DayZ - мод на Arma II

  • Креатор на темата Креатор на темата hazard_mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јуни 2007
Мислења
206
Поени од реакции
15

Здраво дечки.. не глеам некоја тема на форумов за играва, и незнам дали има луѓе што ја играат, па ај реков да отворам па да се собереме, да направиме група македонци.

За тие што незнаат, DayZ ви е бесплатен мод за Arma II (оваа се купува)
Играва е прејака.. Сите што сте љубители на Fallout сериите, и други слични пост-апокалиптични игри, DayZ ќе ве освои.. Се работи за зомби апокалипса, и играва се игра онлајн мултиплеер. На мапа голема 225 квадратни километри.. Мапата е ОГРОМНА.. треба саат време трчање да преминеш од еден до друг крај.

Има многу сервери, и често со по 50 играчи онлајн. Може да играте сами, или да се здружите со пријатели, или па рандом дечки на серверите да најдете за играње.

Како и во реална зомби апокалипса, може да сте добри, и да преживеете, собирање храна вода оружје да се одбраните од зомбиња итн итн, а може и да играте како бандит и да тепате други играчи и да им ги земате стварите :) Играта нема правила и нема цел, ама појјак адреналин раш не сум добил со никоја игра. Пошо кога сте потрошиле 2-3 дена за да си го опремите карактерот, и кога ќе сретните друг играч многу е напната ситуацијата. Ако умрете, сите работи ги губите и почнувате од нула пак ..

За крај, јас ја играм играва често, и моментално сум прилично добро опремен.
Ghille suit, L85a2 AWS, CZ snajper, rangefinder итн .. Па добро би било да се собереме група македонци да играме заедно, појаки ке сме мн и ќе може полесно да напаѓаме воени локации
 
Јас и Toneh игравме еднаш на кратко пред неколку недели.. не стигнавме ни да се најдеме. Јас продолжив со играње покасно, стигнав до SW Barracks @ NWAF и се изгасив, као да паузирам некој саат.. од тогаш се немам уклучено :) После толку апдејти, ликот ми е или мртов, или пак на брегот. Инаку, играв месец ипол пред тоа.

Каква е ситуацијата сега? Има уште script kiddies по европските сервери?
 
:) ма заеби бараките.. не ни се мачам да стигнам до таму, освен ако имам точак или нешто превозно средство.. самиот си виде колку треба трчање до таму да стигниш, за на крај да те скине некој снајпер.

моментално најјака локација е Dobryy ридот северно од Електро. или такозвани Sniper Hill.. Овде ВРИЕ од луѓе, со ептен јака опрема, пошо имаш многу добар поглед на електро, и сите снајпери таму идат. јас лично од свеж spawn, гледам да најдам евентуално еден Lee Enfield, и терам таму. СИГУРНО има некој мртов, или некој со јака опрема. ке ги заобиколам и од позади кини братче.. пред некој ден ќарив AS 50, NVG, Rangefinder, M249 и што уште не.. а денеска L85a2, пушката со термална опика. тоа е ЅВЕРСКО оружје, само ми треба екипа со јак снајпер, и јас спотирам тој кине :)
 
Имаме различни начини на играње.. порано повеќето гледаа да избегнат други играчи, ама изгледа откако летово ја купија уште 800.000 луѓе, играва заличила на CoD :)
 
Имаме различни начини на играње.. порано повеќето гледаа да избегнат други играчи, ама изгледа откако летово ја купија уште 800.000 луѓе, играва заличила на CoD :)

абе мање више иста е..800к ја купиле ама серверите пак поддржуваат до 50 макс.. хакерчиња се проблем до негде, али не е многу страшно.

иначе и јас на почетокот сакав да играм пријателски, али откако ме заебаа 2-3 пати веќе не верувам на секој.

иначе поинтересно е со ПВП.. али јас не сум серко секој што ќе го видам да го пукам.. ако е свеж spawn, не го чепкам, дури може и муабет да напраиме и да се здружиме.. Ако е некој со просечно оружје (Enfield, shotgun, AK на пр) и си ја брка работата и не ме види не го чепкам.. ама ако е некој со воено оружје, гили облека, или снајпер пукам на лице место :)
 
Бара некоја си јака конфигурација на компјутерот ваа, чисто да знам на кој компјутер да ја инсталирам ми се допадна играва..:) :rolleyes:
 
Arma II мора да ја имам купено, или ќе пројде со пиратска верзија?
 
Arma II мора да ја имам купено, или ќе пројде со пиратска верзија?

Ти треба и ArmA II, ама има и бесплатна верзија од играта. Изгледа малце по-тапа во споредба со другата верзија, ама беспари си е беспари.
 
Ти треба и ArmA II, ама има и бесплатна верзија од играта. Изгледа малце по-тапа во споредба со другата верзија, ама беспари си е беспари.

Со бесплатната верзија, при играње мултиплеер, ова модов, имам нешто минус, или тоа по-тапа што го викаш не е случај за DayZ ?
 
За да ја играте ви требаат фактички 2 игри..

Arma II (ова може да биде и бесплатната верзија али тапа графика има бесплатната верзија) и Operation Arrowhead (Оваа се плаќа како и да гледаш)

Овие две заедно Arma 2 + Operation Arrowhead = Combined operations

На steam имате Arma 2 Combined operations за 25 еур.. тоа е све шо треба да се плати.. фактички добивате 3 игри. После тоа си спуштате Dayz Commander.. Ова ви е програмче кое се користи за спуштање инсталирање и лансирање на Dayz модот, и е мнооогу пожелно со ова да работите, пошо иначе треба рачна инсталација копирање фајлој итн итн.

Иаку постара е основната игра, бара солидна конфигурација.. изгуглајте Arma 2 requirements

чисто за информација моментално има преку 1 милион луѓе кои ја имаат купено играва, а секој ден околу 150000 активно се логираат и играат.
 
Уште една информација, lead developer-от на DayZ, работи на standalone верзија на DayZ, заедно со Bohemia Interactive. Ако не ви се купува оваа игра, почекајте ја таа. :)
 
Може ли Day Z модот да се игра без да се купи било каква верзија на ARMA?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom