Дно дна

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Дно дна
Пазете ова. На еден познат скопски кафич му затребал персонал па објавил сосема стандарден оглас. Е сега, некој сакал да го "појача" огласот па на портал склопил таков текст што ти доаѓа да си направиш кавал, да заминеш в гора и никогаш да не се вратиш во пореметената скопска котлина. Вака оди возбудливиот текст: "Таму каде се вртат главните скопски фаци, каде бизнисмените договараат зделки, политичарите стратегии, а скопските шмизли шеми, ти можеш..." Погодете што! Погодете што!!!
off.net.mk-20354.jpg

Јас кога ви викам дека полудевме вие не ми верувате, скроз одлепивме.
 
Може да го замислите огласот за хигиеничари во локалов: „Таму каде се вртат главните скопски фаци, каде бизнисмените договараат зделки, политичарите стратегии, а скопските шмизли шеми, ти можеш да бидеш оној кој им ги чисти гомната.“
 
Тамо зората греит душата
и с'нце светло зајдвит в гората.
Тамо дарбите природна сила
со с'та раскош ги растурила:
Бистро езеро, гледаш, белеит
или од ветар синотемнеит:
поле погледниш, или планина
-сегде Божева је хубавина.
Тамо по с'рце в кавал да свирам,
с'нце да зајдвит, ја да си пукам в`кољено.

Ај толку им требаше.
 
Јас дури и со рима би го изработил за да изгледа попримамливо:

Таму каде сонцето рано изгрева
дечко земи избриши ја масава,
кај што паровите прават романтика
повелете 2 џони и една антика,
кај нас момите се за љубење
биди брз, времето не е за губење,
понекогаш диџеј, понекогаш музика во живо
али ти секогаш ќе носиш по 2 гајби пиво,
ќе ни идат гости од град и од село
некој пијани а некој и на бело,
од сите воздрасти, млади, стари, секакви фаци
ќе кажуваш (добар ден, повелете) на сите копиљаци.
 
Јас дури и со рима би го изработил за да изгледа попримамливо:

Таму каде сонцето рано изгрева
дечко земи избриши ја масава,
кај што паровите прават романтика
повелете 2 џони и една антика,
кај нас момите се за љубење
биди брз, времето не е за губење,
понекогаш диџеј, понекогаш музика во живо
али ти секогаш ќе носиш по 2 гајби пиво,
ќе ни идат гости од град и од село
некој пијани а некој и на бело,
од сите воздрасти, млади, стари, секакви фаци
ќе кажуваш (добар ден, повелете) на сите копиљаци.
На @Ма-Ста-Пe му се допаѓа ова. :icon_lol:
 
Овие дефинитивно го допреле дно дна, каков очај човече. Подобро интро за работа немам видено, очаааај.:pos::tapp:
 
лол....
Отишо је сва ко ваља, неки вани, неки на небо. Отсала је само............
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom