Девојки, дали ви годи да ве опсипуваат со комплименти?

  • Креатор на темата Креатор на темата FrizeN
  • Време на започнување Време на започнување
Ете така. Баш така. Го долови. :)

Значи да повториме. Седиш на шанк си пиеш пијачка се забавувате со другарките и доаѓа тип.
Тип бр.1 Интелектуален фин дечко, прво се претставува, очекува да возвратиш, те понудува пијалок и почнува да дели комплименти, ама не е баш по твој вкус и му викаш абе ајде

Тип бр.2 Само иде и ти се топиш, пропаѓаш ,секој негов збор го сметаш како комплимент, и да е навредлив ке си го испревртиш како што тебе ти одговара ќе го сватиш како шала само да не му речиш абе ајде

Дали се согласуваш дека не е до комплиментите и примаш комплименти само од одредени ликови, а другите не ги перцепираш?
 
Имаш проблем во поставување на ситуациите.
За да ми се допадне некој мора да биде интелектуалецот од првиот пример. Не сакам нападни луѓе, го потенцирав тоа веќе во претходниот пост.
И да, не е до комплиментите, туку до човекот кој ги дава секогаш.
 
Значи да повториме. Седиш на шанк си пиеш пијачка се забавувате со другарките и доаѓа тип.
Тип бр.1 Интелектуален фин дечко, прво се претставува, очекува да возвратиш, те понудува пијалок и почнува да дели комплименти, ама не е баш по твој вкус и му викаш абе ајде

Тип бр.2 Само иде и ти се топиш, пропаѓаш ,секој негов збор го сметаш како комплимент, и да е навредлив ке си го испревртиш како што тебе ти одговара ќе го сватиш како шала само да не му речиш абе ајде

Дали се согласуваш дека не е до комплиментите и примаш комплименти само од одредени ликови, а другите не ги перцепираш?
Тоа е многу нормална работа, незнам што е чудно тука.
 
не ми годи баш,морам да ги анализирам тогаш,ме нервира.сакам оригиналност,спонтаност.
 
Не сакам комплименти, ми пречи, ми дава чувство на срам, уште па на почеток ќе се сомневам во чесните намери на пријателот ( хахаха ова чесни чиниш ко калуѓерка да сум) како и да е, зависи и на кој начин се упатени, ако некој ко дожд од ведро небо врне со комплименти сигурно не е на арно, нека олади малце, а ако уз муабет ми каже пр.па се забележува дека вежбаш например добра линија, тогаш е друго. Значи фрекфентноста и начинот. А после во врска, комплименти од мојот маж многу ми годат, ако и после една година ми вика колку си убава, секако ми годи.
Делете комплименти само кога навистина го мислите тоа, а со особа што ве фасцинира сами по себе ќе си дојдат. Премногу слаткоречитост не чини, делува извештачено и досадно.
 
Ако каже НЕ, лаже.

Ако каже да но да не претерува, ја кажува вистината.

Ако каже да ми годи ( читај наслов ) бегај брате додека е време :)
 
Кај нас зенските толку многу се губат, незнаат како да се понашаат па влагаа у некој глуп филм во стилот - колку повеќе корпи ке мавнеш - толку си појака пи*ка. Секоја чест на оние нормалните, фини девојки. кои имаат свој став... а и многу има искомпчексирани.....иначе немој многу да ги тинтраш со комплименти, што си по кретен повеќе ке те сакаат, нормално во комбинација со полн новчаник.
 
Пак има грешка во насловов! Осип значи исфрлање, `ко пликче на кожата - алергиско исфрлање, а опсипување значи натрупување, натоварување, покривање, во случајов со дарови.

Dfaq is wrong with me 2day? Идам по темиве и дообјаснувам термини. :tapp:

Вниманието и нежноста многу ми значат, ама не и непотребно расфрлање со зборови.
 
Која девојка не сака комплименти ? Туку кога јазикот знае да се одврзе тогаш кога треба и комплиметите да бидат во вистинско место и време, тогаш навистина ни годат. Без претерување и без безобразности. Кратки пофалби за изгледот, интелигенцијата, карактерот...од време на време :)
 
Да нормално, нема некој да не сака, не постои ни девојка,ни дечко на кој не му е убаво, сите сакаат кога ќе те пофалат или кажат убав збор НО ако е искрен. Лажните, лигави комплименти упатени од користољубие за да добијат некоја цел од тебе, ми се напорни и боли глава од нив, не ми се слушаат.
 
Не ми годи да ме опсипуваат. Сакам комплименти, ама со усул. Ако секој 2 збор му е комплимент, ми паѓа глупаво и напорно...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom