Дефицит од 574 милиони УСД во трговска размена!!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум сигурен за точните дефиниции, но дефицитот во трговската размена би требало да остане 590 милиони долари, а ќе се смени платниот биланс.

Да повторам, како според тебе се финансира трговскиот дефицит?

Мистичен напиша:
Значи, доколку е 590 милиони долари, доколку момците како Пепо ја праќаат кешарицата преку сметка, колку би паднал? : )

Или би дошол на ниво кое не е за паничење? : )
 
PetarK напиша:
Да повторам, како според тебе се финансира трговскиот дефицит?
Како прво, трговскиот дефицит неможе да се "финансира".
Трговскиот дефицит може да се создаде како резултат на разликата помеѓу размената на стоки и услуги кои се внесени и изнесени од државата.

И сега би сакал да прашам дали ние извезуваме повеќе отколку што увезуваме (их кога би било вака...), не се задолжуваме во странство (уулалааа...), али...проклетите печалбари се криви што внесуваат кешарица? : )
 
Ќе биде, кога ќе произведуваме квалитетни и евтини производи.
 
yin yang напиша:
Ќе биде, кога ќе произведуваме квалитетни и евтини производи.
Toчно, тоа е една работа, а има уште многу. Но, пред се, конкурентни.
 
Има еден тип од Демир Капија кој сади аспараус. Веројатно е единствен во Макдеонија таков. Типот си нашол пазар во Италија и си го работи тоа. Пресметал дека лубениците немаат „утре”.

А имаме и млеко во околината на Битола кое е прескапо за Битолска млекара. ИМБ увезува полско млеко во прав кое е поевтино од свежото млеко на млекарите од селата во битолско.

Единствено, ми се чини, добро стои со извоз текстилната индустрија кај нас.
 
ИМБ увезува полско млеко во прав кое е поевтино од свежото млеко на млекарите од селата во битолско.

еве каде државата може да интервенира за да се промени состојбата со трговски дефицит
 
Мене не ми е јасно како може словенско млеко на пример, со сите давачки за увоз да биде со цена како битолското? А уште поголем парадокс е што ако земеме дека Словенија има поголем стандард - автоматски словенечките сточари би требало да добиваат поголем надомест за откупеното млеко од нашите, а нашите се бунат дека откупната цена е премала. И пак увозното млеко е со цена како нашето. Кој ќе го разјасни ова?

Ќе отвори некој нов топик за конкурентноста на нашите производи? Би било интересно.
 
Полското млеко, не знам за словенското.

Финтата е во тоа што во Полска имаат автоматизирано производство во сточни фарми со илјадници крави кои даваат по (ова од памет го кажувам) 20кг млеко дневно (една крава). А македонските кравари имаат по 2-3 крави кои даваат по (пак од памет, колку за пример) 5кг млеко дневно (една крава).

Е овој со 5кг дневно, ќе се убие од работа и не му се исплаќа да го поевтини млекото, се додека работи се рачно и се додека има кравче кое дава само 5кг.
 
мислам дека проблемот е со огромните дотации кои ЕУ ги дава на своите земјоделци. земјоделците се платени да произведуваат и тоа што не се троши. вишокот од производството им е платен и нема да се фрли него ќе се претвори у прав и ќе се продава на заинтересирани за багатела цени
 
yin yang напиша:
А македонските кравари имаат по 2-3 крави кои даваат по (пак од памет, колку за пример) 5кг млеко дневно (една крава).
Тој што има 2-3 крави, гледа да не умре од глад и не го продава млекото туку си ја храни фамилијата.

Не е само млекото.

Овошните сокови?

Месните производи?

Кондиторските производи?

А да го споредиме квалитетот?
 
другарче напиша:
мислам дека проблемот е со огромните дотации кои ЕУ ги дава на своите земјоделци. земјоделците се платени да произведуваат и тоа што не се троши. вишокот од производството им е платен и нема да се фрли него ќе се претвори у прав и ќе се продава на заинтересирани за багатела цени



И сега, поевтино е само измолзено млеко од млеко кое мора да помине хемиска процедура?

Не верувам.
 
Мистичен напиша:
Тој што има 2-3 крави, гледа да не умре од глад и не го продава млекото туку си ја храни фамилијата.

Не е само млекото.

Овошните сокови?

Месните производи?

Кондиторските производи?

А да го споредиме квалитетот?



Абе Мистичен, знам дека тие „се држат за конец”. Ама треба да се гледа вака. Пример да се организираат од едно село, да направат една заедничка фарма со крави, да инвестираат малку во механизација (заеднички) и може да биде подобро. Не ме напаѓај, не зборувам за инает, ама нели „заедно сме посилни”? И малку повеќе концентрати, како оние Изралеските кравишта кои од што се големи се заглавуваат во металните спреги и такаа стојат додека не умрат. Тажно ама вистинито.

Мислам дека Гуделат и ИМБ извезуваат овошни сокови.

За другите, искрено, не знам како стои работата.

Квалитетот, предпоставувам би значел, толку % маст, толку % витамини... брм брм, денес ионака се е вештачко, она што нема, се пристава. :)

Си видел ли ти мултивитамински прозивод во природата со баланс како мултивитамински сок? Не. Е затоа е блуткав сокот :)
 
Хехе, абе за сокови барем можам да пишувам до 101 и назад. Моја надлежност се во секторот кај што работам.

Бај д веј, Гудалат не извезува. Гудалат увезува (суровини, концентрат де) и ги разредува тука со вода. Исклучиво за домашен пазар.
 
Хммм... значи јас сум грешно информирана. Мај мистејк :)
 
И сега, поевтино е само измолзено млеко од млеко кое мора да помине хемиска процедура?

Не верувам.
ying тоа млеко што поминува хемиска процедура им е веќе платено на европските земјоделци... исто како да ставаат вода на едниот крај а на другиот крај излегува млеко во прав. не мислиш дека е поефтино од молзеното?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom