Денес е 22 декември - празникот на ЈНА

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Возраст
71
Денес е 22 декември - празникот на ЈНА. Сега сме во години кога повеќе не сме за ниедна војска, но остануваат спомените на деновите од младоста кои ги поминавме во ЈНА. Своевремено, на овој ден беше празник за сите припадници на ЈНА. Ручек беше посебно богат, со колач и пиво. Имавме и празничен излез во град. Затоа предлагам на сите кои имаат пријатни спомени на тоа време да се подсетиме на младоста.
Би сакал да издвојам некоја случка и затоа ќе ви раскажам нешто што тогаш ми беше многу смешно.
Вечерта по моето доаѓање во прекоманда во Постојна, онака уморен од патот, се струполив во кревет и веднаш заспав. Се будам ноќта и слушам војската трча низ ходниците. Помислив ова е узбуна и ги разбудив сите околу мене и се облековме. Кога се облековме излеговме во ходникот, а пожарниот запрепастено не гледа - кај сте тргнале? Па узбуна е... Ма нема никаква узбуна, тоа војската трча да гледа еротски филм. Подоцна разбравме дека во Постојна се фаќаат италијански телевизиски канали, а на некои после полноќ се даваа еротски филмови. ( кај нас такви филмови тогаш не се дава на телевизија )
Ете, тоа го издвоив да ве подсетам на деновите поминати во ЈНА на кои и сега со задоволство се сеќавам.
Можеби и некој друг ќе сака да не подсети на тие денови и да раскаже некоја случка од ЈНА.
 
Друже Тито ми ти се кунееееееееееееемо.

И после Тито има Тито, име му е МИТО !
 
Еве јас дедо ми ќе го ангажирам како водич ,со знамето напред да маршира
Можат да се соберат да помаршираат...таман со снегов ќе се потсетат на прекрасниот и идиличен февруарски поход. :pak petokraka smajli:
 
Можат да се соберат да помаршираат...таман со снегов ќе се потсетат на прекрасниот и идиличен февруарски поход. :pak petokraka smajli:
не биди патетичен би кажал некој овде:pos:
 
не биди патетичен би кажал некој овде:pos:
Ти ништо незнаеш од приказните со долгите и тивки ноќи поминати на стража со "другарот". :uste edna petokraka smajli:
 
Ти ништо незнаеш од приказните со долгите и тивки ноќи поминати на стража со "другарот". :uste edna petokraka smajli:
Колку само имам плачено не си свесен. Животот со него едноставно беше филм. Ако си од добрите секој ден го поздравуваш, ако си негативен Голи оток. Ехх што убаво беше да се живее во тоа време
 
Вие ако сакате можете да се смеете до утре, ама таа ЈНА била 3-та армија во свет и тоа е несоборлив факт.
Иначе темава мислам дека во Историја да иде..
 
Уште 364 дена до крајот на светот (21.12.2012), а Пајаков ми ја спомнува ЈНА. :D Не бев во ЈНА но старешините во АРМ со носталгија зборуваа за тоа време, исто така голем број на неписмени од "богу иза леџа" села во бивша Ју добивале некое елементарно образование токму во војската, па може да се каже дека од тогашен аспект имала некоја позитивна улога, но кога ќе се види колкав процент црпела ЈНА од буџетот на СФРЈ тогаш се било џабе фрлање на пари. Инаку во времето се мантраше дека ЈНА е трета армија во светот, ова дури се учеше во учебници по општество и природа во независна Македонија на почетокот. Русија, САД, па СФРЈ и имаше едни графикони колку тенкови имаат, па активна војска, итн, итн.
 
Можете да си направите една партизанска собиранка. :petokraka smajli:

:pos:
--- надополнето: 22 декември 2011 во 13:10 ---
Вие ако сакате можете да се смеете до утре, ама таа ЈНА била 3-та армија во свет и тоа е несоборлив факт.
Иначе темава мислам дека во Историја да иде..

Хип не заебавај , од кај трета армија..лудо е да се каже така..тоа го говорат само они хард-кор ју носталгичари.. ај и да имала југославија дисциплинирана и бројна војска, ама сигурно немала наоружување и техника.. каде се нуклеарните сили кои уште после Втора светска војна имале атомско оружје , како Франција,Британија па и Кина.. за Германија и Јапонија не говорам, тие како поразени немале можност да ја развиваат армијата..
 
Колку само имам плачено не си свесен. Животот со него едноставно беше филм. Ако си од добрите секој ден го поздравуваш, ако си негативен Голи оток. Ехх што убаво беше да се живее во тоа време

Нешто слично како денес нели? Ако си од добрите, ако секој ден му се клањаш на пастирот убаво ќе си проживееш, ако си негативен спектакуларно апсење и притвор. Ехх што убаво се живее денес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom