Digital SLR - до скромна цена

  • Креатор на темата Креатор на темата A M E B A
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 ноември 2012
Мислења
137
Поени од реакции
53
Друштво нов сум во оваа област,направив некој пребарувања по интернет може некој совет што би барам кај dslr апаратите и некој скромен предлог до најмногу 18,000 ден. и каде би го нашол кај нас во Македонија.
Благодарам на секој кој ќе "помогне" :)

би сакал да сликам пејсаж и ноќна слика со уклучена отворена бленда :) :)
 
Нема дслр за 18000.
Најефтините се ~27000 никон д1000 и канон 1000д.
 
Настаро се наоѓа, нов нема за таа цена.
 
Види mirrorless мислам дека се наоѓа некој Olympus баш до таа цена.
Види го овој. Не сум доволно запознаен со карактеристиките, затоа е тука другите форумџии, но се каам што доцна го видов а купив point&shoot за 65% од оваа цена.
 
Ај види овој. Мислам дека ќе ти се свиѓа

Edit: Ја одма ќе го земев, ама купив нов 1 месец пред да го пише постов Acid. Искористија шансата ако уште не го продал.
 
Види mirrorless мислам дека се наоѓа некој Olympus баш до таа цена.
Дап, за во ценовен лимит мислам немаш друг избор освен EPL-1.
Баш тој модел го купив од Амазон и деновиве треба да ми го донесат пријатели.

По описите што ги читав, добар апарат за цената. Со адаптер можеш да користиш многу од старите SLR објективи, на ибеј за евтино се начекуват сочувани недигитални објективи... Ако сакаш мануална фотографија за евтини пари, нема подобар избор од EPL-1. Дури и со основниот објектив од комплетот, апаратот е добар, mirrorless и мал негабаритен со ретро изглед, многу подобар апарат од point&shoot алтернативите за истите пари.
Како да го најдеш во Македонија, не знам. Прашај кај некој дилер/застапник за Олимпус или размислувај како да го земеш од амазон или да ти го донесе пријател...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom