Dj Murphy во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
На задоволство на љубителите на техно звукот, во Македонија конечно доаѓа DJ Murphy од Сао Пауло, центарот на јужноамериканската андерграунд денс сцена. Тој ги поседува најдобрите технички вештини во техното во Бразил кои ги презентира на 3 или 4 грамофони и е еден од најбараните бразилски техно ДЈи. Ако не сте виделе техно ДЈ кој при миксанјето изведува трикови и запрепастувачки скречува, тогаш не сте го виделе DJ Murphy. Стилски е во групата на ДЈи како што се Dave Clarke, Cristian Varela и Space DJz.

На фестивалот на електронска музика во Канада 2001 година, на кој бил единствен учесник од Јужна Америка, пуштал плус 3 часа по завршувањето на неговиот сет бидејќи луѓето едноставно биле воодушевени од неговиот сет.

Како продуцент најчесто соработува со Christian Fischer, има и неколку самостојни изданија, а на компилацијата на бразилскиот AMP MTV се најде и неговата трака “Afinidade”.

Вредно е да се напомене дека на крајот на 2004 година беше прогласен за најдобар ДЈ во Јужна Америка, а поради неговите вештини прави и специјални хип-хоп сетови на модните недели во Сао Паоло.

За него Chris Liebing има изјавено од дека е најдобриот ДЈ од поновата генерација ДЈи од кој има многу да се научи, а Ben Long од Space DJz го има изјавено следново: “Кога го гледав вчера Murphy како пушта си помислив дека треба да се повлечам од сцената, да се вратам во училиште, повторно да си играм со миксерот во мојата соба... Не знам како се пушта музика. Murphy е иднината на техното. Не знам како светот до сега немал откриено вакво момче.”

Ова беа некои делови од официјалната биографија на Murphy и некои од извори блиски на колумнистот. Лани имав прилика да го гледам во Приштина, имате и едно ексклузивно клипче од таму колку да видите колку е типов луд, јас не можев да си ја соберам вилицата откако го гледав.

Ако доволно се настрвите од клипчето повелете на олимпискиот базен во Битола на 17.08 или во Струмица на 18.08. Верувајте, вреди за сите пари.

Goldie Oldie

p.s.

Заборавив да напоменам дека журката во Битола е во рамките на фестивалот “С.О.С.” кој ќе трае до крајот на август. На истиот се одржуваат повеќе концерти и журки со локални DJи, неколку гостувања на DJи од Скопје и странство. Еве ја и агендата за оваа недела:

15.AVGUST PONEDELNIK
21:30 SATOR: DJ YO!RDAN
21:30 IGUCHI: DJ KUNICH (FRESH UNION)

16.AVGUST VTORNIK
21:30 SIMBOL: DJ FANI (100% R&B)SK
23:00 CLUB POSITIVE:
DJ VASO (FIREHOUSE CREW/BANG BOX)SK

17.AVGUST SREDA
(po povod otvoranje na Bitola Otvoren Grad)
OLIMPISKI BAZEN: 23:00 > 05:00
DJ MURPHY (BRAZIL)
DJ VASO (FIREHOUSE CREW/BANG BOX)
DJ ALEX NOVA, (FRESH UNION)
DJ SASO RECYD, (XAVIER ACID/FRESH UNION)
DJ C-PURE.(FRESH UNION)

18.19.20.21.AVGUST
BITOLA OTVOREN GRAD

VIDEO: http://www.alibi.com.mk/FILES/PUBLIC/CONTENT/82024026355234715080516401_FILES/DJ_Murphy@Club_Spray_Prishtina(28112004).MPG



 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom