Digital Nomads Macedonia

Член од
6 април 2017
Мислења
2
Поени од реакции
6
Здраво на сите!

Веројатно некои од вас слушнале за поимот digital nomads. Тоа се луѓе што работат преку интернет (фриленсери или онлјан бизнис) и патуваат и работат од различни локации.

Ме интересира дали има некој што работи како фриленсер/онлајн бизнис од Македонија и што е заинтересиран за од-време-на-време патување и заедничко работње од различни локации?

------------
За почеток, добро би било формирање на група (или неколку групи) од по неколку луѓе и одбирање некоја поблиска локација за пократок временски период.

(Примери Охрид - една недела, Бугарија - 10 дена, Маврово - 5 дена или Грција - 15 дена. Тоа би било како од време на време шетање распоредено во подолг период од повеќе месеци, со враќање дома па одење на нова локација. Нормално може и други локации, термини и сл. тоа се само први пимери, може и да се договориме.)

Тоа да биде добро организирано и ќе се координираме околу тоа кој колку саати работи и сл. па може и да размениме искуства, да произлезат заедничи проекти и сл.

Јас работам како фриленсер 2 години а сите пријатели ми работат на фиксни локални работи, и мислам дека предноста на тоа што некои од нас работат преку интернет можеме подобро да ја искористиме.

Секако, и заедничкото работењето е ок а и кога можеш сам/а да бираш локација зошто да седиш во едно место.... и слободното време може подобро да се потроши :D
------------

За подобро запознавање со digital nomading може да се гледаат видеата нa YouTube на Chris The Freelancer.

Ако има некој/а што работи преку интернет и е заинтересиран за од-време-на-време патување и заедничко работење, дружење и шетање на различни локации нека ми пише на DigitalNomadsMacedonia@gmail.com или во порака. Може и да го/ја додадеме во затворената група "Digital Nomads Macedonia" што ќе се отвара на фејсбук и кај што ќе оди договарањето и се останато.

Поздрав!

:ojeaa:
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Хммм... дигитални номади.
Секта сте 100%.
 
Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
Здраво дечки да опитам за совет троа. Проблем имам со skrill.com Порано познато како Moneybookers.com вика повеќе на прима депозити, ни подржува транскации во Американски долари. Дај ако некој има повеќе информации околу темата. А и некое решение за префлрање на парите од фриленсер на мк акаунт. Пејпел се знај дека е умрена работа, скрил беше најлесно. Има некоја опција со пајонир ама тоа допрва треба почнување на процедура, па чекање, па и таму провизии, така да тоа е тоа.
 
Член од
5 август 2015
Мислења
30
Поени од реакции
3

За Skrill финтата беше на почеток кога го креираш акаунтот одбираш валута и мислам после не може да се смени и на секоја трансакција ти наплаќа за префрлање на валути, мислам дека не е толку добра опција Skrill.

Payoneer ти е моментално мислам најдобра варијанта, провизија плаќаш на секоја компанија што е нормално за услугата што ти ја вршат ама не е голема околу 3%. Си аплицираш за картичка на Payoneer.com и ти стига на адреса за еден месец и после подигаш пари/плаќаш со картичката кај сакаш.

Инаку темата е за Digital Nomads и ако некој е за заедничко работење и шетање низ државава и странство нека пише позз :D:D:D
 
Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
фала ти за мислењето на прашањето....друго, знам дека не е темата скрил и слично ама ај реков и тука да опитам, ми се виде ко соодветно место за фриленсери а и едно прашање не е којзнај колку дистракција.

Инаку ќе мора да си поконкретен со ова дигитални номади. Концептот ми е познат, веќе видено надвор, би било интересно кај нас како би профукнционирало нештото. Е сега си сака троа планирање. Интересно би било можеби нешто како работен викенд некаде по некои интересни места источна македонија, кај шо е троа поевтино. Со тоа што првобитно треба да се истражи место за престој и нормално да има барем пристојна интернет конекција. Сега незнам колку има заинтересирани ама мала група на фриленсери би можела полесно да испреговара некоја подобра зделка за престој некаде....ова вака јас троа на глас размислувам, ти можеби поинаку го имаш замислено. Инаку ако имаш на фејсбук некоја група каде има поголема група фриленсери сподели.
 
Концептот, пример:

Изнајмуваме вила ние организаторите (со интернет, услови и тн.) за една недела, факаме и викенд... преку недела работиме или кој како зависно од саатите се договараме и кога имаме слободно време се шетаме, излагаме и сл.

Локации може да се пример Маврово, Источна мк вила некаде, Охрид, Грција, Бугарија, Црна Гора или подалеку да е може тоа да се договориме.

Ако има некој што работи на интернет и му е здосадено да работи од дома нека ми пише да се договориме и да го додадеме на фб групата, па да напраиме организејшн.

Позз
:ojeaa:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom