Дигресија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
25pqxiw.jpg

Не заборавај дека античките Македонски војници се закопувани со бронзени садови во форма на афион... само ме интересира за што служеле... :raz:

+ Тие со БИБЛИЈА (СТАР ЗАВЕТ) ние со БИБЛИЈА (стар+нов) и Макијавејска 1. :D
 
mnogu dobra tema,vredna za da razmislis seriozno.. Izrael srede pustina e,a e edna od najjakite zemji vo svetot,voeno,ekonomski,pred se umstveno. Za razlika od nas tie se mnogu poprivrzani za svojata zemja, drzavata im e na prvo mesto. iako od site strani se opkruzeni so dusmanski drzavi,izraelcite kako narod se so cvrst karakter i celizna volja da uspeat,dodeka nie potklekunuvame pred sekoj abdal sto ke ni zapreti,zs sme seronji..treba uste mnogu vreme za da bideme barem del kako niv,zasto nie sme razedineti vnatre,neslozni neorganizirani,a so toa nemozeme nisto da postigneme,samo ke ne samarcat drugite,i uste mnogu vreme ke bideme marioneti vo tugi race:uvo:
 
Не заборавај дека античките Македонски војници се закопувани со бронзени садови во форма на афион... само ме интересира за што служеле... :raz:

Да бе, ќе праиме сеа варијанти....Наместо јебига гробови да тураат на пари, според твојата тероија, треба на парите да стои штит...
 
Мојсеј 2 фура напред...прво со споредби....па ова она колку се обединети Израелците...колку се фини и паметни и БУУМ

Тие со БИБЛИЈА (СТАР ЗАВЕТ) ние со БИБЛИЈА (стар+нов) и Макијавејска
Евреите за кои пишува во Библијата и овие денешните имаат многу малку заедничко.Само 10% од денешните Евреи се семитски.Сите досегашни премиери на Израел се хазарски Евреи.
 
Мојсеј 2 фура напред...прво со споредби....па ова она колку се обединети Израелците...колку се фини и паметни и БУУМ


Евреите за кои пишува во Библијата и овие денешните имаат многу малку заедничко.Само 10% од денешните Евреи се семитски.Сите досегашни премиери на Израел се хазарски Евреи.

И “ЦИПИ-РИПИ“?:smir:
 
25pqxiw.jpg



Kakva logicka povrzanost ima afionot so ajnshtajn ???? :toe: :toe: :tapp:

Pocinjaat i dvajcata na bukvata A ???
 
Сигурно сте ги слушнале оние стереотипи за Евреите со кои луѓето кои (поради било која причина) ги мразат, се обидуваат да ги оцрнат и да ги престават во негативно светло. Некои од тие стереотипи се сосема бесмислени и немаат врска со реалноста, како на пример оној дека тие не се мешаат со другите народи и се женат/мажат само со припадници на нивниот народ за што постојат стотици илјади примери кои го докажуваат сосема спротивното (токму Алберт Ајнштајн бил женет со Хрватица и имале два сина, а музичарот Лени Кравиц е син на Евреин и жена со црна боја на кожата).

Други пак стереотипи имаат некаква реална основа, но наместо да се прикажат во позитивно светло, какви што навистина и сѐ, тие од страна на антисемитистите се прикажуваат како нешто страшно, лошо, одвратно, грозно, причина за недоверба и омраза. Еве ги тука, наведени токму тие стереотипи, следени со објаснување зошто токму тие не треба да се гледаат како нешто погрешно и зошто токму од тие стереотипи за однесувањето на Евреите како нација, можеме да научиме ние Македонците како да се однесуваме и ние како нација.



1. Секаде ги има: овој стереотип се употребува не само за Евреите на светско ниво, туку и во оние држави каде што нема Евреи, но има други национални малцинства кои се успешни во својата борба за опстанок и како такви се погодни за на нив да се префрли вината за сите неуспеси на мнозинскиот народ.

Во Германија пред Втората светска војна, тамошните расисти за Евреите го велеле истото што кај нас некои наши патриоти и особено многу „патриоти“ го велат за Власите. Дека ги има секаде, дека се вклучени во сите пори на општеството и дека тие се оние кои ги влечат сите конци и дека тие владеат со државата, со економијата, со медиумите и со сѐ што нуди некаква општествена моќ.

Обично луѓето кои ги кажувале ваквите работи за Евреите во Германија, се по карактер идентични со луѓето кои се склони за сите свои неуспеси да ги обвинуваат Власите во Македонија: ако не знаат да напишат добра книга – и никој не сака да им ја испечати, тоа е заговор на Власите кои ги контролираат сите издавачки куќи. Ако не можат да направат добар бизнис - план и поради тоа не можат да добијат кредит од банка – криви се Власите кои ги контролираат сите банки. Ако во партијата која ја подржуваат има луѓе кои, на пример, на тендер купуваат пар пижами за по осумсто евра или компјутерски мауси за по илјада евра парче, и поради такви и слични работи не можат да добијат гласови на избори – криви се медиумите кои ги преставуваат во лошо светло, бидејќи во нив сите уредници и новинари се Власи. Или на светско ниво, Евреи.

Нема сега да навлегувам во објаснување дека со моќните економии на Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Сингапур, сигурно не управуваат Евреи кои се белци, или дека врз пребогатите нафтени резерви на арапските земји сигурно многу поголемо влијание имаат нивните локални (муслимански) владеачки елити отколку меѓународниот „еврејски“ капитал, или дека сите влашки новинари во земјава ништо не можеа да направат да го спасат СДСМ (партијата на Хари Костов, Јани Макрадули и Штерјо Наков) од двете последователни изборни катастрофи. Тоа се прашања кои... не заслужуваат одговор.

Поентата ми е дека дури и да се Евреите толку застапени насекаде, навистина толку да ги има вклучени во сите можни и неможни, реални и измислени центри на моќ од било кој тип – финансиски, политички, медиумски – зарем тоа е нешто лошо? За нив (Евреите) барем.

Зошто ние, Македонците, да не станеме такви, зошто да не се обидеме ние да се вгнездиме во сите текови на глобалната економија, да фаќаме врски со политичките моќници ширум светот и да правиме сѐ за да нашата вистина допре до ушите на оние кои го креираат светското јавно мислење?

Дали не можеме, дали не знаеме, или можеби не сакаме да научиме, бидејќи сме премногу задоволни за сите наши слабости и глупости да ги обвинуваме другите. Дали ќе бидеме помалку Македонци ако почнеме повеќе да размислуваме?



2. Учени се сите и многу учат: кога некој Евреин го прашале зошто Евреите се толку успешни на тестовите на интелигенција (што е навистина факт, иако тестовите за интелигенција не се баш точно мерило за интелигенцијата) тој одговорил дека Евреите со векови се подготвувале за тие тестови, додавајќи дека низ историјата, кај сите еврејски семејства било задолжително да во куќата можеби немаат столови и маса, ама книги мора да имаат и да ги читаат сите.

Ако ги погледнете биографиите на безмалку сите големи научници и истакнати иноватори и истражувачи, ќе забележите една константа кај сите нив, а тоа е дека тие никогаш не се срамеле од учењето и од обидот да дознаат што повеќе за светот околу нив. Бидејќи учењето е речиси дел од фолклорот на Евреите, ништо чудно што многу голем процент од научниците и успешните иноватори низ историјата биле токму Евреи.

А ние бре, ние кои живееме во државата во која 53% од населението е само со основно образование, што да кажеме ние? Кај Евреите во минатото имало обичај во тестаментите на луѓето да пишува: „кога ќе умрам, книгите од мојата збирка да ги поделите на моите синови...“ а кај нас, во нашите народни песни имате стихови од типот: „ако умрам ил загинам, закопајте ме во визбата покрај виното и ракијата...“

Луѓе кои себеси се сметаат за паметни и сериозни пред неколку недели кога дознаа дека на факултетите во Виница и Пробиштип се запишале едвај по двајца – тројца студенти, искрено се радуваа ситејќи му се на премиерот што неговата идеја за приближување на високото образование до обичниот народ доживеала дебакл.

Со тоа што Македонците одбиваат да учат техника и наука, и наместо тоа едвај чекаат шанса за да заминат на Запад каде што ќе берат јагоди, ќе работат на брод или нафтена платформа или ќе бидат бејбиситерки, не доживува нашиот премиер дебакл – туку нашата држава доживува дебакл.

Кај нас, ако во парк видиш млад човек како седи на клупа со шише ракија во рацете, тоа никого не го вознемирува, ама ако видиш во истиот тој парк на истата таа клупа некој друг млад човек со книга во рацете – тое е чудно и необично.

Кај нас, и верувам уште само кај сите сиромашни и заостанати нации ширум светот, да му кажеш некому дека „филозофира“ тој ќе се смета за навреден и можеби ќе одговори со контра – навредата „ај не се прави многу паметен“. Антологиски е вицот кај нас: „ти мислиш ја глуп сум“ и одговорот „не бе“ и навредениот контра –одговор: „шо бе не...?“

Е, ама кај Евреите, барем така велат стереотипите за нив, тоа не е така. Кај нив, прва и основна работа во животот на секој млад човек е да се стекне со најдоброто можно образование.



3. Ништо не работат физички, само памет продаваат
: Откако биле протерани од својата земја пред две илјади години, Евреите почнале да скитаат низ светот немајќи ни земја да обработуваат ниту рудници свои да експлотираат – и морале да преживеат со единственото нешто што го имале и што никој не можел да им го одземе – интелигенцијата. И затоа денеска имате толку многу научници, инжинери, програмери, врвни лекари и консултанти за финансиски услуги од еврејско потекло.

И Македонија денеска нема ниту плодна земја доволно за себеси да се прехрани (па мораме да увезуваме храна дури и во најплодните години), ниту пак имаме рудници (сите ги исцрпевме и за неколку години ни јаглен нема да имаме) и единственото нешто што можеме да му продаваме на светот е – памет.

Пред неколку недели, во една дискусија на еден друг блог, јас бев обвинет дека целиот свој живот сум продавал памет (и за тоа сум земал добра плата) и ништо не сум работел физички. Личноста што го рече тоа се надеваше дека со тоа ме навредила, ама јас со тоа се гордеам, речиси подеднакво колку што се гордеам со тоа што бев бранител во 2001 – та, искуство кое многу жители на Израел имале можност да го доживеат низ бурната историја на својата земја во изминативе децении.

Македонија нема да се збогати ако два милиона луѓе овде станаме рудари и орачи на ниви, туку ако станеме програмери, инжинери, аналитичари, консултанти кај кои целиот свет ќе доаѓа за да купи памет. Како што одат сега во Израел, кој нема ни нафта, едвај ни вода (па мора да ја увезува сѐ повеќе), ниту пак рудници. Ама има највисок процент на инжинери и компјутерски програмери по глава на жител на светско ниво, и затоа просечниот Израелец има седумдесет пати поголема плата од просечниот жител на Конго, земја пребогата со сите можни природни богатства, освен со образовани луѓе.
 
4. Секогаш се држат заедно против непријателот: овој стереотип наменет против Евреите ги обвинува дека тие секогаш и во секоја ситуација, кога се соочени со надворешни непријатели (кои не се Евреи) ќе заборават на своите меѓусебни несогласувања и ќе направат сѐ што може да се направи за да заедно го победат напаѓачот и да преживеат.

Во недостаток на Евреи во нашата држава, овој ист стереотип се користи кај нас против Албанците и понекогаш против Власите. Најинтересна работа кај него е што ниту Власите, ниту Албанците никогаш не го користат против нас, Македонците, ваквиот стереотип, оти за нас тој не важи. Ние Македонците сме подготвени да се исколеме меѓу себе за работи кои немаат никаква реална смисла.

Нашите политички несогласувања се во суштина обиди да се надвикаме околу тоа кој од нашите (Македонци) политичари е помал крадец и помалку неспособен од другиот политичар (исто Македонец). Или кој е помалку сервилен спрема странците. Или кој е полесно да се поткупи за да се добие некоја услуга од него.

Во нашите политички борби ние сме секогаш подготвени да ги повикаме на помош парите и медиумите на Власите (така барем се зборува) или пак како во 2001 – та, оружјето на Албанците. И после друг ни е крив што државата ни е во континуиран пад и што малцинствата нѐ јавнале нас, мнозинскиот народ. Е па, ќе нѐ јавнат кога ние самите се правиме магариња и самите си го ставаме самарот.

Во нашава земја, после седумнаесет години докажување и покажување на одредени политички лидери дека се сосема неспособни и до крај корумпирани, тие исти политичари сеуште имаат некаков си рејтинг од десет – петнаесет проценти. Значи, двеста и кусур илјади луѓе сеуште би гласале за политичари кои никогаш не покажале дека знаат да водат држава. Е па, кој ни е крив што не знаевме досега да ја препознаеме вистинската опција која сите Македонци ќе ги обедини против заедничкиот непријател?

Секогаш кога Израел ќе се соочел со закана по својата безбедност од страна на своите арапски соседи, политичките лидери во таа земја моментално ги заборавале своите несогласувања и борбата за власт и застанувале обединети зад националниот интерес. Кај секој израелски политичар прва и основна мисла е: „не ми треба власт, ако ја загубиме државата“. Кај нашите политичари важи обратното: „не ми треба државата, ако ја загубам власта“. И затоа не ја бива оваа земја и овој народ кој сеуште би гласал за такви политичари. Затоа.



5. Го гледаат само својот интерес, и не им е гајле за меѓународното право: овој стереотип е особено застапен кај оние кои го критикуваат однесувањето на Израел на светската политичка сцена, кога е во состојба да соработува со сите и секого само за да си ги оствари своите цели. Познати се примери во изминативе децении кога Израелците им продавале оружје на диктатори во Африка само за да може тие диктатори да војуваат против бунтовници во сопствените држави кои биле подржувани од страна на арапските држави и кога тајни агенти на МОСАД киднапирале нацистички злосторници кои се криеле по разни латиноамерикански држави под лажен идентитет, и ги носеле во Израел на судење беа да имаат за тоа дозвола од државата во која ги вршеле тие акции. Легендарен е и случајот со нападот на израелски командоси на аеродромот „Ентебе“ во Уганда кога требало, без довола на властите на таа држава да се ослободат израелските заложници кои таму биле донесени со грабнат авион.

Светот повеќе пати бил шокиран и безмалку згрозен од решителноста на водачите на Израел кога станувало збор за заштитата на своите национални интереси. А кај нас?

Кај нас имаме одредени „независни интелектуалци“ кои се шокираат што во Ирак сме испратиле ние, како држава, неколку десетици специјалци да се борат рамо до рамо со Американците. Демек, таа војна не била започната според меѓународното право, и дека немале Американците дозвола од „светиот, безгрешниот и премудриот“ ООН да војуваат во таа земја. А гледам тој ООН нам ни дозволува ли да се викаме како што ни е името, и токму по меѓународно право ние сме принудени да се викаме FYROM. И по меѓународен договор ние треба да преговараме со Грците за нешто за што никој, никогаш, никаде не би преговарал.

Нема сигурно ние да ги исправиме сите кривини во светот, ама ако многу се залетуваме на нашиот пат, лесно може да излетаме од некоја од тие остри кривини. Затоа, треба, исто како Израел, да ги баталиме „меѓународните правила“ и да си го гледаме само својот сопствен национален интерес. Кога е Македонија во прашање, не двојни стандарди, море ако треба и дваесет и двојни стандарди ќе применуваме.

Кај нас пред неколку недели пукна „брука“ дека неодамна се дознало оти Македонија ѝ продавала оружје на Грузија, и со тоа сме ги загрозиле нашите односи со Русија. А, се заборава дека таа Русија ѝ продава оружје на Грција, и со тоа зарем и таа не ги загрозува своите односи со Македонија?



6. Евреите се родени за бизнис и претприемништво: ова е дефинитивно најглупиот стереотип што може да се каже за било кого, не само за Евреите. Настрана фактот што не е баш точен, бидејќи низ историјата еден куп значајни комунисти и анархисти биле Евреи, што значи, антикапиталисти, но и да е вистина, што има лошо во тоа да некој човек биде роден за бизнис и да поседува претприемачки дух?

Кај Евреите, успехот на еден од нив се смета за успех на сите нив. Кога некое еврејско момче ќе се запише на факултет, тие не велат дека „тој и тој човек се запиша на тој и тој факултет“ ами дека „имаме наш човек сега на тој факултет“. Ако некој отвори некоја фирма, тие не велат дека „тој и тој кој знае од каде нашол пари, ама отвори некоја фирма“ туку дека „еден наш човек отвори фирма, алал да му е, да му се збираат парите и да му цвета бизнисот“.

А ние? Кај нас, ако некое дете од провинција се запише на факултет во Скопје, веднаш се прави фама во провинциското градче дека „тој всушност не може да поднесе да живее тука со нас, тој се срами од ова мало место, кога ќе се врати од Скопје со диплома, дајте да не му правиме ич муабет, оти многу важен ќе се замислува дека станал“.

Јас лично имам видено и слушнато Македонци кои го пцујат Мајк Зафировски, го колнат Благоја Самаковски, го презираат Жан Митрев и го омаловажуваат Милчо Манчевски. Истите тие луѓе сметаат дека најголемата грешка на Македонците, најголемиот наш недостаток како нација е што ние немаме „свој Аркан“ или немаме „свој Младиќ“ или некој „наш Бинладен“.

И уште многу стереотипи на кои треба да се угледаме и превземеме...
 
Ништо од бизнисот!Кога си заробен во ГЕТО како ова Македонсково,единствено што можеш е,да им продаваш “бубрези за мадиња“ на сопствените граѓани.И сите да сме доктори на науки џабе ни е,оти “знаењето е сила ама слободата е моќ“ барем според мое мислење.:toe:
 
Nemoze ABC, kakva sloboda be...... sloboda!!! , na "vlaskive" gazdi ne im e vo prilog...ke im se razbegaat robovite... :)
 
Nemoze ABC, kakva sloboda be...... sloboda!!! , na "vlaskive" gazdi ne im e vo prilog...ke im se razbegaat robovite... :)

Добро сега,им дадоа по некоја “субвенција“ па нема да им “мрчат“ уште некое време.:smir:
 
Сигурно сте ги слушнале оние стереотипи за Евреите со кои луѓето кои (поради било која причина) ги мразат,
И Палестинците си мислеја исто овака .....стереотипи....па им го расплакаа милото мајче.
И шо е поентава со споредување на Македонците со Евреите...
 
140px-Flag_of_Macedonia.svg.png
VS.
125px-Flag_of_Israel.svg.png


МАКЕДОНИЈА

Уставно Име - Република Македонија
Територија - 25,333 Км2
Независност - 1991г.
Жители - Повеке од 2 милиони
Религии - Христијани (70%) Муслимани (30%)
Соседи - Албанија, Грција, Бугарија, Србија + Косово ?
Членка на мегународни организации - ООН (да), НАТО (не), ЕУ (не)
Економска мокност - 17,26 млд долари
Економски раст - 5,1% (годишен)
Воена човечка сила - 15,141 (редовна војска) , 444,693 (воено способни)
Воена структура - Пешадија, воено воздухопловство, специјални единици, Разузнавачки служби.

ИЗРАЕЛ

Уставно Име - Република Израел
Територија - 20,770 Км2
Независност - 1948г.
Жители - Повеке од 7 милиони
Религии - Евреи (76%) Муслимани (16%) Останати
Соседи - Египет, Јордан, Сирија, Либан + Палестина ?
Членка на мегународни организации - ООН (да), НАТО (не), ЕУ (не)
Економска мокност - 184,9 млд долари
Економски раст - 5,1% (годишен)
Воена човечка сила - 60,602 (редовна војска) , 1,452,926 (воено способни)
Воена структура - Пешадија, Морнарица, Воено воздухопловство, Разузнавачки служби, специјални единици.

СПОРЕДБА


И двете држави имаат еден голем пријател - АМЕРИКА

И двете држави имаат повеке големи непријатели СОСЕДИТЕ.

И двете држави се борат за вистината за својот идентитет и постоење.

И двете држави имаат секојдневни закани и притисоци за уништување.

И двете држави се РИЗИЧНО ВОЕНО ПОДРАЧЈЕ со ризик од ескалација.

И двете држави се спорени и непризнаени од соседите, но да биде куриозитетот поголем Македонија го врти другиот образ а Израел шамари.

Според наметнатите нестабилни услови, и во двете држави имало доскорешни воени дејствија, но да се потсетиме.

Израел, 1967 им објави војна на целиот Арапски свет (Египет, Јордан, Сирија, Либија и Саудиска Арабија) и за НЕВЕРОЈАТНИ шест дена ги порази со катастрофални последици. 2003 г. Израел за четири дена влезе во главниот град на Сирија. Израел секојдневно ја брани својата сувереност која е загрозена од соседите. Израел од овие настани излегува како ЗЕМЈА ЗА ПОЧИТ И РЕСПЕКТ!

Македонија имаше "Внатрешен судир" , по што следува Охридскиот рамковен договор?! После овие настани Македонија излегува мека и слаба при што ја ТРЕСАТ СИТЕ СОСЕДИ со виртуелни спорења на идентитетот, нацијата, името, постоењето?!

НЕЗАВИСНО од сите светски стандарди Израел ги регрутира сите свои жители (без разлика мажи и жени), и тоа редовна војска служат 3г (мажите) и 1г (жените) ЗДОЛЖИТЕЛНО.

ЗАВИСНО од НАТО стандардите?! Македонија мора да ја укине воената обврска, и да ја редуцира својата воена сила на 5000?! војници?!

Кога станува збор за државна безбедност, прашања од највисок национален интерес народот во Израел е ОБЕДИНЕТ, а во Македонија РАЗЕДИНЕТ.?!

Дополнете...

Би сакал еден ден Македонија да биде Израел на Балканот. Би сакал да ги видам сите граѓани на Р.Македонија (без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи или без разлика на религии и партиски обележја) ОБЕДИНЕТИ И СИЛНИ како ја водат својата земја со големи чекори кон УСПЕХОТ. Тоа не значи изолација на земјата, тоа значи поголема почит од останатите.

Македонска заебанка
Армијата ни е 5000
Демек заради некакви стандарди
А кога им ги исполнивме сите тие наводни стандарди кои најверојано само за нас важат
Ни рекоа
А имате проблем
Вие Македонци не сте
Зошто мислам дека се што прават е за полесно да не скршат во иднина ???

Што би рекол еден драг познаник :)

Додека некој ни сее магла со НАТО стандардите, другите гробот ни го копаат... Се повеке маслото испливува на површина. Прозирна е играта....
 
Поентата беше дека со Израел сме толку слични, а сепак толку различни!

Единство треба само.
Sega im treba edinstvo koga nejcat kapitulacija,a ne gi biva ni da se borat.Za nisto ne gi biva pa cacko mu e kriv.

MK ce bidi Israel.I bogata i ucena i ceneta.Ama ne sega.Ne se pravat tie nesta kampanjski.So faxovi po sela...so fermani pred vesti...

A za Vlasite,sucur se najde nekoj da kazi realno.Ama dali ja prifacas privatizacija na Fersped ili to e rabota na pravobranitelka?
Bidi maz do kraj.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom