Три нови видеозаписи на музичарот Драган Даутовски беа промовирани завчера во Кинотеката на Македонија во Скопје - јави Дневник. Спотовите се најава за блу реј-изданието, кое на почетокот на следната година треба да се појави на пазарот. Видеата се за песните Со маки сум се родила, Јовка Кумановка и англиската Алелуја, а снимките се направени на концертот во Античкиот театар во Охрид.
Се одлучив да ги промовирам овие песни бидејќи најдобро ги искажуваат длабоките духовни вредности на традицијата од која секогаш црпам инспирација - изјави Даутовски на презентацијата. Тој додаде дека концертот на Охридското лето е само дел од проектот Клуч, кој има цел да ги истражува духовните вредности на човештвото.
Тој планира овој албум да се развива и интернационално и затоа е вклучена песната Алелуја, а Даутовски кажа дека во иднина се можни и соработки со Абориџини или со африкански племенски музичари.
Спотовите се дело на Мунлајт продукција.