Денешните жени...

Требаше да го дочиташ постот. Тоа што си го цитирал беше како наслов на тема за која зборувам. ;)
А ти знаеш дека постојат сомнежи дека Ајнштајн всушност само ги претставувал откритијата на жена му. Тоа го направиле затоа што во тоа време замисли како би биле гледани откритијата на жената. Уствари ништо поразлично од ова време.
Факт е дека мажите имаат предрасуди за жените. Не сме ништо повеќе ни помалку од вас.
Да, не сме исти и никогаш нема да бидеме. Очигледно е дека постои разлика. Но таа разлика не го прави никого поголем или помал од другиот.
И де која е важната работа на жените во општеството?
 
Важната работа на жените во општеството е да си ги жртвуваат своите кариери, да го посветат поголемиот дел од својот живот за да израснат некој што подоцна ќе пишува по форуми колку се жените поназадни од мажите.
 
Жените имаат поголема улога во воспитувањето на децата. Машко дете кое гледа дека мајка му е слугинка на татко му нормално дека ќе мисли дека и жена му треба да е тоа. Не можеш ти на човек кому мајка му уште му ги пере чорапите да му објасниш дека не треба да се понаша ко дете.
Така што, не е цела вина на овие со кои се расправаме на форум, ами и на тие мајки што папочната врвца требало одамна да ја тргнат.
 
Точно е. Има вина и во оние што им развиле „Мушко дете“ синдром на своите синови, се согласувам.
 
Imashe istrazuvanja i seushte ima dali zenite mozat da proizveduvaat sperma i ako toa se desi nekoj den muzite nema da bidat neophodni za populizacija na svetov sto znaci po pat na selekcija zenite ke imaat potpolna kontrola nad opstanokot na mazite :свиркам:
 
Точно е. Има вина и во оние што им развиле „Мушко дете“ синдром на своите синови, се согласувам.

Па се е до самото воспитување.
Јас иам помал брат. Мене мајка ми ми се обраќа со - Женско си, суреди си ја собата, срамота, не може така да ти стои. Него не го ни замара со тоа, она му ја средува. Жената си пораснала во некоја поблага варијанта на патријахалност и за неа тоа си е сосема нормално. Од друга страна, татко ми уопште не прави разлика меѓу нас и ниеднаш не го употребил тоа - женско си, ниеднаш го немам во живот тоа слушнато. Значи, голема вина има во жените, тие го диктираат тоа темпо на саможртвување зашто се воспитани дека така треба да биде.
Мило ми е само што овие помладиве генерации се свестуваат малце повеќе.
 
Да постоеше вистинска рамноправност меѓу мажите и жените немаше да има потреба за закон кој го потврдува тоа.
Џабе се и закони и се. Тоа ти е пишано правило дека не треба да и кажеш да жена дека е на пониско ниво од тебе само затоа што е жена. А ти дали го мислиш тоа е сосема друга работа и неможе никој да ја смени.
Без разлика на законот, овде нема рамноправност. А и никаде нема.
 
Ајде сега испадна Ајнштајн само ги преставувал откритијата на својата жена, сигурно е исто и за останатите 90% од научници во светот од машки пол :pos:

Важната работа на жените во општеството е да си ги жртвуваат своите кариери, да го посветат поголемиот дел од својот живот за да израснат некој што подоцна ќе пишува по форуми колку се жените поназадни од мажите.

Ама ете погоре што спомнав некои од статистиките се во САД, каде што денес речиси и да нема разлика во поделбата на обврските на машки-женски. Што ги спречува жените тогаш да имаат подобри кариери од мажите ? Инаку се кладам дека 90% од мажите радо би ги прифатиле сегашните “женски“ обврски со домот и децата под услов жените да го носат “финансискиот“ товар.

@MAJA 345 мислењава ти се од искуство од твојата фамилија изгледа, кај мене на пример мајка ми никогаш не била слугинка напротив мислам дека и полесно си поминувала кога ќе ги заврши домашните обврски за неколку саати а татко ми од 7 до 5 на работа. Бидејки имам сестра кај мене секогаш собата била под конец додека нејзината.. до годините кои ги имам сега сестра ми освен тестенини ретко што знаеше да прави друго (бидејки учеше, студираше и од дома не ја замараа) додека јас знам и готвам многу повеќе од неа - ок сега веќе повеќе знае оти е мажена и мора.

Инаку знам дека џабе пишувам, на жена ниту некој нешто докажал ниту ќе и докаже. И кога не е во право - е во право! :D
 
Ајде сега испадна Ајнштајн само ги преставувал откритијата на својата жена, сигурно е исто и за останатите 90% од научници во светот од машки пол :pos:

Сакаш верувај, сакаш не. Не мора да значи дека е вистина. Можеби некој си поиграл со нешто и излегло ова. Но поентата беше, зошто да ти биде чудно и тоа да се случило. Ти нема ли да ги земеш откритијата на жена ти и да ги претставуваш како твои ако знаеш дека нема да се прифатат никогаш ако се под име на жена ти?
Сепак, не правиме муабет за откритие на чоколадо од јагода... think about it.

Инаку знам дека џабе пишувам, на жена ниту некој нешто докажал ниту ќе и докаже. И кога не е во право - е во право! :D

Мразам вакви претпоставки кои ги ставаат сите жени на едно место.
Please, don't.
 
Ама ете погоре што спомнав некои од статистиките се во САД, каде што денес речиси и да нема разлика во поделбата на обврските на машки-женски. Што ги спречува жените тогаш да имаат подобри кариери од мажите ? Инаку се кладам дека 90% од мажите радо би ги прифатиле сегашните “женски“ обврски со домот и децата под услов жените да го носат “финансискиот“ товар.

Последниот пат кога проверив, мажите не носеа дете по девет месеци во својата утроба, ниту мажите ги доеја децата до одредена возраст. А кога ќе имаш две, три, четири деца, замисли колку од својот живот и кариера ќе треба да жртвуваш. Јас се сомневам дека мажите радо би ги прифатиле тие обврски на жената. Нели, не е се во чистењето и готвењето.
 
Па тоа е реалност не е лага, исто што е и реалност дека во САД на пр од вкупниот број на CEO некаде 90-95% припаѓаат на мажите а само 5-10% на жените, во политиката пак статистика е иста.
И не гледам што се навредувате толку со тоа, едноставно мажите и жените никогаш не биле ниту ќе бидат исти. Жените имаат друга важна работа во опшеството..
Како успеа мене да ме изцитираш? Не го имам јас напишано ова. :cautious: Ама нема везе, ќе одговорам.
Тоа се должи главно на различните интереси и професии кои ги привлекуваат жените, дискриминацијата околу способности (иако, еве судејќи по тоа што го гледам кај мене на факултет [ФИНКИ], девојќи статистички вадат повеќе поени од машки на испити) и помали плати.
 
1459212_10201443145377588_1751180309_n.jpg
 
@MAJA 345 мислењава ти се од искуство од твојата фамилија изгледа, кај мене на пример мајка ми никогаш не била слугинка напротив мислам дека и полесно си поминувала кога ќе ги заврши домашните обврски за неколку саати а татко ми од 7 до 5 на работа. Бидејки имам сестра кај мене секогаш собата била под конец додека нејзината.. до годините кои ги имам сега сестра ми освен тестенини ретко што знаеше да прави друго (бидејки учеше, студираше и од дома не ја замараа) додека јас знам и готвам многу повеќе од неа - ок сега веќе повеќе знае оти е мажена и мора.

Кај мене и двајцата работат, значи исто се зафатени надвор од дома, а инаку мајка ми е далеку од слугинка, зашто више пишав дека татко ми нема такви закоравени верувања, и помага во тие домашните работи дури и без да биде тоа побарано од него. Само реков каков поразличен став има таа кон тоа јас што треба да правам, а што треба брат ми да прави, иако ко што реков, никад не ја вршела сама цела домашна работа.
 
Сакаш верувај, сакаш не. Не мора да значи дека е вистина. Можеби некој си поиграл со нешто и излегло ова. Но поентата беше, зошто да ти биде чудно и тоа да се случило. Ти нема ли да ги земеш откритијата на жена ти и да ги претставуваш како твои ако знаеш дека нема да се прифатат никогаш ако се под име на жена ти?
Сепак, не правиме муабет за откритие на чоколадо од јагода... think about it.
Мразам вакви претпоставки кои ги ставаат сите жени на едно место.
Please, don't.
Тоа е само предпоставка на која шансите за вистинитост и се ептен мали така да не вреди ни да коментирам, а и не е само он. Што правиме со другите научници ? Инаку во право си за последното не сите, скоро сите - значи има исклучок.

Последниот пат кога проверив, мажите не носеа дете по девет месеци во својата утроба, ниту мажите ги доеја децата до одредена возраст. А кога ќе имаш две, три, четири деца, замисли колку од својот живот и кариера ќе треба да жртвуваш. Јас се сомневам дека мажите радо би ги прифатиле тие обврски на жената. Нели, не е се во чистењето и готвењето.
Да и тие 2 години најчесто за 1 дете им го диктираат целиот живот (односно кариерата), да да сигурно..
Плус во САД само 1/3 од успешните жени немаат деца, а според твојава логика баш тие требаа да бидат мнозинство.

Како успеа мене да ме изцитираш? Не го имам јас напишано ова. :cautious: Ама нема везе, ќе одговорам.
Тоа се должи главно на различните интереси и професии кои ги привлекуваат жените, дискриминацијата околу способности (иако, еве судејќи по тоа што го гледам кај мене на факултет [ФИНКИ], девојќи статистички вадат повеќе поени од машки на испити) и помали плати.
По грешка те цитирав, инаку тоа повеќе поени на испит на факултет нема врска со кариерата. Огромен дел од успешните луѓе воопшто немаат ни високо образование, или чист пример што јас го знам сестра ми со факултет заработува скоро дупло помалце од зет ми кој нема високо образование.

Инаку готово се откажувам од темава, ме мрзи да реплицирам веќе :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom