Депилација

Па по некоа логика ако камилицата влечи се нанадвор, нели би требало и поткожните влакна да ги извлечи? o_O

Бубамаре, стварно ен сум компетентна да зборувам за депилација, јас се бричам до колена, препони и под мишки. :D
Само ми падна во очи дека дека девојката користи бебешки производи и го кажав моето искуство. Имам многу осетлива кожа и мислев дека бебешките колекции се најпогодни, ама излезе дека не е така. :)
 
Денес се депилирав ко за промена со други ленти - Cera di cupra, колку само ми се нај, на нашиов пазар. И вит и силк можат вода да им носат. Ја имам осетлива кожичка, цела кожа ми се исфрла по малку, па си ставам бебешка пудра тап тап, и одма ми се смирува. :)

Кога не ме мрзи, сама си правам шеќерна паста: 2шолји шеќер, четвртина вода и исто толку сок од лимон. Секогаш ми испаѓа супер, со убава медова боја. Само пазам лом да не напраам по дома. :)
 
Да за депилација, ама никако топла депилација, сите вени ми попуштија од тој проклет топол восок! :mad:
 
Само на козметика,и ќе бидеш тип топ! :D
 
Депилирам раце со топол восок на козметичар.Сега сакам да пробам дома да направам шеќерна паста за нозете....инаку на план сум депилатор да си земам за нозе,раце :)
 
Последно што се депилирав беше со шеќерна паста во салон. Болката е иста како и со топол восок, само нема да ве горат. Ми рече девојката која ме депилираше оти со ова не излегувале подкожни. Ќе пренесам дали е така, пошто планирам да продолжам со ваква депилација. И да, и на препони е подобро од колку со топол восок.
 
Вит лентите ги вадат од корен влакната а вит кремата ги крати, или? И препорака за крема против поткожни. Госпожата гледам пуштила брк па да се потсредиме
 
Вит лентите ги вадат од корен влакната а вит кремата ги крати, или? И препорака за крема против поткожни. Госпожата гледам пуштила брк па да се потсредиме
Jas do sega ne sum cula za krema protiv podkozni. :) Da so krema samo se kratat isto kako so bric, a so lenti se vadat od koren.
 
Си преферирам машинки за депилирање. Има ли некој искусто со водоотпорна машинка?
 
Од кога сум почнала да се депилирам не сум пробала со брич. Депилација е најдоброто нешто според мене. Обично ме депилираат со ладен восок (за една употреба) и тоа цели нозе и интима и немам гајле, сеа дека боли боли ама се издржува...Имам пробано неколку пати со топол восок ама не е ич хигиенски. Исто така еднаш имам пробано ме депилираа со шекерна и иако болеше повеќе од другите се излезе и после тоа немав црвенило и бев многу задоволна само што е дупло поскапо и некако тоа ме кочи. А сега за сега не размислувам за трајна депилација. :)
 
Predlog neso za maski za prv pat so sto da probame????

Пред да почнеш со депилација, пробај прво нешто на мала површина, на пример чупање веѓи. Па ако тоа помогне во твојата цел да изгледаш поженствено, тогаш прејди на депилација со советите што ќе ги добиеш од жените тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom