Девојката која немаше партиска книшка

  • Креатор на темата Креатор на темата paskal
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Исто јас не разбирам кои се причините шо ги дискредитираш нашите студенти секоја генерација си има по еден таков студент со висок просек , јас никој не дискредитирам ако ме читаше внимателно ќе сфатеше шо сакам да кажам , нека им се даде предност еднаш на нашите студенти тука што дипломирале , кои веќе работат години во факултетите и чекаат шанса , секоја година истите тие луѓе пополнуваат по најмалку 50 апликации за работа одат на 30 интервјуа а не добиваат ни еден повратен одговор. Јас исто гледам на неа како и на секој друг студент кој дипломирал тука а има висок просек , не е фер вие да ги деградирате нашите студенти единствено што немале пари да студираат да магистрираат на не знам кој европски или светски универзитет само затоа што на повечќето родителите им се земојоделци и мака мачат да ги студираат по државните факултети , секоја чест што девојката успеала да заврши таму но пополнала само една апликација за работа и тоа во универзитет и ја одбиле и сега треба да ја жалиме , нека си ја проба среќата во друг институт ако толку ја бива ќе се снајди на друго место во друга институција тоа за неа не треба да претставува проблем

Не ги деградирам нашите студенти, туку кажувам за конкретниот случај.
Нема потреба да го идентификуваш во група противкандидатот на девојката.
Противкандидатот што ја добил работата имал просек од 8.86 и поднесено за печатење само еден научен труд, и ја добил работата оти бил лојален кон претпоставените.
Верувај дека не сакаш да слушнеш што мислам кога за некој ќе се каже дека добил унапредување или работа оти бил лојален кон претпоставените.
 
Не знам зошто сите мислите дека девојката ако има завршено во Кембриџ мора да има пари за тоа? Па и Оксфорд и Кембриџ даваат целосни стипендии. Јас познавам девојче која со своите родители и брат се однесени од Босна за време на војната во Британија, кога дошло време за запишување на факултет си конкурирала и успеала да влезе на Оксфорд. Девојчето имала највисок просек во генерацијата, ја добила честа да ја прошета кралицата низ универзитетот кога била на посета. И не останала само на Оксфорд, магистерски продолжила на Харвард. Сега нејзиниот брат оди по нејзините стапки, со тоа што тој е стипендист на Кембриџ. И не ја задржале, од проста причина што таму има голем број на студенти, мнооогу голема бројка годишно дипломира со што се зголемува и бројот на квалитетен кадар што излегува. Меѓутоа предноста што и ја носи дипломата е голема. За поздрав е тоа што сепак девојчево не премолчило, како што ние знаеме да молчиме. И ние имаме кадри, ама искрено досега немам прочитано дека некој се осмелил вака да се обрати.
 
Добро бре луѓе, не ви е ли болно тоа што ваква деформација на вредности се претставува како нормална работа, и така и се доживува? Не ви пречи ли тоа? Па уште и коментари од љубоморни девојчиња да не барала одма, не ни дочитале што кажува жената. Ви ги кажува кои биле критериумите за тоа работно место, кои критериуми она сите ги исполнила, а примиле кандидат што не ги исполнува. Што е толку комплицирано.. Не знам што туку си земате за право да објаснувате за останатите нејзини животни избори, објаснила што е конкретниот проблем.

Свашта значи, ќе експлодирам од простотилакот и ограниченоста на народов..

50 % од сите што аплицираат за работа можат да го кажат истово.
Ништо ново.
 
50 % од сите што аплицираат за работа можат да го кажат истово.
Ништо ново.
Добро бре луѓе, не ви е ли болно тоа што ваква деформација на вредности се претставува како нормална работа, и така и се доживува? Не ви пречи ли тоа?
Видиш како сама си докажа..
 
Ми пречи, ужасно ми пречи и ме нервира.

Али нити ќе смени таа нешто со писма, нити уште 100 вакви писма да им стигнат на факултетиве.
 
Кембриџ бла бла бла, уким дрн дрн дрн , ману се тресе у ладна вода.
Запомнете што е битно не е битна ни книшка ни чуда ни врагови битно е : Чичо, Вујче, Дедо,Баба, Тета,
Колку е спремен тоест колку го бива или не го бива поединецот ако си квалитет ок ке пројдеш секаде, ако не ќе лижеш гзови за да мрднеш од мртва точка ако и за тоа не те бива те чека некој СП маркет, тинекс или бутик.
Ма џабе ти се и факултети и просеци и 9,9 просек ако си нема појма од животот.
Просто и едноставно.
Се, се ама едно нешто ме чуди, ако била толку квалитет и мозок ШТО КОЈ МОЈ барала да се враќа овде ??
 
Кој дел од мојте постој не го разбираш да пробам да ти го дообјаснам шо нон стоп ме цитираш ? Упорно пробвам да објаснам и во секој следен пост се дообјаснувам ко ти се смерачи толку земи ја давај му ти плата +ако има висок просек на горе спомнатиот факултет по дифолт не значи дека и ќе биди исто добар професор и предавачтаја можеби има 12 трудови шо прајме со овие нашиве вечнии демонстратори по 12 години шо работат за ич пари можеби и повеќе квалитетни , и тие пишуваат трудови се мачат учат бркаат просек , години работат и на крајот ништо
Дај кажи колку се трудат, се мачат и работат? Повеќе е лежи лебу да те јадам. Да си професор у државава е исто ко да си бог. Боље професор да бидеш него ли премиер, ништо не те бута.
Државата изготвува стратегија за привлекување на онаа интелектуална сила која заминала од тука, за да на терен им ја удри клоцата. Веќе кога изготвуваат таква стратегија веројатно тие кандидати треба и предност да имаат.
 
Имаше случај на Битолскиот универзитет во Биотехнички ми се чини баш пред неколку месеци , исто така студент на генерацијата , ако ја најдам статијата ќе ја постирам тука. Се работеше исто за магистрант со долги години работно искуство во истоимениот факултет а потоа запиша и докторат за по извесно време откако докторира и требаше да и обезбедат соодветно место ја шутнаа . Се жалеше не по весници не по медиуми ама џабе е сега немојте да ми речите дека се работи за помалку квалитетна само затоа што запиша студии на наш универзитет , значи ги има еден куп такви случаи .не сакам да им давате предност на тие што имале можност да студираат надвор од државата , кога веќе си го одбрале тој пат нека си одат по него .
 
Не за напинајте толку за тоа каде студирала или не. Друг е проблемот: Во Македонија и да вредиш како личност/научник/студент тоа баш ништо не ти значи ако немаш врски, дали се фамилијарни или партиски. Не се думајте за девојаква, со нејзина диплома и покажани трудови може секаде на светот да работи, таа сигурно нема на улица да остане. Но думајте се за вашата иднина: Вие како (одлични) студенти без врски имате многу помали шанси него што заслужувате. Девојката само укажува на еден екстремно голем проблем кој посебно го чувствуваат младите во Македонија. Иначе ја да бев студент ќе ми беше чест што покомпетентни луѓе да ми предаваат, дури би го барал тоа. Е сега ако одите само онака на факултет колку да имате диплома, тогаш ве разбирам до некаде. Но, верувале или не, има и студенти кој стварно сакаат да научат нешто. И како што кажа еден друг член, не е све до парите што сакала во Македонија да продолжи, нејзино право е да си бира каде сака да оди.
 
Не само прикриена туку и со преќутна согласност од жртвата.
Всушност тажно е, државава страда од Стокхолм синдром(Во случај да не знаеш/те што е тоа, тоа е синдром кој кога затвореник ќе биде измачуван премногу од страна на "господар", и кога господарот ќе му пруже малце милост и некој надворешен ќе проба да му помогне затвореникот почнува да го брани господарот мислејќи дека се грижи за него со покажување на милост).
Си кркаме си чутиме, а моќта е во народот, Американците на пример му кажуваат како ќе биде тие не одат на работа ги блокираат патиштата, сите згради во кој се врши важна работа како на пример брезите и тн, и државата мора да ги слуша инаку нема ништо да чини, кај нас тука ќе се појават мал број на "револуционери" и со мали закани за отказ од работа и тн. сите се прибираат.
 
Имаше случај на Битолскиот универзитет во Биотехнички ми се чини баш пред неколку месеци , исто така студент на генерацијата , ако ја најдам статијата ќе ја постирам тука. Се работеше исто за магистрант со долги години работно искуство во истоимениот факултет а потоа запиша и докторат за по извесно време откако докторира и требаше да и обезбедат соодветно место ја шутнаа . Се жалеше не по весници не по медиуми ама џабе е сега немојте да ми речите дека се работи за помалку квалитетна само затоа што запиша студии на наш универзитет , значи ги има еден куп такви случаи .не сакам да им давате предност на тие што имале можност да студираат надвор од државата , кога веќе си го одбрале тој пат нека си одат по него .

Без навреди, ама универзитетите како Оксфорд, Кембриџ, Јејл и други со таква репутација се светлосни година понапред од универзитети што се на запад а не пак од Македонија, ама ако сме реални. Оваа девојка да аплицираше некаде во Германија, Швајцарија, Франција итн. сместо ќе ја примиле.
 
Ми пречи, ужасно ми пречи и ме нервира.

Али нити ќе смени таа нешто со писма, нити уште 100 вакви писма да им стигнат на факултетиве.
Додека си ќутиме, ќе си тера истиот принцип.
Без разлика што е една, битно е да направиш како единка нешто за неправдата, без разлика на резултатот, ако ништо друго ти ќе знаеш дека си пробала. Јас не ја прифаќам логиката сите одма да се откажеме. Еве може не те разбирам, како ти би го решила проблемов? (Да го оставиш како што си е, или да оставиш на следни генерации не е решавање на проблемот.)
 
Имаше случај на Битолскиот универзитет во Биотехнички ми се чини баш пред неколку месеци , исто така студент на генерацијата , ако ја најдам статијата ќе ја постирам тука. Се работеше исто за магистрант со долги години работно искуство во истоимениот факултет а потоа запиша и докторат за по извесно време откако докторира и требаше да и обезбедат соодветно место ја шутнаа . Се жалеше не по весници не по медиуми ама џабе е сега немојте да ми речите дека се работи за помалку квалитетна само затоа што запиша студии на наш универзитет , значи ги има еден куп такви случаи .не сакам да им давате предност на тие што имале можност да студираат надвор од државата , кога веќе си го одбрале тој пат нека си одат по него .
Ти ако неќеш јас сакам, за мене образовниот систем во Македонија е срање.
 
Без навреди, ама универзитетите како Оксфорд, Кембриџ, Јејл и други со таква репутација се светлосни година понапред од универзитети што се на запад а не пак од Македонија, ама ако сме реални. Оваа девојка да аплицираше некаде во Германија, Швајцарија, Франција итн. сместо ќе ја примиле.
ЈАс не ја нападнав дотичната само стојам на ставот дека истата не треба да се фаворизира зато затоа што имала можност да студира на таков престижен универзитет , еднинствено што сакав е да укажам дека и кај нас има кадри деца кој во никој случај не значи дека се помалку вредни од магистрите со странски дипломи
 
Јасно, но тие го имаат истиот проблем како оваа девојка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom