Не се работи за совест, не се работи ни за фрустрација, да беше вашата религија фокусирана само на оние што се пронаоѓаат во нејзините норми, начела, вредности и слично, тогаш да, ќе имаше валидност твоето тврдење дека се работи за фрустрација. Но! Ако критиката на оние надвор од црквата не треба да биде насочена кон црквата, нели треба да постои реципроцитет, па истото да важи и во обратна насока? Зошто црквата се дрзнува да ги етикетира оние надвор од неа како "богоборници", еретици, грешници, секташи, неморални и што уште не? Зошто твојата црква се дрзнува да шири клевети и лаги за области што ниту ги познава ниту ги разбира? Знаеш колку пати црковните медиумски гласила плукале по телема, масонерија, будизам, медитации, јога...?! Знаеш колку пати истите се прикажани како дело на "ѓаволот"? Тоа не е фрустрација, ама кога некој ќе ги доведе во прашања истите тие критериуми со кои етикетирате и клеветите, тогаш тоа е фрустрација?! Зошто твојата црква да ме оцрнува и посочува како "грешник"?! Зошто моралот различен од вашиот да го етикетира како нешто гнасно, невредно, погрешно?