Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
од првото купче до слики, третата е најблиску до тоа што го имам јас
Автоматски споено мислење:

сепак ќе појдам до офталмолог деновиве.
притисок баш мерам деновиве ми е ок 115-125/60-70
Бјонс се потруди детално да ти објасни и да ти помогне...алал нека и е на трпението и заложбата да помогне на секој што има мака.
Твое е да кажеш што ти рекоа на лекар.
Поздрав
 
Исхрана за постаро лице кое има мака од констипација во последниве две недели?
овошјето го зголеми и вода и чај пие поредовно.
Што треба да јади конкретно а што да избегава?
 
Направете и бомбици и нема да има проблем.
100 гр.суво грозје.
100 гр.суви сливи без семка.
100 гр.суви смокви.
50 гр.рефус алкалекс.
Сето ова се меша во блендер, нутри булит или во машина за мелење месо, зависи што имате дома и се прават околу 30 Тина топчиња, бомбици.
Се јаде една бомбица навечер со две чаши вода.
 
... јас сум против секаков чај или таблети за прочистување како што е „алкалакс“ или било која „сена микс“ комбинација посебно кај постарите особи,
констипацијата /запек/ тврда столица/ може да биде како последица од некои лекови или едноставно поради возраста и проблеми со дигестијата па ете во моментот има „мрзливи црева“ или поради недвижење особата повеќе лежи (намален моталитет на цревата) или поради не баш добра цревна флора што не си ја прават својата улога, па е препорачливо пробиотик за обновување на таа цревна флора за подобра дигестија или пак да се вклучи во јадењето ферментирана храна како кисели краставички, јогурт, кисела зелка,

DVHMUIq.jpg
SNzSjKJ.jpg

инаку ДА! непишано правило е да смоквите во било која форма и сувите сливи даваат подобра перисталтика и подобра дефекација, а истовремено избегнување на исхрана која се применува во спротивен случај(пролив) како ориз, банани, леб, компир, гриз сето тоа „ќе стега“ дополнително,
инаку многу важен момент е самото движење на особата, таа се движи, цревата се движат, перисталтика работи и помали и почести оброци за да има циркулативно во текот на денот храна во црева да може да го потиснува следниот оброк претхониот оброк, зошто телото секогаш во дебелото црево држи мала резерва од храна што се остранува секогаш со сите тие чаеви за прочистување, или лизгачки лубрикантни супстанци (масло, ленено семе, рицинус, парафин) и треба време да се „наполни“ таа резерва што на пациентот пак се повторува констипацијата од некој ден и јово на ново пак чај за прочистување и масло и пак „резервата“ ја нема!
 
Последно уредено:
Здраво, ми треба совет за постара личност на возраст од околу 65 години. Се работи за болка во градите, придружена со болка (минимално кочење) на левата рака и во последно време и левата нога, но без потешкотии во дишењето и без гадење. Болката се појавува веќе неколку години и трае околу месец дена. До сега ниту еден кардиолог нема пронајдено проблеми со срцето.
Ми треба совет за на кој оддел да се упатам и можни дијагнози за симптомите. Фала однапред.
 
На гастро да оди да го провери желудецот. Oва исто така може да е од невропатија дефицит на б витамини/магнезиум.
Автоматски споено мислење:

Исхрана за постаро лице кое има мака од констипација во последниве две недели?
овошјето го зголеми и вода и чај пие поредовно.
Што треба да јади конкретно а што да избегава?

Aко има проблеми со варење, овошје многу и вода, ама да се без лушпа.

Да избегнува,

1. Пржена храна и зејтини сем вистински ладно цеден маслинов (да не се готови со него)

2. Млечни продукти, сувомеснати, маргарин, јајца.

АКо нема проблеми со лактоза, може да пие по 1 чаша баланс + јогурт на ден. Исто така да супелементира магнезиум како и б комплекс.
 
Последно уредено:
Здраво, ми треба совет за постара личност на возраст од околу 65 години. Се работи за болка во градите, придружена со болка (минимално кочење) на левата рака и во последно време и левата нога, но без потешкотии во дишењето и без гадење. Болката се појавува веќе неколку години и трае околу месец дена. До сега ниту еден кардиолог нема пронајдено проблеми со срцето.
Ми треба совет за на кој оддел да се упатам и можни дијагнози за симптомите. Фала однапред.
Доколку има ризик фактори како: висок крвен притисок, висок холестерол, дијабетес, пушење цигари, родители со кардиоваскуларни заболувања и стегање на градите. Да оди да си направи коронароангиографија. 65 годишна возраст и тие симптоми не се за занемарување!
 
Па кажа ни еден кардиолог не нашол проблем, шансата да бил само на ЕКГ или стрес тест а никој да не му направил барем ехо кардиографија (не е исто ама солиден тест е) е прилично мала.

ГЕРД ги прави истите симптоми без кочењето.
 
Пациентката има симптоми. Што треба да чека? Да падне плафон?
 
Ако имаше некој од тие ризик фактори ваљда ќе спомнеше, од мене никој не е повеќе за тестирање, ама со оглед дека повеќе пати биле на кардиолог некако ми е неверојатно никој ништо да не најде.
 
Во МК на тие години, речиси и да нема човек што не пуши цигари, без висок притисок и без висок холестерол. Затоа и ги набројав ризик факторите.

Ехокардиографијата и стрес тестот-ЕКГ (со исклучок на стрес тест со магнетна резонанца или ехокардиографија) имаат сензитивност помала од 50%
 
Последно уредено:
Во МК на тие години, речиси и да нема човек што не пуши цигари, без висок притисок и без висок холестерол. Затоа и ги набројав ризик факторите.

Богами.....

На тој lifestyle и исхрана не може повеќе да се очекува.....
 
Здраво, ми треба совет за постара личност на возраст од околу 65 години. Се работи за болка во градите, придружена со болка (минимално кочење) на левата рака и во последно време и левата нога, но без потешкотии во дишењето и без гадење. Болката се појавува веќе неколку години и трае околу месец дена. До сега ниту еден кардиолог нема пронајдено проблеми со срцето.
Ми треба совет за на кој оддел да се упатам и можни дијагнози за симптомите. Фала однапред.
Мое мислење е да се појде на невролог
 
Доколку има ризик фактори како: висок крвен притисок, висок холестерол, дијабетес, пушење цигари, родители со кардиоваскуларни заболувања и стегање на градите. Да оди да си направи коронароангиографија. 65 годишна возраст и тие симптоми не се за занемарување!

Од ризик факторите има само висок холестерол и родители кои имаа такви заболувања. На кардиолог до сега само има направено стрестест, ехо и екг и ништо не беше пронајдено.
 
... сега искрено не знам што подразбираш под „пукнат капилар„ зашто ако ти е пукнат капиларот значи крвта од тој капилар ти истече и на око имаш црвена дамка што не верувам дека така ќе седиш 2 месеци, можеби имаш некој „изразен“ капилар кој би требало да помине, а две недели (акутен иритис) ќе беа доволни да се повлече,
FvdllHU.jpg
kDef2fY.jpg
LWZNShA.jpg

...може не е ништо, си кивнал силно, си ги истрил очите силно, ама вака два месеци да ти стои пукнат капилар? или имаш континуиран висок крвен притисок? како стоиш со тоа? или можеби е некое воспаление (ама не те боли, не те чеша, не ти солзи окото)? :toe:
X1zFNqj.jpg
w2huxqk.jpg
4Pw2F1D.jpg

да беше херпес ќе те болеше и не ќе можеше на светло да гледаш, може имаш покачен интраокуларен притисок(глауком), може некој коњуктивитис? носиш наочари имаш астигматизам, па носиш контакти сочива?
све може да имаш, а може ништо да немаш!!!
... затоа најдобро, утре на очен лекар! (y)
Бев на лекар. Капки ми даде и плус гратис диоптрија ми најде.
 
Attachments

  • 1.jpg
    1.jpg
    183,9 KB · Прегледи: 20
  • 2.jpg
    2.jpg
    168,9 KB · Прегледи: 20

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom