Devil Dog

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
21.483
Поени од реакции
17.656
Локација
Skopje

Имаше пред некое време за нова врста диво животно, вкрстување на волк и куче , која се раширила во Уса...денес имаше на Травел канал, емисија за луѓе кој се обидуваат да го уловат. Се движи ноќе, брз е но голем и силен, коле добиток од фарми. Во преводот пишуваше 200 кг, мислам е грешка, веројатно најголемите се до 200 либри, околу 70кг, како голем волк, разликата би било што волците се во чопори и во шумите, а овој оди ноќе околу селата, иако и волци одат во селата кај нас. Овој повеќе е во потоплите предели.Јасно дека овие ја снимија емисијата за ноќната потера пред се за публицитет и пари, ѓаолското куче не помине кај стапицата, но се видоа сенки од големо животно слично на волк, а селските кучиња беа возбудени...
Патем, поодамна читав и во Хрватска имало случки на кучиња кој колеле добиток, ги крстија вукопас, а се жалеа селаните дека државата го користи тоа и не исплаќа обештетување. За да докажат дека е див волк треба да го заловат, ако го утепат казната е многу голема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom