Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Нема збор за никаква слобода или рамноправност во Христијанството, во православието е недопустливо на пример жена да стане поглавар на црква, или владика, недопустливо е дури и за атеисти да бидат на раководни места во црквата а да не зборувам за некој муслиман или будист или паган кој сака да има макар и мала улога и звање во таа црква.
Црквата е подигната на крајно дикриминаторски основи
 
Рамноправни а може да има власт над мажи? Каква е таа рамноправност кога и маж или жена може да има некаква си (најверојатно измислена) власт? Во кој свет каде некој е над тебе е рамноправен?
Епа како што мажот може да има власт на жена, така и жената може да има власт над мажот. Тоа е рамноправност, ако само мажот може да има власт над жената а жената не смее да има власт мад мажот, како што ви порачува Павле, тогаш тоа не е рамноправност. Денеска живееме во свет каде реалност е телемитскиот модел. Денеска секаде може да најдеш жени што подучуваат, што се шефови и директори, менаџери, министри, претседатели, професори. Исто како и мажите. Денеска светот што го порачувал Павле е оној што е имагинарен, бидејќи според него, денеска немаше да може да најдеме жени што имаат власт и што подучуваат.
 
Ако ти си мислиш дека нема тоа не значи дека не постои. За тоа кој плаши народ и кој се плаши од народот сметам дека секој е доволно возрасен да си подпрочепка. Горе-доле се знаат основните работи!
И ние велиме да се прочепка, да не се оди на слепа вера и да не се оди со идејата дека „верата спасува“ без знаење, без искуство, итн итн...
Црквата со своето учење го плаши народот. Старо-еонските учења го плашат народот.
Не може да не се плаши обичниот мирјанин кога постојано во сите толкувања стои дека е грешен, дека ако не се моли и верува дека патот е некој Исус, ќе умре, ќе гори, ќе оди во пеколи итн итн...
На обичниот човек кој што е убеден дека нема време во својот живот да истражува, ова е одлична метода да биде дел од вашето учење и верување без да размислува многу многу... подобро со стадото отколку да си глава повисоко во истото, така?

Јас знам, не дека туку така си мислам... тоа што вие имавте време да градите лаги за да од сите страни ви е заштитена лагата дека човекот е грешен и му треба надворешен бог кој што ќе го спасува од човечкото - не оди веќе, не знам како да ти објаснам.
 
........................
Мене како атеист во црквата не ми е дозволено да вршам било какви црковни работи или да бидам владика или патријарх, истата политика православната црква ја води и кон најголем број на светската популација, ни будиста ни католик ни муслиман ни јеховин сведок ни паган ни жена не им се достапни тие места во црквата.
Тоа е чиста дискриминација и нерамноправност
 
Пат под нозе и право во најблиската џамија. Сè она што не ти е дозволено во Црквата, ќе ти биде достапно и овозможено таму, така што нема да се чувствуваш дискриминирано и нерамноправно.
 
Пат под нозе и право во најблиската џамија. Сè она што не ти е дозволено во Црквата, ќе ти биде достапно и овозможено таму, така што нема да се чувствуваш дискриминирано и нерамноправно.
зборуваме за рамноправноста и слободите во православната црква
 
Исто е и џамијата и учењата на исламот. Има разлика?

Старо-еонско е и против човештвото.

[DOUBLEPOST=1470147007][/DOUBLEPOST]
што не ти чини енциклопедијата бе, оти се спомнува (стр. 39-41, демон; Choronzon (Coronzon) ) твојот лидер (Алистер Круз) во врска со двоцевни ритуали и демони?
Ниту ти си ја читал енциклопедијата ниту пак знаеш нешто за Телема и Магика... неточно и површно запишано и за Кроули и за Хоронзон. Енциклопедија бре ми сполелил тој на форум... браво.

Ете @Ipsissimus тука дал објаснување наназад низ времето за тој толку интересен Хоронзон. Исто може да погледнеш во Визија и Глас повеќе за тоа... можеби ќе ти биде појасно во однос на стариот еон и нивниот концепт од потребата на ѓавол за да те доближи до богот преку страв.

Нема врска со старо-еонскиот концепт на ѓаволи и демони со она што е Хоронзон, да ти помогнам на почеток. :)

Ќе прочиташ нели за да ти биде појасно?

П.С. Исто и јас сум пишувал за тоа тука. Треба да истражуваш. Но добро е што ме потсети да пребарам што се имам напишано за да создадам еден збиен есеј за одредена тема, па кога ќе доаѓаат вакви ко тебе, веднаш да се сподели, па ако му е волја на човекот - да се запознае подобро. ;)
 
Последно уредено:
Епа како што мажот може да има власт на жена, така и жената може да има власт над мажот. Тоа е рамноправност, ..
Тоа не е рамноправност, тоа е власт! Кај има власт има владател и потчинет. Ти у која група спаѓаш! Во православието нема потчинети и владетели, сите се рамноправни. Тоа е рамноправност. Вие си замислувате дека ќе дојде ден кога ќе владеете со овој свет, ама гадно сте се зае...онаделе! Зато ти велам море, кој че си клај ум в главата убоо че си помине. Кој не си клај ум в глаата, че си...[DOUBLEPOST=1470151835][/DOUBLEPOST]
И ние велиме да се прочепка, да не се оди на слепа вера и да не се оди со идејата дека „верата спасува“ без знаење, без искуство, итн итн.....
Верата спасува секого кој ќе спознае дека освен Господ Бог, друг бог немет на свето и веко... Требе малу да се прочепка за то да се сознае. Верата не е слепа, туку секој си барал па си нашол, по кажаното кој што бара то че најде море дал ме свајчаш?[DOUBLEPOST=1470151950][/DOUBLEPOST]
... Но добро е што ме потсети да пребарам што се имам напишано за да создадам еден збиен есеј за одредена тема...
Поштеди не од твоите есеи, гледам дека нема баш многу голема заинтересиранос, подобро клај си ги в блого
 
Тоа не е рамноправност, тоа е власт! Кај има власт има владател и потчинет. Ти у која група спаѓаш! Во православието нема потчинети и владетели, сите се рамноправни. Тоа е рамноправност. Вие си замислувате дека ќе дојде ден кога ќе владеете со овој свет, ама гадно сте се зае...онаделе! Зато ти велам море, кој че си клај ум в главата убоо че си помине. Кој не си клај ум в глаата, че си...
Велат ако баба лаже, рог нелаже. Видовме дека вашето православие директно и недвосмислено ја подредува жената како пол кој нема право да подучува и да има власт над мажот! Тоа денеска се вика дискриминација! Денеска немаме потчинети, бидејќи денеска живееме во нов еон, каде владее рамноправност! Денеска има подеднакво жени што подучуваат и што имаат власт како што има и мажи! Бидејќи новиот еон е еон на слободата, животот, љубовта и светлината! Наспроти мрачниот период на суеверие, прогонства, и декаденција кога вашите религии владееја со човештвото. Но тоа време заврши, сакале вие или не.
 
На блогот и мислев да објавам есеј, не тука. ;)
Полесно во иднина за споделување... никој јас не поштедувам. Ти го имаш изборот да не читаш, но тогаш пак нема да можеш добро да реплицираш (што не ти е проблем кога ќе видиме што се пишуваш, тотално незапознаен со она што го критикуваш).
Секако лагата не ти е проблем кога цел имаш да го оправдаш православието и учењето дека постои гревот чиј лек е само православната црква, бидејќи другите се секти!
Добар метод на „светите отци“ нели? :cautious:

Но небитно е дали има или нема други богови или дали воопшто има богови во „светот“. Зарем не се води дискусии дека светите книги се пишувани од луѓе без никакви богови? Се води... треба да веруваме дека се од богови дадени, од луѓе или да истражуваме?

Учењето не ти е компатибилно со човештвото. Идејата за грев, за смрт, за казни итн итн, за нерамноправност, за верување дека ќе дојде спасител што ќе те спаси од тебе самиот не вреди.
Се е игра, човештвото бара и наоѓа искуство!

Залажување е тоа да не работиш врз себе си!
Не може да се спознае со просто верување во догма... вака се лажеш себе си?
Немој... немаш потреба. Верувај :)
 
Велат ако баба лаже, рог нелаже. Видовме дека вашето православие директно и недвосмислено ја подредува жената како пол кој нема право да подучува и да има власт над мажот! Тоа денеска се вика дискриминација! Денеска немаме потчинети, бидејќи денеска живееме во нов еон, каде владее рамноправност! Денеска има подеднакво жени што подучуваат и што имаат власт како што има и мажи! Бидејќи новиот еон е еон на слободата, животот, љубовта и светлината! Наспроти мрачниот период на суеверие, прогонства, и декаденција кога вашите религии владееја со човештвото. Но тоа време заврши, сакале вие или не.

Aко мислиш дека толку е лесно да се согледа Православието и да се донесе заклучок, тогаш објасни го стихот 1. Коринтјаните 11:14 и косата на Преподобен Онуфриј Велики.[DOUBLEPOST=1470153033][/DOUBLEPOST]
Исто е и џамијата и учењата на исламот. Има разлика?

Старо-еонско е и против човештвото.

А каква треба да биде Црквата за да биде ЗА Човештвото, според тебе? Дали треба да биде снисходлива и да исполнува секакви желби на секој .....Изменето од модератор.....
 
Aко мислиш дека толку е лесно да се согледа Православието и да се донесе заклучок, тогаш објасни го стихот 1. Колосјаните 11:14 и косата на Преподобен Онуфриј Велики.
Негледам никаква врска со пораката на Павле, ниту негирање дека жената несмее да има исти права како мажот.
 
Негледам никаква врска со пораката на Павле, ниту негирање дека жената несмее да има исти права како мажот.

Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса? ( 1. Колосјаните 11:14)

Прeп. Oнуфриј Вeлики. Пoлни 60 гoдини прoживeал oвoј свeт пoдвижник вo
пустина кoга гo пoсeтил мoнахoт Пафнутиј. Кoсата и брадата му дoстигнувалe дo зeмја, а тeлoтo му билo oбраснатo сo дoлгo влакнo пoради дoлгoврeмeната гoлoтија...

Сега ја гледаш ли врската? И како ќе ја објасниш штом се пофали дека си го согледал и сфатил Православието јасно и недвосмислено?
 
Кај може да се види слика од Пафнутиј
 
Читајќи како пишуваш за луѓето кои не ти одат во матрицата, сигурно лошо си ја врши улогата црквата и учењето или да не судам според тебе каква е православната црква?

Не знам каква да биде таа твоја црква ниту пак било кое старо-еонско учење, а и ако биде таква, компатибилна со човештвото, нема да биде христијанство и ќе мора да го напушти старо-еонското учење за гревови, за бедност на човекот... бидејќи тоа е минато и не може назад за човештвото... колку и да се сили и да измислува паради, и клевети и лаги за други учења...

Толку е... до таму, понатаму не оди.

Реков кај е разликата од новиот и стариот еон... не мислам постојано едно та исто да зборуваме луѓе...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom