- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.588
- Поени од реакции
- 18.619
Мене ова со данокот се уште не ми е сосема јасно, веќе 1 ипол година работам како фриленс преведувач и досега немам плаќано данок, не ни имав намера да плаќам ама откако го воведоа новиот систем решив да не ризикувам и да се регистрирам, е сеа освен тоа дали нешто друго треба да се направи или само треба да ја чекам годишната даночна пријава од УЈП да ми стигне?
Ако сите приходи ти се од домашни фирми, тие мора да ти го платат данокот и само ќе добиеш извештај по емаил.
Ако примаш пари од индивидуалци или од странство мораш секој месец да ги пријавиш парите онлајн до 10 -то во месецот и да го платиш данокот до 15-ти во месецот.
Ова за датумиве реално е флексибилно оти имам пријавувано и на 20-то во месецот и плаќано на крај од месец, ама во главно месец за месец е.