Dirofilaria immitis - дирофиларија, срцев црв

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Уште една штеточина за нашите миленици за која долго време се сметаше дека перзистира само на Американскиот континент, меѓутоа биле забележани случаи во соседните земји, за кај нас сеуште немам податоци а ниту пак имам слушнато за некој случај.

Имено, се работи за паразит од класата на нематоди,односно црви, чиј развоен циклус е индиректен, што значи дека негови меѓудомаќини, а воедно и преносители се КОМАРЦИТЕ.


Кога инфицираниот комарец цица крв од животното, тој во него внесува ларви од трет степен(L3) кои всушност се инфективни ларви. Во организамот на домаќинот, ларвата се преслекува уште два пати и преминува во ларва во од петти степен-адулт. Патувајќи низ крвотокот, тие стигнуваат во срцето,каде што се и локализираат и притоа и размножуваат при што создаваат нови млади микрофиларии. Ваквите микрофиларии може да бидат најдени и во периферната крв, од каде што неинфицираниот омарец цицајќи крв може да ги внесе во себе и овде од микрофилариите се развиваат ларви кои повторно стигнуваат до инфективна форма, со што кругот се затвора.

Кои се клиничките знаци?
-Ги нема, или се минимални односно не доволни за да би се посомневале дека се работи за некое паразитарно заболување. Најчесто кога бројот на паразите е мал или пак во почетните фази на развој, кучињата се асимтоматски. Како што бројот се зголемува, се забележуваат потешкотии во дишењето, нарушување на работата на срцето која може да резултира со нагла смрт.

Како да се дијгностицира?
- За да може да се постави добра дијагноза мора да првенствено да се препознаат клиничките знаци. Постојат и брзи китови при кои доволно е само капка крв за да се детектира присуството на паразитот кај пациентот(колку ги има кај нас не знам). Овој тест е нешто што е дел од рутинскиот преглед во Америка, поготово во областите каде болеста е ендемска.

Терапија
- Иако постои терапија сепак се зависи од тоа колкав е бројот на самите паразити кај пациентот и во која фаза е откриен. Доколку има голем број на адулти во срцето, терапијата не е препорачлива поради опасноста од емболија,која може да настане со откаќивање на паразитот при умирањето. Затоа во тие случаи најчесто третманот е хирушка интервенција.

Најважниот дел од целава приказна е ПРЕВЕНТИВАТА. Редовната дехелментизација, како и користењето на околувратници или spot-on средства за накапување ќе завршат работа.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Пепа од искуство ќе ти кажам дека кај нас ги нема само тие болести кои што не ги бараме :)
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
А моето студентско искуство покажува дека паразитите се последната дупка на кавалчето :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom