Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да има искуство со бета блокатор Небилет?
Конкретно, имам тахикардија. На резултати од систематскиот од крајот на Септември ми дијагностицираат Тахикардија. Резултатите ги добив во декември и од тогаш редовно мерам пулс. Насабајле пулс 80-85, навечер стигнував до 110.
Пред некој ден бев на кардиолог. По направени крвни анализи, ехо на срце и анализа на претходни мои резултати, ми препиша Небилет од 5мг, но по препорака на матичен почнав со 2,5 мг.
По ехографија имам здебелен ѕид на двете предкомори.
Не сум пушач, испитана тироидна жлезда и прегледана на ЕХО, се во ред.
Сега насабајле имам исто 80-85, додека навечер 90-100. Кафе пијам само 1 (ретко 2) на ден.
Притисок сега околу 120-80 (одсекогаш ми беше околу 130-80).
п.с. Во април минатата година прележав Ковид со 8 дена температура и константен пулс од 130-140.
Не знам колку е ова поврзано, некако кардиологот го занемари овој факт.
Прашањето ми е дали треба повеќе физички активности или во овој момент следење и зголемување на дозата од Небилет?
...вовед на нов лек доколку не е акутна состојбата секогаш се почнува со најниска доза и е потребно време да речеме две недели кај бета блокатори за да ја стабилизира ситуацијата и да се има некоја шема во кое време во текот на денот и која доза да се земе што е индивидуално кај секој човек без разлика на општото упатство на лекот,
...ако имаш понагласена тахикардија навечер зошто би го пиел лекот наутро, односно да истиот се распредели и наутро и навечер,
... дали си го испитал кортизолот да речеме испровоцирано лачење поради твоја појачана и константна стресна состојба,
 
Последно уредено:

Колку милиметри е ѕидот на предкоморите и поточно IVSd да кажеш? Направи ли холтер 24 ЕКГ?
 
IVS е 15мм (7-11). Кардиологот беше на став да стави холтер 24 ЕКГ со цел да види дали има аритмии или разлики во пулс, но после Ехографијата рече дека не е потребно и доволна му е снимката. Инсистираше да ја провериме функцијата на тироидна жлезда иако на ЕХО беше во ред, излезе и по параметри на крв дека е во ред. Инаку во наодот: Ехокардиографски постои сочувана систолна и дијастолна функција со лесна хипертрофија на ИВС, без сегментни испади во кинетика....
 
...вовед на нов лек доколку не е акутна состојбата секогаш се почнува со најниска доза и е потребно време да речеме две недели кај бета блокатори за да ја стабилизира ситуацијата и да се има некоја шема во кое време во текот на денот и која доза да се земе што е индивидуално кај секој човек без разлика на општото упатство на лекот,
...ако имаш понагласена тахикардија навечер зошто би го пиел лекот наутро, односно да истиот се распредели и наутро и навечер,
... дали си го испитал кортизолот да речеме испровоцирано лачење поради твоја појачана и константна стресна состојба,
Колку што видов овој лек е од 1/4 до максимални 2 таблети од по 5мг. Баш како по твоите препораки матичната препорача да се почне со 1/2 (кардиологот имаше напишано 1 дневно по 5мг). Прочитав дека потребно време е од 1-2 недели, а кај некои и 4 недели.
Јас го пијам 4 дена до денес, секое утро во исто време (препораките се секој ден во исто време).
Наутро го пијам со цел во текот на денот да не дојде до забрзан пулс прекумерно, додека во текот на ноќта и наутро секако ми понизок пулсот.
Кортизол немам испитано, стресна состојба може да се каже со оглед на менаџерска позиција. Но, тахикардијата ми е открена на крајот на септември кога воопшто не работев на оваа позиција, и немав речиси никакви стресови.
Да нагласам, пред 20 години (кога имав 13 години) бев на испитување на кардиологија со сомнение на шум на срце, кое беше отфрлено од страна на кардиолог. Повремената болка во градите тогаш, ми ја објаснија дека срцето е мускул и дека расте и е нормално.
Инаку од кога знам за мене (само немам мерено), срцето ми чука доста брзо.
(кога спиевме со девојката (сега сопруга), многу често коментиравме дека моето срце чука дупло побрзо од нејзиното).
Инаку тегоби апсолутно никакви. Со оглед на тоа дека во последно време физички активности и да немам.
Автоматски споено мислење:

... и ТПО антитела?
Не знам какви се тие, резултатите уште не ми се испратени. Ама мислам беа само ТСХ....
 
post_05ec7797f6004e7f97eafe26b920ceb0_635940014693080000.jpg
...еве случај каде ТСХ е во нормална граница, а ТПО антитела не е, ако се направи лабораторија да се направи како треба, ќе штедиме со претпоставка дека ако ТСХ е во нормални граници другото исто е ОК, е па не мора да значи,
Сега насабајле имам исто 80-85, додека навечер 90-100.
Наутро го пијам со цел во текот на денот да не дојде до забрзан пулс прекумерно, додека во текот на ноќта и наутро секако ми понизок пулсот.
:toe:
 
Последно уредено:
Некој да има искуство со бета блокатор Небилет?
Конкретно, имам тахикардија. На резултати од систематскиот од крајот на Септември ми дијагностицираат Тахикардија. Резултатите ги добив во декември и од тогаш редовно мерам пулс. Насабајле пулс 80-85, навечер стигнував до 110.
Пред некој ден бев на кардиолог. По направени крвни анализи, ехо на срце и анализа на претходни мои резултати, ми препиша Небилет од 5мг, но по препорака на матичен почнав со 2,5 мг.
По ехографија имам здебелен ѕид на двете предкомори.
Не сум пушач, испитана тироидна жлезда и прегледана на ЕХО, се во ред.
Сега насабајле имам исто 80-85, додека навечер 90-100. Кафе пијам само 1 (ретко 2) на ден.
Притисок сега околу 120-80 (одсекогаш ми беше околу 130-80).
п.с. Во април минатата година прележав Ковид со 8 дена температура и константен пулс од 130-140.
Не знам колку е ова поврзано, некако кардиологот го занемари овој факт.
Прашањето ми е дали треба повеќе физички активности или во овој момент следење и зголемување на дозата од Небилет?

Што јадеш, колку сол, колку си тежок и висок?

Како си со енергија, поготово качување на скали, кога се будиш како се осеќаш, дали имаш пивски стомак? како си со видот, алергии, други симпотми некои, потекување на стапалата? болки во нозете или кичмата? трнење во рацете или нозете? горење? слаба циркулација - варикозни вени? Кога е послесна крвна слика со липиди, и постирај ја.
 
Јадењето ми е ОК, (не јадам џанк фуд), иако во минатото имам јадено доста. Сол внесувам малку, немам проблеми со притисок. Тежина 85кг, висина 185цм.
Со енергија, за пешачење немам никаков проблем, без можам да испешачам 2-3км. (иако ретко пешачам во последно време). За качување скали, секој ден искачувам. (живеам во зграда без лифт, па од влез до мојот стан има 52 скали во еден правец, па неколку пати во денот).
Кога се будам, се осеќам нормално без никакви тегоби, пивски стомак, многу малку.
Вид имам одличен, воопшто не користам наочари за било која работа, алергии немам, симптоми други никакви, ниту потекување на стапалата.
Болка одвреме навреме во кичмата, (мислам од седење на стол цел ден). Циркулација од секогаш одлична, никакви, никакви трнење во раце и нозе.
Триглицериди - 1.00 (<1.9),
Вк холестерол 4.6 (мах 5.00)
Ако има потреба ќе ти ја испратам во приватна порака
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 322255
...еве случај каде ТСХ е во нормална граница, а ТПО антитела не е, ако се направи лабораторија да се направи како треба, ќе штедиме со претпоставка дека ако ТСХ е во нормални граници другото исто е ОК, е па не мора да значи,

:toe:
Ќе побарам денес да ми го испратат резултатот електронски, ми се јавија по телефон само.
Што точно испитаа не знам, во лабараторија на Кардиологот беше.
 
Јадењето ми е ОК, (не јадам џанк фуд), иако во минатото имам јадено доста. Сол внесувам малку, немам проблеми со притисок. Тежина 85кг, висина 185цм.
Со енергија, за пешачење немам никаков проблем, без можам да испешачам 2-3км. (иако ретко пешачам во последно време). За качување скали, секој ден искачувам. (живеам во зграда без лифт, па од влез до мојот стан има 52 скали во еден правец, па неколку пати во денот).
Кога се будам, се осеќам нормално без никакви тегоби, пивски стомак, многу малку.
Вид имам одличен, воопшто не користам наочари за било која работа, алергии немам, симптоми други никакви, ниту потекување на стапалата.
Болка одвреме навреме во кичмата, (мислам од седење на стол цел ден). Циркулација од секогаш одлична, никакви, никакви трнење во раце и нозе.
Триглицериди - 1.00 (<1.9),
Вк холестерол 4.6 (мах 5.00)
Ако има потреба ќе ти ја испратам во приватна порака
Автоматски споено мислење:

Ќе побарам денес да ми го испратат резултатот електронски, ми се јавија по телефон само.
Што точно испитаа не знам, во лабараторија на Кардиологот беше.

Делува ок, прати во пп LDL ако имаш правено анализа.
 
Што јадеш, колку сол, колку си тежок и висок?

Како си со енергија, поготово качување на скали, кога се будиш како се осеќаш, дали имаш пивски стомак? како си со видот, алергии, други симпотми некои, потекување на стапалата? болки во нозете или кичмата? трнење во рацете или нозете? горење? слаба циркулација - варикозни вени? Кога е послесна крвна слика со липиди, и постирај ја.
ice_screenshot_20220216-164740.jpeg
...може јас накратко да ти одговорам на твоите прашања? човекот има горе доле години колку постирал, нема 70 години! :icon_lol:
 
После на контрола каде ќе идеш?
Кај кардиологот, матичниот или на форум?
На контрола секако ќе идам кај кардиолог, веројатно ти не одиш кај матичниот за такви работи.
Но тоа не значи дека нема да отидам и на друг доктор да побарам второ мислење, или дека нема да слушнам мислење на некој од форумот.
Имам толку искуства по болниците за мои блиски луѓе и кога се работи за здравје апсолутно не ми е проблем да прашам секој, што не значи дека ќе го послушам.
Првично побарав упат од матичната до интернист па да му кажам да ме препрати на Кардиологија, почна да ми дроби како било тоа непочитување, требало интернист да ме води.... (кај нас интернистите немаат Ехо на срце да направат, да не зборувам за холтер или други работи....)
Јас на 33 години секако сакам да добијам веродостојни и искрени информации, а не да пробуваме лекови па што биде биде...
 
... само како за пример, како треба и второ, а богами и трето мислење, токму кардиологот му го препорачал на еден рандом пациент антиаритмик лек - Амиодарон, па наместо подобрување на срцевиот ритам, напротив влошување на ситуација, ама запнал како пијан за плот тој лек па тој, зголеми доза, чекај има време ќе делува, арно ама тој кардиолог не знаел да ја поврзе таа аритмија (тахикардија) со токму скриени проблеми со тироидна жлезда токму само со покачена ТПО антитела, па лекот Амиодарон уште повеќе му ја влоши ситуацијата поради содржина на јод, па пациентот секојдневно внесувал уште и уште јод преку тој лек против тахикардија и аритмија, па нормално дека ќе му се влоши стиуацијата, кога на Хашимото синдром не му треба јод, а самата ситуација доведува до тахикардија, се вртиме во круг!
 
IVS е 15мм (7-11). Кардиологот беше на став да стави холтер 24 ЕКГ со цел да види дали има аритмии или разлики во пулс, но после Ехографијата рече дека не е потребно и доволна му е снимката. Инсистираше да ја провериме функцијата на тироидна жлезда иако на ЕХО беше во ред, излезе и по параметри на крв дека е во ред. Инаку во наодот: Ехокардиографски постои сочувана систолна и дијастолна функција со лесна хипертрофија на ИВС, без сегментни испади во кинетика....
Малку ми е нелогично да имаш IVS 15 милиметри и зачувана дијастолична функција. Многу ретко 33 годишен да има толкав IVS. Обично се задебелува кај озбилни спортисти или кај пациенти со долгогодишна хипертензија. Сепак потребно е да направиш холтер EKG да се види дали имаш аритмии или процентуално колкав е бројот на екстра систоли.
 
Ти го испратив наодот во ПП. Кардиологот тврдеше дека е можно здебелувањето да биде на спортист (не сум тој), проблеми со тероидна жлезда (првични резултати на крв и ехо не укажуваат на тоа), постојан стрес (не знам како може да се утврди тоа) или генетика. (до сега кај никој од моите нема утврдено такво нешто).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom