Dear Esther

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153


Dear Esther ќе ви послужи како пауза од сите оние насилни, крвави, па и логички игри. Од вас се бара само да имате 2-3 часа слободно време, и да и’ дозволите на оваа „игра“ (да, во наводници) да ве внесе во својот мистериозен свет, кој ќе поттикне многу прашања, а навидум малку одговори. Притоа, подгответе се за едно поинакво искуство, пред кое тешко дека ќе останете рамнодушни.
Се наоѓате на напуштен остров, на сите страни опколени со бескрајното море, и треба да откриете како сте се нашле во таа непријатна ситуација. Со таа мисла на ум, вашето истражување започнува...но веќе по една минута, ќе ги имате испробано сите (или подобро кажано, единствениот) „гејмерски“ елементи во играта. Токму така; се’ што треба да правите е да се движите низ островот, проучувајќи ги природните пејсажи, мистериозните пештери и тајните скриени нa него. Во таа потрага ќе ви помогне единствено одличниот раскажувач (наратор), кој верно ќе ве прати од почетокот до крајот, раскажувајќи за детали од минатото, луѓето кои ги населувале вашите моментални местоположби, па се’ до ситуацијата во која се наоѓате. Но за да не откријам детали од приказната, ќе напоменам само едно: не е се’ онака како што изгледа...



Она што ќе ве внесе во овој свет е дефинитивно атмосферата. Дали раскажувачот со својата одлична комбинација од поезија и проза, дали музиката која ретко кога се појавува, но го прави тоа во вистинските моменти или прекрасните пејсажи... Едноставно оваа игра го има потребното да направи да се чувствувате како токму вие да сте на тој остров. Постојано ќе ве прати чувството дека сте дел од нешто надреално, имагинарно, а сепак вистинито. Ќе сакате да откриете што точно се случувало и како вие сте се нашле на островот, па нека не ве чуди фактот доколу во едно седнување ја почнете и завршите приказната. Но верувајте, за целосно да го „впиете“ сето она што се случува(ло), ќе треба да ја почнете втор, па и третпат... Има тука многу ситни визуелни, аудио и нараторски бисери, кои само чекаат на вашето откривање. Островот, како што ќе напреднувате во приказната, постепено ќе се менува, а со него и посветеноста и емоциите на раскажувачот. А во меѓувреме, во далечината често ќе ја забележувате комуникациската зграда, која бавно и полека трепка, трепка и трепка...



Но Dear Esther потфрлува на истите полиња кои ја прават толку уникатна како едно визуелно искуство. Доколку барате поголема интерактивност и лично присуство во една игра, овде тоа нема да го најдете. Заборавете на какво било пукање, мозгање, размислување, и вклучување на вашите рефлекси. Се’ што ќе најдете е еден интересен, несекојдневен и надреалистичен роман, долг 2-3 часа, и вреден да се одигра барем еднаш. Но, како и со секоја добра книга, ќе сакате да му се вратите повторно, за да ги пронајдете сите оние пропуштени детали кои го прават богат, и онаков каков што вие го посакувате.

ОЦЕНА: 7.5
ПОЗИТИВНО: Фантастична атмосфера, прекрасна приказна, поттикнува повеќекратно играње и смирувачки, иако на моменти и надреалистичен, тон.
НЕГАТИВНО: Завршува за 2-3 часа, речиси непостоечка инволивраност од страна на играчот.

 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Добра рецензија но.. Може некој во кратки црти да објасни за што уствари збори нараторот и што е приказната пошто јас не разбрав ниту 1% од она што го збореше човекот, за мене играта беше само стискање напред и гледање пејсажи.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Не е ова игра, ова е неигра :D

Неигра“ е кованица од Michaël Samyn (како и да се чита) од студиото Tale od Tales.
Така со еден збор ја нарекуваат нивната филозофија за тоа што го прават - интеракција без класична структура на игра - интерактивни дела. Интересни работи. Од тоа што досега го направиле нешто е игра, нешто неигра нешто комбинирано и така. Нешто добро (The Path) нешто за нигде (The Graveyard).

Е сега оваа Dear Esther е од Ден Пинчбек и уште еден чие име не ми текнува (друго студио), ама влегува под таа категорија на неигри.
И не сите неигри се вакви, само ова си е таква и тоа. Јас имам кратко искуство со оригиналниот мод издаден во 2008ма и не ми го направи кеифот, го исклучив по 15 минути.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Добра рецензија но.. Може некој во кратки црти да објасни за што уствари збори нараторот и што е приказната пошто јас не разбрав ниту 1% од она што го збореше човекот, за мене играта беше само стискање напред и гледање пејсажи.

СПОЈЛЕР:
Раскажувањата се неповрзани (намерно, за сам да си донесеш заклучок), а нараторот се обраќа на Естер, за која се шпекулира дека е неговата мртва сопруга, која загинала во сообраќајна несреќа. Дел од графитите имаат и религиозна конотација и се однесуваат на апостолот Павле и неговото патување кон Дамаск. Исто така, подоцна нараторот почнува да кажува и за други карактери, и нивната судбина на островот.
А доколку ја заврши приказната, на крајот испаѓа дека, нели, твојот карактер не е човек, туку галеб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom