Џунгла е таму надвор!

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
“Мојата помош е од Господа, Кој го создаде небото и земјата.”
Пслами 120:2

За многу луѓе, животот е џунгла. Не џунгла на дрвја и ѕверови…Нашите џунгли се опфатени од замаглен густеж на лошо здравје, скршени срца, и празни паричници…Ние не го слушаме крескањето на птиците или рикањето на лавовите, но ги слушаме поплаките на соседите и барањата на шефовите…

Без разлика дали си јагне изгубено на карпест гребен или градски мангуп сам во длабока џунгла, се се сменува кога твојот спасител се појавува.

Твојата самотија се смалува, затоа што имаш пријателство. Твојот очај се смалува, затоа што имаш видување. Твојата конфузија почнува да исчезнува, затоа што имаш насока.[FONT=&quot]

[/FONT]Не си ја напуштил Џунглата. Дрвјата сеуште го замрачуваат небото, и трњата сеуште ја сечат кожата…Не се сменило ништо, но ти се смени. Ти се смени затоа што имаш надеж. И имаш надеж затоа што си сретнал некој кој може да те однесе надвор. ИСУС...
 
Ти благодарам за убавите зборови на утеха кој си ги напишала...ако сеуште се смета за вредно тешењето со нереалности во денешно време, и во оваа џунгла.

Мене само ме интересира, на која страна би се насочила дискусијата во темава. Јас не видов поставено прашање, никакво жарче за распалување на разговор. Би бил благодарен, доколку тоа ни го објасниш.
 
Нереално е за тебе? Не го гледаш злото?
За мене светот е џунгла, Го молам Исус да не води надвор.
Во што го гледаш ти спасот ако не во Бог, и што за тебе на земјава е џунгла, би можела во таа насока да оди темата.
 
Не молам никого да ме спаси, спасот го гледам во мои раце, и правам што можам да излезам од дифтаријава. И сеа за сеа, одлично ми иде.
 
Темава не е неинтересна. Само не знам дали џунглата е само надвор. Сите ние сме принудени да учествуваме во „светот на дивината“ секој ден, без исклучок. И малку по малку подивуваме. Се се сведува на беспоштедна борба за опстанок. Дури и најхристијанските духови покажуваат заби кога ќе ги загрози некој.
 
Ако постоеше вистинска љубов во секого, тогаш не би постоело повредувањето. Повредување е кога даваш чиста љубов и можеш да ја положиш својата душа за својот ближен, а тој ја извалкал таа љубов. Зашто љубовта е или златна или никаква. Или чиста љубов неразделна од вистината, или никаква.
Но секогаш треба да сакаме со чиста љубов, и покрај повредувањето, и покрај светот и џунглата во која живееме.
Да бидеме со светот, но не од светот.
 
За жал љубовта не може да биде безусловна(освен можеби, мајчината). Ако не повредат не ги сакаме како порано. Притисокот однадвор е толку силен што внатрешниот живот е премногу обременет со она што го опкружува. Светот условува.
А за ближниот Емброус Бирс напишал:wink:: „Лице кое ни е заповедано да го сакаме како самите себеси и кое прави се за да не направи непослушни“
 
“[FONT=&quot]
[/FONT]Не си ја напуштил Џунглата. Дрвјата сеуште го замрачуваат небото, и трњата сеуште ја сечат кожата…Не се сменило ништо, но ти се смени. Ти се смени затоа што имаш надеж. И имаш надеж затоа што си сретнал некој кој може да те однесе надвор. ИСУС...

Во Џунглата е Тарзан господар а не Исус. Пошто Тарзан знае да комуницира со дивите животни и е најсилниот маж во џунглата и сите тамо го поштоваат.
Исус е крал на Јудеја а не на џунглата
 
Во Џунглата е Тарзан господар а не Исус. Пошто Тарзан знае да комуницира со дивите животни и е најсилниот маж во џунглата и сите тамо го поштоваат.
Исус е крал на Јудеја а не на џунглата
А џунглата е светот во кој живееме...Тарзан не може да не извлече од тука, ни да не спаси. Единствениот кој може е Бог.
 
А џунглата е светот во кој живееме...Тарзан не може да не извлече од тука, ни да не спаси. Единствениот кој може е Бог.
Не знам каде ти живееш но овде кај мене дефинитивно не е џунгла.
 
Убаво за тебе што не го гледаш злото, и луѓето кои никогаш не ја почувствувале љубовта.
То ти је можда на нервна база.
Зло е и што кутро теленце отргнато од својата мајка на самиот почеток на неговиот живот, па наместо да трчка безгрижно низ зелените ливади и се подбуцнува во игра со своите браќа и сестри заврши во паприкашот што го јадов денес, али јас не ги гледам така работите.
Можи треба да си го смениш местото на живеење, да се преселиш во помирен крај, плус повеќе шетање во природа на свеж воздух и некое хоби би ти помогнале.
 
А џунглата е светот во кој живееме...Тарзан не може да не извлече од тука, ни да не спаси. Единствениот кој може е Бог.

Ме интересира ти сметаш дека светов денеска е станат џунгла или таков бил одсекогаш?
 
А џунглата е светот во кој живееме...Тарзан не може да не извлече од тука, ни да не спаси. Единствениот кој може е Бог.

Немој да ги вреѓаш прилепчани, тие во џунглата се дома...:kesa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom