@puno го бараме пилето на Орелот <3
Тој што лета највисоко!! Си знаел ли дека Орлите биваат напаѓани од Гаврани во прироадата? Која дрскост зар не? Како реагира Орелот? Така напднат, лета највисоко што можи. Кога ќе го однеси Гавранот закачен за него на надморска висина невозможна за негово дишење, гавранот умира. Орелот продолжува, оти на крајот од денот, тој е ултимативниот владетел на небото, нема друга птица. Тој. Величествена креација на Бог, нема што. Живее на карапите околу Манастирот Трескавец во Прилеп. Има гнезда таму, на високо. Голем е до мојата половина. За птица, тоа е многу.
Еден монах ми рече, дека, да видиш Орел во природа, е знак, дека ќе надминиш голема препрека во животот. Јас мојата ја надминав. Одтогаш оваа птица има сентимантално значење за мене. Го осеќам ко мој заштитник.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.