Дали ви се доволни 24 часа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Возраст
42
Дали ви се доволни 24 часа во денот? Дали се успевате да завршите? Дали има работи кои со месеци ги одлагате зашто немате време,од типот на кафе со пријателите,одење во теретана? Од што најчесто кратите за да најдете време?
 
мене животот не ми е доволен не па 24 часа :) никогаш се нема време затоа и времето е пари . :)
 
Да точно времето е пари, јас се обидувам да го искористам на мој начин, но не се преоптеретувам околу времето, најбитно ми е обврските кои што ги имам да ги завршам.
 
Па да и така е подобро затоа некој некогаш рекол , што помалку мислиш на времето тоа повеќе го имаш :star:
 
Не баш, ми фали време за да одспијам уште некој сат и време да идам на тренинг :jaj:
 
Ама ич не ми се доволни.Обично секогаш утрото планирам што ќе правам преку целиот ден, па гледам да опфатам се што треба да направам.Ама скоро секогаш искачаат некои + работи, како кафе со пријатели, искачање со дечкото и слично, кои се обидувам секогаш кога ќе се појават да ги спроведам.Меѓутоа ете, тоа е од што највеќе си кратам, барем јас.Кога треба да се учи, да се оди на некое важно место и слично, од кафињата најчесто позајмувам време.

А да, уште нешто.Мора, значи мора, да има барем 2 часа слободно време за попладневна дремка, се' откажувам заради тоа :icon_lol: .
 
Не верувам дека на некого му се доволни 24-те часа што денот ги нуди...така и мене...за жал, кратам од задоволство, за да извршам потреби...
 
Некогаш ми се премногу, некогаш премалку. Има денови кога премногу ми е досадно, кога не знам што да правам со себе. Има денови кога немам време ни да јадам, а за спиење да не правам муабет.
Сепак најчесто причина за тоа што немаме доволно време е заради лошата организираност. Со добра организација се се' постигнува, али нормално не сум јас робот па постојано да ми е се до минута организирано. Напротив, јас сум постојан хаос, ама успевам најчесто се што сакам да постигнам. Ама најчесто. Не секогаш. :icon_lol:
 
Некогаш ми се премногу, некогаш премалку. Има денови кога премногу ми е досадно, кога не знам што да правам со себе. Има денови кога немам време ни да јадам, а за спиење да не правам муабет.
Сепак најчесто причина за тоа што немаме доволно време е заради лошата организираност. Со добра организација се се' постигнува, али нормално не сум јас робот па постојано да ми е се до минута организирано. Напротив, јас сум постојан хаос, ама успевам најчесто се што сакам да постигнам. Ама најчесто. Не секогаш. :icon_lol:
Целосно се сложувам со постот.

Пред неколку денови имав колоквиум и полагав... Учев 2 дена со ред, дење-ноќе и не стигнав да научам.
А предходните денови не знаев што да правам од досада.

Ако добро се планира, има време за се, и да се завршат обврските и доволно време за одмор.
 
Зависи некогаш да некогаш не, најчесто доволно ми се, но се случува и да не се... најчесто се планирам како што и доволно испаѓаат :D
 
Ма каки...

Со оглед на тоа дека сум вечно ненаспан... и со најновите случувања кај мене на фејсбук, практично е невозможно да се заврши се`. Не ми е баш најјасно како луѓето функционираат, и како функционирале порано. Луѓето живеат за да работат, и нишо повеќе. Тоа е прилично дебилно. :nesum:
 
6 и пол илјади постови на форум. Ооо да. И тоа како имам време доволно. Дури и претерано слободно време имам. За жал моментално освен факс друго во денот не ме обврзува.
 
Сосема доволни ми се, некогаш дури и многу, а сето тоа е благодарение на фактот што многу мал дел од тие 24 часа го минувам во спиење, значи 6 до 7 часа максимум, што ми овозможува време да го спроведам сето останато што ми е во план.
 
Секогаш ми се малку, посебно за спиење.
 
За мене да не мораше да се спие ќе беше најубав животот :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom