Демонстрации

  • Креатор на темата Креатор на темата Achilles1989
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
http://www.mkd.mk/svet/vesti/vo-kie...200000-lugje-se-ochekuvaat-milion-fotovideo#1

Џабе и говорот на Митре Вењаноски џабе и отпор шо праеа, џабе што се тепаат наши деца по автобуси од Албанци, џабе што све е корумпирано од фудбалска репрезентација која е приватна и е срам за македонија до полиција каде на огласи по 400 души сите до ЕДЕН беа партиски примени а спремни деца останаа дома.
Кога кај нас би имало вакви демонстрации. Ееееј 200 000 луѓе на почеток на прв ден на протести во Украина Киев значи бројката ке иде до кузнае колку а кај нас ? По 5 000 луѓе одвај од опозиција, другите пијат кафе по околни кафичи и оговараат комшии, ги оговараат тие што протестираат и само чекаат да им стигне смс од ебан штаб на дпмне да идат на контра протести зашто ке си ја изгубат слатката работичка во администрација.
Или у најлош случај протест во сабота недела кога бил закажан протест многу од 20-30 годишните дебили без никаква иднина пред нив вработени они или братучеди нивни у администрација и нормално нејкат да чујат за протест зашто фудбалот е нејбитен. Алоооо ги заболе Манчестер или Јувентус ако ги гледаш ти будало у курац отидовме па после дебати на фб како бил голот што го примила Барцелона или Арсенал место преземање на иднината во свои раце.

По пасивен народ, по изгубени генерации овие шо имаат од 18 до 30 моментално не сум видел до сеа нигде у свет.
И одвреме на време ке искочи нешто како говорот на Вељаноски у собрание пред 3-4 недели и ај шер на фејсбук сите и по некој коментар у стилу добро кажува чоеков ама нишо џабе он тоам ора да го кажува за да дое на власт. Уствари кој го ебе него шо знае он јас сум у екот на мојата младост зашо да се замарам со политика коа ми почиња Манчестер за 2 саата. Нема везе шо моите деца ке мизеруваат зашо Мак е отидена у курац со кредити. Нема шанси на ова ладно време да идам да се глупирам да протестирам. Кај шо не смеам зашо ке ми избркаат мене или мој (внеси рандом роднина) од администрација па и срамота е ке ме гледаат таму. батали да си изгледам Барцелона па после на кафенце ке си идам некое. Е вака размислува младич кај нас у негова пуна енергија и младост во земја со 32 % невработеност и све живо корумпирано и приватно од фамилијата на власт.

Еве и уште една статија
http://www.fakulteti.mk/news/13-12-07/zemji_vo_koi_lugjeto_najmnogu_stradaat.aspx

7. Македонија

Процент на страдање: 31%

БДП по глава на жител: 12.985 долари

Процент кој владата ја гледа како корумпирана: 57%

31% од испитаните Македонци изјавиле дека не се задоволни од животот во 2012 година, бројка што беше 25% во 2011 година. Уште од нејзиното основање во 1991 година, Република Македонија се бори со конфликти меѓу православните христијани кои се мнозинство во земјата и муслиманското албанско малцинство, кое сочинува околу една четвртина од населението. Економијата на земјата се наоѓа во тешка состојба. Во 2011 година, повеќе од 30% од населението живеело во сиромаштија, а ова е една од највисоките стапки во светот. Над сето тоа, Македонија имала највисока стапка на невработеност во 2012 година - 31.3%. Земјата исто така има проблеми со корупцијата. 77% од македонското население верува дека јавните службеници се корумпирани, а 87% сметаат дека и полицијата е корумпирана.
 
Свеста кај народот се крева со единство во идеологијата, а не говори и проекти. Моментално партиската и националната поделеност се на исто ниво... Какви демонстрации бараме, кога за инает од вмро - комунистите нема да излезат, па макар и за македонштината да се работи... То е то, раздели и владеј, јбг.
 
Овие што протестираат се будали, не им треба ЕУ. Плус овие демонстрантиве се опозицијата, се глупираат исто како БЦ што правеше тука. Има 200к протестанти ама државата има 50 милиони жители. Вакви протести не ни требаат и се лоши општо за државата. Партиски протести :гомце:

Ни треба нас масивни протести, не контролирани од партија за стоп на преговорите за името и против влез во ЕУ. Треба да се намали странското влијание во Македонија. Ако сме независна и суверна држава, таква вистина да бидеме.
 
Драги мои ! Додека не догори до нокти Македонецот нема да се свести , кога утре ке нема што да се јаде а ке нема и од кого да се земе , очекувајте отпор. Дотогаш вака ке биде , ке озборуваме по чешми т.е. форуми !
А во Украина демонстрациите се случуваат благодарејки на моралната и финансиска поддршка на ЕУ и Русија !
Што мислите Вие , дека западноукраинците на свој трошок се опнале да мрзнат во Киев или источноукраинците пешки дошле од Донбас? Није него !
 
„Сакаме да испратиме порака дека не сакаме да живееме во полициска, туку во современа држава и дека тоа ќе го постигнеме“
:cuc:
Тука сме за иднината на Украина, за нашите деца и внуци. Сакаме правдата да победи за сите и власта да престане да краде“, изјавил за Франс прес Виктор Мелничук, 52-годишен пензионер.
:cuc::cuc:
--- надополнето: 8 декември 2013 во 19:10 ---
кога утре ке нема што да се јаде а ке нема и од кого да се земе , очекувајте отпор.


Нешто ми кажува дека и тогаш нема да испадниме од дома. :icon_mrgr:
 
Страдаме сите цела македонија, сигурен сум во едно...ке престане ова еден ден..не знам дали ке смеат безбедно да се шетаат по улица на стари години оние што му го прават ова на народот..и нивните деца ќе го плаќаат долгот....ќе дојде денот
 
Јас не знам само што толку се тепаме за тоа име, кога пола Македонија зема бугарски пасош.Подобро ќе биде да си се откажеме од името и да бараме за возврат влез во ЕУ без никакви ограничувања и визни и економски.И онака повеќе од педесет проценти од Македонците станаа Бугари.
 
Постојано едно исто се врти во круг....... името, нападите од чкљ.... кога ќе застанеме на свои нозе и да се браниме како една држава?! .....

Да не се појавела политиката на светов немаше светов да биде на ова дереџе ;)
 
Постојано едно исто се врти во круг....... името, нападите од чкљ.... кога ќе застанеме на свои нозе и да се браниме како една држава?! .....

Да не се појавела политиката на светов немаше светов да биде на ова дереџе ;)


Нема тотална врска името со темава нитѕ напади од некој ниту ништо што сте спомнале. Нема ни врска светската политика така да ве молам или не идете оф топик или не реплицирајте на темата
 
Што ве гледам чудни.
А бе нели гледате дека не палат овие муабети.И јас дрндав по форумов, гледам џабе дека ломотам, си губам живци и си се откажав. Џабе ги праите муабетиве, нема никого да го погодат, пак ке си биде по старо, сите ке си живеат среќно и весело. Таква семка сме, најбезболна опција е да не се прави муабетов. Треба да си прифатиме дека никој не го боли за ништо, дека сме уговарачи, легачи, сеирџии и шпиуни. Од нас НИКОГАШ нема да биде асална држава. Кога ке ја прифатите таа реалност ке си легнете на брашненце, ке си се смирите и ке ви биде полесно на душичката.
Не се замарајте не вреди, и да постигнете нешто утре истите тие за кои сте се бореле ке ве направат шпиун или лопов. Учете од минатото и гледајте си ги само своите интереси, за народот ич да не се замарате, тој секогаш ке си остане оФца за стрижење.
 
Vo Ukraina u parlament kje vlezat, vo Makedonija kafe pijat na ploshtad..
 
Нема тотална врска името со темава нитѕ напади од некој ниту ништо што сте спомнале. Нема ни врска светската политика така да ве молам или не идете оф топик или не реплицирајте на темата

И што е поентата, еве јас на пример, не гледам вести, не читам новости доколку се нема десено нешто поголемо. Ајде некој нека ми објасни што се дешава толку лошо во државава, па еве и јас да подржам протести и да излезам и да се бунам.

Мојот впечаток е ваков: бензинот е 80 и кусур денари, а од дома до работа (4км) ми требаат 30 минути. Кафаните на пауза за ручек се пуни. Навечер неможеш да најдеш место за седење. Паркинзите се плаќаат, а неможеш место за паркирање да најдеш. Има 3 поголеми трговски центри во Скопје и се врвулица од луѓе. Низ сите големи маркети има толпа народ.

Мене вака еве како лаик од моменталната внатрешно економска ситуација, не ми изгледа дека народот Македонски е беден. Напротив, се прошетав низ фармите низ Македонија и најголема мака што си имаат фарметите е што неможат да најдат работници, па мораат да увезуваат работници од Албанија. Значи ако немаш работа, имаш моја препорака за во фарма.
 
Ќе почекам да видам колку од вас ќе реплицираат како треба да одиме на протести и ние,а никој ништо нема да превзима околу тоа.
Еве мој предлог,младината и старината,сите што се жалат како не им е добро(не само што се жалат,навистина е така) и како треба да одиме на протести,да се организираме и да превземеме нешто околу тоа.
Да не бидеме само на празни зборови тука.
И да,одговорот го знам однапред.
Сите сме јаки тука,а кога треба нешто да се направи нигде ве нема.Како јас да направам нешто,сама ли? Па барем кога не правам нема ни да вртам полемики тука само колку да има за што да се муабети.
 

Види,

Секој кој оди на протести, прво трга од себе, па после трга од тоа што го гледа. Јас тргам од себе и јас така ја гледам Македонија, може живеам во облаци ама ете просветли ме. Како сакаш да те подржам кога ќе излезеш на протест, ако не ти ја знам маката. Нели треба солидарност.

Јас на партиски протест не излегувам!!! И доколку ти си со ставот на моето мислење „добар виц“, тогаш протестот ќе ти биде уште подобар виц.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom