Директорот на ММФ притворен заради обид за силување

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Доминик Строс-Кан даде оставка на позицијата на директор на меѓународниот монетарен фонд, но и натаму негира дека извршил сексуален напад и обид за силување на собарка во њујоршкиот хотел

ММФ во своето соопштение го објави и писмото на својот досегашен извршен директор, со кое тој службено го известува Извршниот одбор за одлуката веднаш да отстапи од функцијата.

„Дами и господа во Одборот, со неизмерна тага се чувствувам присилен денеска до извршниот одбор да ја доставам својата оставка на местото на Извршен директор на ММФ“, се вели во неговото официјално писмо.

Во истото соопштение, ММФ наведува дека наскоро ќе го објави почетокот на постапката за избор на нов извршен директор , како и дека привремено на таа должност останува Џон Липски.

Можно е и да го наместија човекот. Којзнае дали би можел да направи таков испад, али се е можно, ипак е Француз. :):):)
 
го имаат наместено човекот.......
собарката била во болница...се изгребала....од кога се оди на болница за гребење .)
 
Човекот кој беше најголема закана за Саркози и најверојатно според рејтинзите, ќе го победеше Саркози на изборите догодина. Меџутим, размислете кој беше најголем подржувач на САД во бомбардирањето на Либија. Никола Саркози. Епа, Саркози си добива награда од Американците, уште еден мандат. Му го затворија најсериозниот кандидат.
Како што Обама си го продолжи мандатот со Бин Ладен, сега на Саркози му го затвараат кандидатот во хотел во САД.
 
назад му е зимата на Обама......другарчињава од Осама......ќе го вратат ударот......

1887941015.jpg
 
За да го наместат, мора да има “штоф’’ како што велат Хрватите.

Дека има некакво местење, и тоа пред се од страна на Саркози, најверојатно има.

Но дека деталите што излегуваат за однесувањето на повластениов тип, и тие изгледа дека се вистина.

Во секој случај, поднесе оставка и со него засега е крај.
 
http://tocka.com.mk/index14.php?ID=41401

Еве уште една вест дека наводно собарката која го обвинува била ХИВ позитивна!

Човекот си бил мераклија,се дружел редовно со проститутки и ескорт дами!
Интересен е фактот што и Њујоркшкиот екс градоначалник Елиот Спицер во 2008 година на сличен начин поднесе оставка,по скандалот со проститутките од истата агенција која ја посетувал и Штрос!

Местенка? Можеби,сигурно има еден куп политичари и функционери кои се редовни гости кај проститутките,но некој одлучил да излезе во јавност!

Додека Асанж не потврди,ние ќе си нагаѓаме :)
 
Строс-Кан жртва на Руски заговор!?

Тезите за можен заговор во аферата Строс-Кан се шират во Франција. Овој пат оваа теза отворено ја изложува еден угледен француски политичар, според кого, „местењето“ на Строс Кан било направено за тој да не биде претседателски кандидат во 2012 година. ( http://forum.kajgana.com/showthread...-за-силување&p=4270614&viewfull=1#post4270614 )

dominikuapsen_57143.jpg


Пратеникот од редовите на Социјалистичката партија, Клод Бартолон на телевизискиот канал БФМ-ТВ, пренесен веднаш потоа од повеќе веб изданија тврди дека досегашниот прв човек на ММФ, на 29 април му се доверил со следниве зборови: „Пази, потребно е да се биде претпазлив, можеби ни ги прислушуваат телефоните, чувствувам дека Русите и посебно Путни, се сојузници на Франција за да ме избркаат од ММФ пред да бидам во ситуација да ја најавам мојата кандидатура.“
Доминик Строс-Кан и на средбата со еден француски новинар од „Либерасион“, изразил стравување дека може нешто да му се случи. Тој тврдел дека стравува од некој „подол удар“ и дека стравува оти бил шпиониран.
Весникот, чии пишување го пренесе и МИА, раскажува дека Строс-Кан самиот зборувал за три можни замки кои можат да му бидат поставени на патот кој води кон Елисејската палата: тој очекува напади за неговата еврејска припадност, за неговото богатство и за неговата слабост кон жените.
Строс-Кан на новинарот на „Либерасион“ пред петанесетина дена му зборувал дека се шират гласини оти постојат негови фотографии за учество на големи оргии, но оти никој не ги видел, потсетувајќи на сцената кога во тоалетот каде се нашле заедно со Никола Саркози, од кој Строс-Кан побарал да не му го валкаат неговиот приватен живот.
И колку да изгледа неверојатно, самиот Строс-Кан го дава сценариото во кое се најде во Њујорк. Тој претставувајќи се како „жртва“ на евентуален заговор, пред новинарот на „Либерасион“ рекол дека „може да се замисли, што во моментов е негов најстрашен кошмар, дека една жена на која и ветиле 500 000 или милион евра да започне да раскажува дека ја силувал во паркинг“... Неверојатно но тоа е скоро истото сценарио со кое се соочува сега.

http://sitel.com.mk/dnevnik/svet/stros-kan-zrtva-na-ruski-zagovor
 
Чекај малце 60 и нешто годишњак кој не дигнал потешко од пенкало има сили да силува млада собарка??????
 
Без разлика дали ги погледнал или се сексал со нив, поентата е дека се ствара клима да се прифати англо-саксонскиот пуритански модел кој воедно е и политичко оружје.

In the wake of the Strauss-Kahn case, there has been speculation internationally over whether France is prepared to re-examine its strict observance of privacy laws to report scandals affecting politicians.

http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-13589189
 
Обвинителството во Њујорк се согласи Доминик Штрос Кан да биде ослободен условно
1BCCE3F0A680E34AB25A2AF1328A10CE.jpg

Обвинителството во Њујорк се согласи Доминик Штрос-Кан, кој во мај беше ставен во домашен притвор, да се ослободи под определени услови, пренесоа француските медиуми, кои се повикуваат на телевизијата Блумберг.
Одлуката треба да ја донесе судијата Мајкл Обис, кој може да се произнесе по прашањето уште на денешното заседание на Кривичниот суд на Манхетен.
Доколку поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) биде ослободен условно, сумата во износ од вкупно шест милиони долари, која тој ја плати како гаранција во текот на мај, може да му биде вратена.
На Штрос-Кан му се суди според обвинение за обид за силување на собарка во њурошки хотел.
Судскиот пресврт, кој се забележува во Њујорк со можното паѓање на обвиненијата против Доминик Штрос-Кан, ги врати претпоставките дека поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд може да се врати во трката за претседателските избори во Франција, пренесоа француските медиуми.
Доминик Штрос-Кан до скоро беше најголемиот фаворит за француските претседателските избори воз пролетта 2012 година, но во средината на мај отпадна од трката, откако хотелската собарка во Њујорк го обвини за обид за силување, по што тој потоа беше уапсен.
До синоќа незамисливото вараќање на Штрос-Кан како претседателски кандидат во Франција веќе не е исклучено. Ситуацијата во момент ноже да се промени, а неговата социјалистичка партија да почне првични избори за утврдување на својот кандидат.
 
Весникот Њујорк тајмс тврди дека обвинението против Строс-Кан е на раб на поништување откако истрагата открила големи нејаснотии во исказите на хотелската собарка и дека таа најверојатно не кажувала вистини.
Обвинителите се сретнале со адвокатите на Строс-Кан вчера и им ги дале резултатите од истрагата и разговарале за отфрлање на потешките обвинувања. Строс-Кан може да биде ослободен од домашен притвор чии мерки чинат околу 200.000 долари месечно.

Истрагата открила проблеми со молбата за азил на 32-годишната африканска имигрантка од Гвинеја, врски со криминални дејности меѓу кои и трговија со наркотици и перење пари.
Бил преслушан разговор кој жената го имала ден по средбата со Строс-Кан со маж со кого разговарала за обвинението. Мажот приведен за поседување марихуана, е меѓу групата кои во изминатите две години внеле околу 100 илјади долари на нејзина сметка во различни држави.

Таа секој месец плаќала стотици долари за сметки за телефон во пет компании.

Строс-Кан последен пат се јави на суд на 6 јуни кога се изјасни дека не е виновен. Новото рочиште е закажано за 18 јули. Обвинението против него содржи седум точки меѓу кои обид за силување, сексуално злоставување и незаконско затворање. Доколку биде прогалсен за виновен му се заканува затворска казна од 25 години. Строс-Кан (62) беше уапсен на 14 мај на њујоршки аеродром. Се сметаше за водечки кандидат на следните избори за претседател на Франција. Сега е во домашен притвор со електронско следење.
Ццццццццц.. Толкава фама дигнаа, го срушија човекот од врвот на ММФ, го носеа по затвори, му измислуваа сексуални афери.....
Дали можда му го срушија рејтингот во Франција па го пуштија или пак ова е неуспех на Саркози??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom