Делење превоз

Член од
17 декември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Возраст
37
Здраво на сите.

Дали знаете каде би можел да најдам сајт или некој сервис преку кој можам да договорам превоз со луѓе кои патуваат во иста насока а сакаат да ги делат трошоците? Конкретно, ми треба некој што ќе оди од Белград до Скопје кон крајот на декември.

Фала многу за предлозите.
 
Не, ама фала за бесплатната идеја. Одам да отворам сајт или да направам апликација :-).
 
Се шегувам ги немам тие знаења, ама нели е добро како идеја? Тоа веќе функционира во Америка и во други земји. https://www.uber.com/ оваа апликација функционира во повеќе земји ама во некои почнаа да ја блокираат после поплаките на таксистите дека губат пари :)
 
Кај нас ни еден синдикат не функционира како треба, за жал, така што дај Боже да се појави некој и идејава да „ја живне“, па после нека се жали конкуренцијата. Јас вака патував од Германија до Шпанија и стварно е зер практиш ;)
 
Фала за одговорите. Не очекував нешто како апликација за Балканов иако како идеја е супер, особено со нашиве тешко проодни простори. Повеќе имав на ум некоја фејсбук група или некој неформален портал кајшто се договараат луѓе (или на крај краишта некој од вас овде ако оди случајно од Белград до Скопје тоа време или ако знае некој :D). Ама, да... Мислам дека треба некој да се нафати зашто опциите за превоз се многу бедни на оваа релација (чесен исклучок се БС Турс, Македонија Сообраќај итн.).
 
Фала за одговорите. Не очекував нешто како апликација за Балканов иако како идеја е супер, особено со нашиве тешко проодни простори. Повеќе имав на ум некоја фејсбук група или некој неформален портал кајшто се договараат луѓе (или на крај краишта некој од вас овде ако оди случајно од Белград до Скопје тоа време или ако знае некој :D).

Имаше ваков сајт за делење превоз низ Мк, само им замре сајтот, па нема линк да постирам.
Што се однесува за фејсбук групи, веќе неколку години има такви групи, од различни Мк градови кон Скопје или Охрид.

https://www.facebook.com/groups/prevozbtsk/
https://www.facebook.com/prevoz.prilepskopje
https://www.facebook.com/groups/375166402600187/
https://www.facebook.com/groups/125093080970970/
 
Имеше некој закон ако не грешам, зимање пари за некој што го дели превозот со тебе... те прави нелегален таксист, или таква некоја глупост...
Консултирајте ги законите, пред да инвестирате во сајт или слично.
 
Имеше некој закон ако не грешам, зимање пари за некој што го дели превозот со тебе... те прави нелегален таксист, или таква некоја глупост...
Консултирајте ги законите, пред да инвестирате во сајт или слично.
Да, некаде читав дека некој бил казнет зашто ги возел колегите со него на работа од една град во друг.
 
Имеше некој закон ако не грешам, зимање пари за некој што го дели превозот со тебе... те прави нелегален таксист, или таква некоја глупост...
Консултирајте ги законите, пред да инвестирате во сајт или слично.
Глеаш секогаш сме биле пред сите :-). Тоа беше у периодот кога ги спречуваа дивите превозници и како и секогаш удрија по сите....
 
дечки имам една идеја, незнам дали некој ја има напишано пред мене.. барав но не најдов ништо.
дали е можно админите на форумов да отворат тема за превоз на патници, како што има групи на
facebook, пример превоз битола - скопје, и секој што оди накај Скопје или Битола, доколку сака да качи луѓе (нормално со предходно договорена цена за услугата)... објавува на темата.. Исто можи да се отвори за секој град, па да се види која тема би функционирала појќе...

и сигурно ке ме прашате зошто да отвораме овде кога имало на facebook - овде мислам дека има повеќе луѓе, и ке има превоз за до сите градови, додека на facebook лесно се наога само за Скопје

се надевам дека ке ми ја прифатите идејава.. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom