Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
људи дај помагајте!
Итно е!
Исфрлив целио со ситни брунки, по цело тело. Локациите се мењат на пола саат, ту се појават ту ги снема..
Изгледа е некоја алергија и првпат ми се дешава овоа. Ај некој ако има онлајн некој совет да дае шо да праам. И неам апчиња за алергија, никогаш не ми требале.
HELP!! :place:
 
може да ти е од храна, може да ти е од неиспрани добро алишта...
за ноќва чим немаш апчиња, легни да спиеш што да ти кажам а утре, земи лоратадин лек од аптека и пиј го према упатството. Или па на матичен нела ти стават инекција урбазон и што уште нешто ставаа не ми текнува. И на диета некој ден, двопек, чај, вода и ништо друго за да се исчистиш. Сто посто е од храна како што читам.
 
од храна е, и ја така заклучив ама ништо сумљиво не јадев, ролат, бискоти и млеко и факин шпагети. Сето тоа сум го јадел и предтоа, а алиштата не се пошо дел од нив и вчера носев а другите не врувам нешто да се. Пробав да спијам, no fuckin way, убило ме чешање. Ќе одам утре на доктор. Фала у секој случај
 
ее другар и јас еднаш паштета што мачкав со рок на траење што имаше бајаги уште, легнав ноќта и се подув ко слон, прстите ми станаа ко ќебапи, сред ноќта мислев комарци ме испоизеле, кога се видов сабајлето:pos: После мајка ми кажа дека мирисала чудно паштетата, малце закасни женава со реакцијата ама нема везе. Примав инекции оти не можев да сум на диета тој период, ќе умрев, иначе пробај сеа лето сме уште, ќе издржиш некој ден
 
људи дај помагајте!
Итно е!
Исфрлив целио со ситни брунки, по цело тело. Локациите се мењат на пола саат, ту се појават ту ги снема..
Изгледа е некоја алергија и првпат ми се дешава овоа. Ај некој ако има онлајн некој совет да дае шо да праам. И неам апчиња за алергија, никогаш не ми требале.
HELP!! :place:

За да полесно заспиеш испи едно парацетамол. Најчесто со алергија иди и температурата. Мавни колку што можеш да издржиш ладен туш. После тушот ќе спијаш ко јаренце. А за утре се сложувам со Ilumious лоратадин ќе ти помогне позз
 
истуширав се двапати од прееска, мислев некоја инфекција е или шо ти знам, и парацетамол пив. Ај ќе помине ноќта.. туку ногу е јако шо ги снемува за минута. Од едната рака идат на другата, а ја не ни приметам :icon_lol: Ќе гледам некој филм и ќе чекам да ми се приспие. фала дечки <3
 
Ај да се обратам и овде за совет. Досега не се најде решение, па може некој кајганџија ќе ја одгатне загаткава: Се работи за девојка 24 год, која скоро 2 год чуствува болки во градите,стегање,сечење. Девојката беше на рентген за гради-ОК, беше на екг и ехо на срце-ОК, беше на гастроскопија-ОК, беше на хормонални испитувања и др работи преку крв-ОК, снимање на глава на магнетна резонанца-ОК. Од сите овие испитувања доби одговор од лекарите дека има нежни,чуствителни гради и дека вентилот од желудникот и бил полабав што може да прави компликации ама не толкави колку што има девојкава. Матичниот лекар од (не)знаење многу и рече дека и е на психичка база т.е. од нервози,стрес итн што спрема мене го користат докторите кога немаат ДОКАЗ за настанатата компликација. А баш девојкава не е некоја депресивна личност, и кога ја болат градите се труди да ја игнорира болката така да не е некоја што може да померува планини со умот.
Дали има плус некое друго испитување што не е направено а може да се направи за да се открие проблемов? Дали постојат некои третмани, лекарства да ги ојачаат тие чуствителни гради?
Молам за совет бидејќи нема никој таков досега да застане и да рече ова ти е,она ти е,само си препишуваат апчиња кои досега ниедни од нив не помогнале. Овој проблем веќе делува на психата а не психата на проблемот.
 
Веројатно преостанува уште белите дробови да ги провери. Браво што се трудите да стигнете до коренот на проблемов.
 
За да полесно заспиеш испи едно парацетамол. Најчесто со алергија иди и температурата. Мавни колку што можеш да издржиш ладен туш. После тушот ќе спијаш ко јаренце. А за утре се сложувам со Ilumious лоратадин ќе ти помогне позз

Како советуваш да пие парацетамол кога има алергија?! Кога е активна алергијата не смее да се земаат било какви други лекови освен лекови против алергија бидејќи може да поттикнат уште побурна реакција и покрај тоа што во вообичаени услови некој не е алергичен на нив!
Andrew се надевам отиде на доктор. Тоа што не си јадел нешто невообичаено не значи дека не може да е алергијата од храна бидејќи некогаш одредена комбинација на различна храна може да доведе до реакција. Пример, вчера си јадел аргета и леб од жито лукс, а денес паштета од мик и леб од локалната пекара кај што користат различни адитиви и таа комбинација може да ти предизвика алергија. Како и да е, ако ти прошло и не си отишол, купи си Летизен и имај го за секој случај, па друг пат кога ќе ти се појави веднаш земи. Ама пак ќе кажам, пред сѐ, најдобро би било да одиш на доктор.

И запамтете децо, кога имате алергија не земајте никакви лекови освен антихистаминици, а ако гледате дека се шири неконтролирано - право на доктор!
 
.

Слажем се, штетно е да се пие летизен подолго време? :cautious:
 
Молам за совет бидејќи нема никој таков досега да застане и да рече ова ти е,она ти е,само си препишуваат апчиња кои досега ниедни од нив не помогнале. Овој проблем веќе делува на психата а не психата на проблемот.

Девојката била на сите можни испитувања и треба веќе да се тргне од доктори, такви болки можат да се јават и поради гастритис како и анкциозност. Ако некој не померува планини или не покажува знаци на вознемиреност, паника не значи дека не пати од анкциозност. Толку испитувања на 24 години, тоа е превише.
 
Два дена маки мачам со отечени крајници и температура констатно. Вчера утрото успеав да влезам по неколку часа чекање кај матичниот лекар и ми препиша антибиотик Цефаликсин и Андол за температурата, но нема никакво подобрување.
Во меѓувреме пијам чаеви и внесувам течности колку што можам повеќе. Некое чаре да помини побрзо ова чудово оти утре треба да одам на пат? Кај матичниот нема шанси повеќе да појдам во ваква сосотојба, човекот си пишал еден милион пациенти и ќе колабрирам додека влезам.

Пробај да правиш гаргара со прополис капки, мене тоа ми има помогнато кога имав проблеми со крајниците.
Ги има по аптеките, се ставаат мислам 20-тина капки во чаша вода и се прави гаргара неколку пати дневно (во упатството е убаво објаснето).
 
Како советуваш да пие парацетамол кога има алергија?! Кога е активна алергијата не смее да се земаат било какви други лекови освен лекови против алергија бидејќи може да поттикнат уште побурна реакција и покрај тоа што во вообичаени услови некој не е алергичен на нив!

До сега не сум слушнала парацетамол да ја поттикне алергијата. Апчето не содржи никакви алергени што ќе ја зачинат алергијата. Наспроти тоа делува на имунолошкиот систем и ја намалува активноста на леукоцитите. Со тоа и го забавува базалниот метаболизам - ја намалува температурата така да ја смирува на некој начин алергијата.
Како што рече за алергија се знае дека треба да се зема антихистаминици- за која доза се препорачува во зависност од активноста на алергијата, со консултирање на доктор или фармацевт.
Парацетамолот се користи како антипиретик (намалување на температурата) и како аналгетик(против болка).
Активноста на хистаминот (хормонот што ја поттикнува алергијата) може да даде реакција на алергените.
 
Веројатно преостанува уште белите дробови да ги провери. Браво што се трудите да стигнете до коренот на проблемов.

Уште каква проверка на белите дробови? Рентген и спироемтрија има направено, не знам што уште има за проверување?

Девојката била на сите можни испитувања и треба веќе да се тргне од доктори, такви болки можат да се јават и поради гастритис како и анкциозност. Ако некој не померува планини или не покажува знаци на вознемиреност, паника не значи дека не пати од анкциозност. Толку испитувања на 24 години, тоа е превише.

Со гастроскопијата се отстрани можноста за некое желудочно заболување,а за анксиозност пиеше Хелекс ама пак ќе речам нема позитивни резултати од ниедна терапија засега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom