Е причина, со овие цени на квадрат и цени на продукти генерално, дефинитивно е причина, па дури и да се размислува за второ дете.
Само не е причина дефинитивно за оние кои се сингл, а се во поодминати години. Не можеш целиот проблем да го лоцираш во финансиите. Еве ако набљудуваш поубаво, денес луѓето се многу поосамени, се помалку среќни, се борат повеќе со психолошки проблеми иако имаат многу многу повеќе во материјална смисла отколку луѓето во 80 ти години од 20 ти век. Најчесто таквите проблеми се решаваат со бегање од реалноста - гледање на филмови, серии, играње игри, читање книги, социјални мрежи и виртуелни пријателства, што уште повеќе ги изолира од реалниот свет. Хикикомори е нешто слично и е поекстремно, ко последница од притисокот со кое едно дете се соочило се со цел да успее на образовниот пат поставен од неговите родители...