Џоната Мингоци трагично загина во сообраќајна несреќа

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Цела Италија е во жалост откако фудбалерот на Сампдорија Џоната Мингоци трагично загина во сообраќајна несреќа утрово.

mingozzi_gio.jpg



Дваесет и три годишниот фудбалер кој беше во ко-сопственост на Сампдорија и Тревизо, бил на пат до клиниката каде што требало да изврши медицински прегледи пред почетокот на новата сезона, кога со своето Порше удрил во камион. Трагедијата се случила утрово околу 8 часот по локално време во околината на Венеција.

„Во најдлабока жалост ќе оплакуваме заедно со неговото семејство, пријателите и сите кои ја имаа среќата да го познаваат овој прекрасен човек во текот на неговиот краток живот“ - пишуваше на официјалната веб-страна на Сампдорија.

32732_hp.jpg



Мингоци ја започна неговата кариера во Равена во 2001 пред да премине во Перуџа во 2004 година. Една година подоцна неговата игра во средината беше забележана од Сампдорија, каде го направи дебито во Сериа А.

Во сезоната 2006/2007 играше во Лече на позајмица, а веднаш по завршување сезоната минатото лето Тревизо купи педесет насто од неговиот договор.
 
Почивај во Мир Мингоци...Штета, загуба на млад живот:(
 
RIP
Многу жално.Се млади луѓе отидоа:(
 
Сварно незнам што да кажам што се случува во овој свет....:(:(:(:(:(:(:(
 
Највеќе ми е жал за вакви луѓе кога цел живот го имаат посветено за да станат нешто,немаат проживеано ко што треба и на крај вака несреќно да го изгубат својот живот.Не е фер!
ПОЧИВАЈ ВО МИР!
 
Почивај во мир.

Во ист ден кога на тренинг почина и кајакарот Џерџ Колонич најверојатно од срцев удар.

Почивајте во мир.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom