потрошувачката не треба да биде повисока од 10 литри на 100 km, што за ваков модел е импресивно. Перформансите ќе бидат на ниво на моделот Cayenne S, а цената екстра висока. Но купувачи несомнено ќе се најдат.

Изворhttp://www.koli.com.mk/
 
Ова само да плакнам очи дека реално гледано нема шанси да го имам за жал.
 
Ова е само демонстрација на моќта на Порше, а и нормално прилагодување на стандардите за емисија на издувните гасови. Се знае дека со електомотор е поеколошко. Баш ме интересира цената на чудово, иако не се сомневам дека е “мрсничко“ :)
 
Ова е само демонстрација на моќта на Порше, а и нормално прилагодување на стандардите за емисија на издувните гасови. Се знае дека со електомотор е поеколошко. Баш ме интересира цената на чудово, иако не се сомневам дека е “мрсничко“ :)

Mnooooogu mrsnicko :nesvest:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom