Дневник

Немам пишувано никогаш.Не сум почувстувала инспирација,потреба или желба за такво нешто,а познавајќи се најверојатно она што сум го напишала еден ден следниот веќе ќе ми се види како тешка глупост,па ќе го искинам.Не мислам дека пишувањето дневник е глупо,ама не е за мене.
 
никогаш не сум водела дневник,глупава работа ми е...и плус мрза сум...мака ми е да пишувам и не ме бидува за тоа:toe:
 
водев порано во основно. и тоа јас не сакав наставничката не тераше тогаш учевме нешто за ана франк и ај сите дневници да водите. од тогаш ми стана малку интересно продолжив да водам дневник уште некоја недела и ми здосади ај уП.М. го отерав
 
Кога бев 5то одделение водев дневник..И сега кога ќе прочитам што сум пишувал се смеам како луд..
 
јас сеуште водам и пишувам главни работи дури часот минутата понекогаш :):):)
а имам почнато од 4 одд...
 
Еве на старост почнав да си водам дневник. Веќе 4 месечнина ќе му славам уште малце.
По претходните страни се изначитав тресење глупости во врска со дневниците, и триста предрасуди за оние шо водат дневник. Значи ако води некој дневник одма му лепиме етикета, ти си геј, или ти си ненормален немаш попаметна работа итн.
Интересен народ сме, се знајме шо е правилно а шо не е, се разбираме а во суштина веза немаме
 
порано споменарите и дневниците беа у мода како роденденски подарок . Се живо и диво за роденден мораше барем еднаш да добие или да подари дневник-споменар .
И ја добив неколку и во сите тие споменари се имам пробано да почнам животот на хартија да си го ставам ...ама проблемот со мене е тоа што ни на лист хартија помочана некогаш не можам да и ги опишам чуствата и погледите ... или премногу тупам , или пак се што сум напишала е неповрзана мисла :)
Во секој случај мислам дека е корисно да се води дневник ...пошто на некој начин си го празниш умот од некои работи а и некогаш некои сеќавања избледуваат а со дневникот можеш кога сакаш да ги пребојадисаш :smir:
 
Јас водев чуден денвник во кој цртав стипчиња преку кои сликовито опишував некои интересни ситуации и настани во текот на неделата или денот. На тој начин сакав да го доловам моментот и ете и ден денес кога ќе го отворам ми помага да се сетам на некој ден или на некоја случка до најситен детал.
За жал сега ми служи само за навраќање во минатото а не за овековечување на моменти.
Интересни случки сеуште има но немам повеќе воља за цртање.
 
Ни јас немам пишувано, нема ни да пишувам.Ме мрзи и тапа ми е некако не знам.Поздрав до сите поддржители на мојот став.:toe:
 
во мојот живот постои едно т.с две тефтери кои ги нарекувам дневник...Дневник водам од 4то одд.се сејкавам дека бевме на екскурзија и ништо не си купив..Кога стигнав дома и појдов во продавница и си купив дневник...пишував,чрктав и сл..Ми остана како навика да пишувам и незнам убаво ми е како да можам да пишувам што јас би посакала без цензура...првиот го завршив а сега вториот е при крај значи треба да купам нов...:pipi:
 
Да, имам водено дневници неколку пати во животов, ама ниеднаш успешно!
Ептен сум неодговорна личност и никогаш немам навика секоја вечер да седнам и да пишувам што ми се случило тој ден.
Последниот дневник го почнав на 1ви септември, со почетокот на школската година, демек средношколка станувам, редно е секој момент да го имам запишано. Ма какви! Првите 10дена траеше тоа и после...забегав! :)
Инаку и сега кога ќе седнам да го читам истиот дневник си се чудам на паметот и си викам „Зарем ваква бев пред 6 месеци?“ Недозреана, разгалена, глупава тинејџерка! Интересно колку многу можеш да се промениш во период од 6 месеци.
Сега мислам дека дневникот е само губење на време и безпотребно болење на раката. Сите зборови се напишани под ОГРОМЕН излив на емоции и сите донесени одлуки се грешни!
И зашто да се потсетувам на глупави секојдневни работи?? Ако навистина сум требала да се сеќавам на тие работи, мојата меморија би ги запамтила. Ама, не биле толку вредни и не ги запамтила, туку стојат како нафрлани зборови без врска...
 
Оставање докази непотребно = дневник :tapp:
 
Емоциите секогаш треба да се споделат со некого па макар било тоа и парче хартија. А и најдобро е кога го избираме токму овој начин зошто хартијата трпи се, нема ни да ни пререче ниту пак да коментира туку само слуша..Дневник водев како помала во основно и сеуште ги чувам тие неколку споменарчиња ;).. И ден денес некогаш имам потреба на тој начин да си олеснам и навистина у спевам во тоа.. Чудно, но навистина помага.. А и логично е , кога нешто го чуваш во себе ќе те притиска, затоа треба да се ослободиме од него а ова според мене е најдобриот начин а и хартијата е најдобриот чувар на тајните..:smir:
 
Да, водев дневник кога бев трето одделение, а сега пишувам во „Драга Кајгана“
 
Си имам дневник кој си го пишам години уназад...едно време неможев да се сетам кај сум го скрила:)али ко си го пронајдов душата ми дојде..Имам запишано некои работи кои никој не ги знае!И тепам некој ако го пипни...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom