ivana22
хиперактивна
- Член од
 - 21 декември 2007
 
- Мислења
 - 34
 
- Поени од реакции
 - 7
 
20.000 фунти за многу луѓе е доволно учество за куќа или стан, но за некого, тоа е само цена која треба да ја плати...   
... за едно шишање!
Британскиот топ стилист Стјуарт Филипс, кој стана омилен кај Холивудската фела откако влезе во Гинис како најскап фризер на светот, толку наплаќа за еден третман во неговиот луксузен салон во Лондон.
Тој влезе во Гинис во 2007-ма година откако едно шишање го наплати 8.000 фунти, но само две години подоцна, многу од неговите клиенти плаќаат и по 20.000 фунти за едно шишање.
Филипс, кој е официјален стилист на Британската филмска академија има посебен прашалник за желбите на оние кои плаќаат 20 илјадарки, во кој клиентите одговараат на 20 ставки.
Тој во својата листа на муштерии има голем број на познати селебрити ѕвезди, но поради цената која и за нив е висока - најдраги и најредовни му се жените на Руските олигарси...
Што добивате за 20.000 фунти кај најпознатиот стилист? Па листата изгледа точно вака...
- Личен ангажман од господинот Филипс. Тој ќе го затвори салонот и целото негово внимание ќе биде насочено само кон вас.
- Луксузна лимузина ќе ве земе од хотелот, аеродромот, или вашиот дом.
- Ќе имате на располагање 1 час за детални консултации за стајлингот и лајфстајлот со господонот Филипс.
- Пред шишањето, ќе бидете однесени во посебен дел за релаксација каде ќе ве "опуштат" со луксузна шиатсу или релаксирачка масажа.
- Цел пакет на најлуксузните и најквалитетни препарати на светот ќе бидат избрани од Филипс специјално за вашиот тип на коса.
- За време на вашето шишање, на располагање ќе имате и персонален готвач кој може да ви зготви закуска, а шампањско и коктели може да консумирате во неограничени количини.
- Ќе имате на располагање персонален асистент кој ќе одговара на вашите повици за време на шишањето, додека тројца професионални лица ќе се грижат за вашата безбедност.
http://www.zazabava.com/content/view/6956/68/