Х
Ханзо
Гостин
Не. Ако е детерминирано да лежиш дома, ќе лежиш, без разлика на тоа што ти мислиш дека е причината на лежењето, што е исто така детерминирано. На сите кои го користат овој „милионер“ аргумент, им препорачувам да го расцепкаат времето на помали парчиња, да гледаат во што поблиска точка. Ако е детерминирано да станеш милионер, ќе станеш, поминувајќи низ се она што е детерминирано да се случи до таа точка. Гледај на ова како една книга. Тоа „знам дека ќе станам милионер, па ќе вегетирам“ е како првите страници да се празни, како да имаме слобода да пишуваме што сакаме на тие страници, додека стигнеме до последната глава, на која веќе и ја знаеме содржината. Сега земаме една обична книга, чија содржина ни е непозната, и почнуваме да ја читаме. Се што се случува е веќе запишано на хартијата, но ние не знаеме што е тоа. Како што ја читаме книгата, ја дознаваме содржината, она што веќе сме го прочитале е минатото, она што ќе го прочитаме е иднината. Ние немаме моќ да ја смениме содржината на книгата, туку само да ја спознаваме. Книгата е секое наше дејство, секоја наша мисла. Запишано е се, и вегетирањето и станувањето милионер.Ако се е веќе предодредено и решено однапред како ќе биде и што ќе биде, значи ли тоа дека ние треба само да вегетираме и ништо повеќе?
Запишано е некаде таму, дека јас ќе бидам милионер, на пример. И јас ќе си лежам дома и ќе го чекам тој убав ден. Хммм..
Не верувам дека баш се однапред се знае. Тогаш ние сме само марионети? Не сакам да верувам дека е така.
Не дека не верувам дека постои нешто што се нарекува " виша сила", " Бог" или кој како ја нарекува веќе, ама не сакам да верувам дека сите одлуки се во неговите раце. Зошто тогаш поседуваме волја, разум, интелигенција? Зошто сме воопшто живи?
