Далтонизам - слепило за бои

  • Креатор на темата Креатор на темата karan
  • Време на започнување Време на започнување

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Локација
Зубово Крушје
Далтонизам е вообичаен израз за пореметување на препознавање на бои. Го опишал англискиот научник John Dalton на крајот од 18-от век, а врз основа на сопствено искуство бидејќи и самиот имал проблем со препознавање на боите.

На мрежницата на окото се наоѓаат нервни завршетоци-фоторецептори за три основни бранови должини на светлината и ги делат во различни канали кои одговараат на црвената, зелената и сината. Кај лицата кои не препознаваат бои постои пореметување во рецепторите- поделбата не се одвива правилно, па тие поради тоа не препознаваат бои или заменуваат една боја за друга.

Оваа аномалија е наследна и постои од раѓање. Се пренесува од родителите на потомството, како и други наследни својства кои ги одредуваат телесните особини на поединецот. Во некои случаи, далтонизмот може да биде последица на оштетување на очниот нерв или на мрежницата на окото.
Во светот живеат околу 8% мажи и 0,5% жени со ова пореметување. Во Европа, САД и Јапонија ги има вкупно 32,6 милиони.
Пореметувањето може да се манифестира како:
1 Ахроматопсија: се работи за мошне ретка аномалија- целосно слепило за бои и лицата кои патат од него не можат да препознаваат ниедна боја, иако имаат нормална острина на видот, но секоја слика која се пренесува во мозокот ја гледаат во црно-бели тонови;
2. Дихроматопсија: лицата кои го имаат ова пореметување во препознавањето на бои не можат да препознаваат една од основните (црвена, зелена или сина - протанопија, деутеранопија, тританопија);
3 Аномална трихроматопсија: намалена е чувствителноста за една од трите основни бои и лицето таа боја ја препознава поинаку од нормалното чувствување (протаномалија, деутераномалија, тританомалија).
...Мислам дека е време да си признаам себеси дека сум еден од "бандата Далтон":вонзем:.
Честопати сум се инаетел за тоа каква нијанса на зелена боја гледаме, започнувајќи спор дали се работи за зелена или сива или нијанса на некоја друга боја. Решив малку да се позанимавам, отворив неколку тестови и што да видам :vozbud: - ништо не гледам таму каде што другите гледаат. Што е најсмешно отсекогаш најлесно сум избирал гардероба со таква сиво-зелена боја (којзнае што носам!!!).
images (1).jpg

Еве некои тестови и сликчиња кои сум ги зјапал:
http://www.umft.ro/newpage/structura/catedre/FIZIO/Physiology_III/Ishihara color plates - set 38.pdf
http://www.chesapeakemedicalstaffing.com/orientation/umh/Ishihara Test for Color Blindness.pdf
http://en.wikipedia.org/wiki/Color_blindnessColorblind4.png (овде ништо се не види).

Според резултатите мислам дека сум слеп на некои нијанси зелена боја (деутеранопија/деутераномалија) иако воопшто не ми пречи во секојдневието.
Сега што е тука е, како досега така и отсега, туку сакав да прашам дали може нешто да се направи во врска со овој наследен генетски дефект, дали некако се корегира и што нуди медицината освен дијагноза?

Некои интересни работи за утеха што никогаш нема да ги видиме некои бои:
1. Далтонистите подобро препознаваат текстура.
2. Подобро гледаат во темно.
3. При правилна комбинација на бои можете да видите нешта кои можат да ги видат само 5-6 проценти од останатите.:)
funny-pictures-color-blind-cat-rubiks-cube.jpg
 
Леле јас имам Tritanomaly .
На сликава бројка не гледам, а 56 имало:
Colorblind5.png
 
татко ми е далтонист ама не знам поточно што не глеа... на телетекст не препознава бои.
ама се шмугнал некако циганот за полагање возачка, го пуштиле
братучед ми исто има некоја форма на далтонизам, не го пуштија во војска, се напна xD

јас и брат ми не сме далтонисти... коа ги испринтав овие тестовиве пред некоја година и му ги покажав на татко ми, се напна многу пошо и ја и брат ми ги глеавме сите бои xDD

Леле јас имам Tritanomaly .
На сликава бројка не гледам, а 56 имало:
Colorblind5.png

srcee злато, од кај го најде ова? нема бројки, те лажат :)
ајјј ја видов бе, 56ка имало стварно ама тешко се глеа
 
test2bishihara2bdaltoni.jpg

Јас од овие само три можам да прочитам точно... xD
Сосема случајно пред некоја година ги начекав тестовите и дури тогаш открив дека всушност нешто не е во ред со мене. :)
Ама изгледа имам некоја поблага форма од тие аномалиите - само некои нијанси помеѓу црвена и кафеава не разликувам, додека пак, основните бои убаво ги распознавам... треба некој ден на очно да отидам - самодијагнозирањето од нет не е секогаш добро. :pos:
 
баш истиве слики ќе ти ги дадат за да те тестираат, бев со еден другар да се испита и испадна дека е далтонист, неможеше да ги прочита бројкиве :facepalm:
 
Сите имаат по некое мало изреметување или подобро речено различен вид. Значи во глобала, можиме да ги видиме боите, само разликата од боја до боја е што пример црвената, кај едни е рубин црвена , кармин црвена светло црвена, силно црвена, темно црвена, има разлики. Се случувало многу пати две исти црвени бои да не му направам голема разлика а некој да ме убедува оти се работи за потполно различни нијанси, ама само тој ги гледа, а друг сосем инаку.
Се е до окото, али во глобала ако гледаш 8 различни бои, си топ.
 
Се е до гените. Воглавно далтонизмот е претежно пореметување кај машките, а жените се преносители (како и на редица други состојби).
Некои тврдат дека определен процент жени се тетрахромати и можат да разликуваат милиони различни нијанси на бои, а еден од "најјаките" докази е тоа што некои индивидуи од женски род можат со часови да се двоумат кој е подобар фустан меѓу два исти :icon_lol:.
Можеби е точно :).
 
Точно посебно женски особи сум забележал како разликуваат навидум 2 исти бои. Мене ме чудело тоа ептен:))
 
Еве некои тестови, дали ги препознавате боите. А ако не нема лек за вас:vozbud:
dalton(4).jpg
daltom (1).jpg
dalton1jpg.jpg
dals (4).jpg
dalt(4).jpg
daltok(4).jpg

Морав мали слики за очи нели правиме муабет:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom