Дали вашиот бог има пол?

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Ги поминав сите 27 страни и не најдов ваква тема. Никогаш никаде немам прочитани за тоа каков е полот на бог.

Зошто никој не зборува за тоа?

На слики што сум гледал е прикажан како маж со бела брада,кој го видел па да каже дека е маж?

Зошто не го цртаат како жена?

Дали тие што го цртаат се шовинисти и сметаат дека бог неможе да биде жена?

Кој е тој што ја определува неговата форма?

Дали вие верниците сметате дека доволно е да верувате во него и не ви е битно дали е маж или жена?

ме интересира многу ова и очекувам некој да ми одговори
 
Бог, бидејќи Е дух по природа, не може да биде нит машко нит женско по полова припадност.

Прикажувањето на ликот Божји, во антропоморфен (об)лик, е целосно погрешно: Бог не е човек по природа па да има човечки лик, а не е ниту маж со бела коса и брада.

„Формата„ Божја ја одредува сам Бог, онака како Он му се објавува на луѓето: или преку Писмото или преку поединци, кои се достојни да Го видат.

За да може Бог да добие (видлива) форма, Он се овоплоти, земајќи човечко тело, преку Христа Човекот, и така Бог-Синот Божји, стана човек, т.е. Богочовек. Така, Синот Божји, зеде машко тело, запазувајќи ја својата релација по аналогија: како што Синот Е Син на Отецот на Небесата, така Христос Е Син човечки на Земјава. Значи, не е во прашање некоја полова припадност, туку во прашање е личносната релација помеѓу ликовите од Света Троица.

Верните точно знаат во кој и каков Бог веруваат.
 
Ај ти малце пази на изразите, и ако можеш докажи дека е машко ако не поздравчаопријатно
Ај докажи дека воопшто има пол или дека постои ?
таа господ :confused: ? некако не оди а ?
 
Бог, бидејќи Е дух по природа, не може да биде нит машко нит женско по полова припадност.

Прикажувањето на ликот Божји, во антропоморфен (об)лик, е целосно погрешно: Бог не е човек по природа па да има човечки лик, а не е ниту маж со бела коса и брада.
A дали знаеш дека тие слики од бог со бела коса и брада се правени од верници? А ти викаш дека верниците точно знаат во кој и каков бог веруваат, значи изгледа незнаат

Jaс нема што да докажувам дека постои, јас знам дека не постои. Прашањата на кои барам одговор се многу јасни,препрочитај ги
 
Како тоа знаеш? Од каде?
 
"Не правете идоли, Бог е на секаде" - Нешто што се сеќавам од Библијата. На распнување Исус го нарекува како татко а ако не се лажам тоа беше во Евангелието според Јован а за другите не знам...
 
Како тоа знаеш? Од каде?

За да постои нешто, јас треба да можам да го видам и да го допрам ако е предмет, како тастатурава сега што ја гледам и ја допирам. Да го почувствувам ако е чувство,емоција, како на пример љубовта,радоста,тагата. А него ни го чувствувам, ни го гледам тоа мене ми е доволно за да знам
 
Јас сум агностик и велам дека врска немаме дали постои или не постои поради тоа што нема докази ниту дека постои а ниту дека не постои.
А за тоа каков пол е веке е друга работа што и за тоа врска немаме но како што велат верниците ете MIKI1 ви кажа дека е во духовна форма така да нема никаков пол.
 
За да постои нешто, јас треба да можам да го видам и да го допрам ако е предмет, како тастатурава сега што ја гледам и ја допирам. Да го почувствувам ако е чувство,емоција, како на пример љубовта,радоста,тагата.
До тука си добар, ОК
А него ни го чувствувам, ни го гледам тоа мене ми е доволно за да знам
Е ова нема логика. Не можеш да знаеш дека не постои. Можеш да се сомневаш, да не веруваш но никако и да знаеш.
 
Бог, бидејќи Е дух по природа, не може да биде нит машко нит женско по полова припадност.

Прикажувањето на ликот Божји, во антропоморфен (об)лик, е целосно погрешно: Бог не е човек по природа па да има човечки лик, а не е ниту маж со бела коса и брада.

„Формата„ Божја ја одредува сам Бог, онака како Он му се објавува на луѓето: или преку Писмото или преку поединци, кои се достојни да Го видат.

За да може Бог да добие (видлива) форма, Он се овоплоти, земајќи човечко тело, преку Христа Човекот, и така Бог-Синот Божји, стана човек, т.е. Богочовек. Така, Синот Божји, зеде машко тело, запазувајќи ја својата релација по аналогија: како што Синот Е Син на Отецот на Небесата, така Христос Е Син човечки на Земјава. Значи, не е во прашање некоја полова припадност, туку во прашање е личносната релација помеѓу ликовите од Света Троица.

Верните точно знаат во кој и каков Бог веруваат.
Јас секој ден го гледам околу мене, не знам за тебе.
Ај докажи дека воопшто има пол или дека постои ?
таа господ :confused: ? некако не оди а ?

Таа госпожа.
 
За да постои нешто, јас треба да можам да го видам и да го допрам ако е предмет, како тастатурава сега што ја гледам и ја допирам. Да го почувствувам ако е чувство,емоција, како на пример љубовта,радоста,тагата. А него ни го чувствувам, ни го гледам тоа мене ми е доволно за да знам
Кислород не го гледаш, не можеш да го допреш(барем не по природен пат),а не верувам и дека има некоја поврзаност со емоцијата па сепак е насекаде околу нас малце обновиси ја дефиницијава за постоењето на нештата.
Или пробај допри некој атом па јави ми се.
 
Е ова нема логика. Не можеш да знаеш дека не постои. Можеш да се сомневаш, да не веруваш но никако и да знаеш.

Те сфаќам што сакаш да кажеш ама не, јас сепак знам.
Ако јас тебе ти речам дека 1000 метри под земја живее жена над 200 години, испушта оган од устата и очите и се големи колку телевизор ти ќе се сомневаш или ќе знаеш дека не постои?

отидовме офтопик темава е за полот да објаснат верниците, а не дали постои или не

Кислород не го гледаш, не можеш да го допреш(барем не по природен пат),а не верувам и дека има некоја поврзаност со емоцијата па сепак е насекаде околу нас малце обновиси ја дефиницијава за постоењето на нештата.
Или пробај допри некој атом па јави ми се.

Постои и течен кислород алооооооооо. Течен господ има?
 
A дали знаеш дека тие слики од бог со бела коса и брада се правени од верници? А ти викаш дека верниците точно знаат во кој и каков бог веруваат, значи изгледа незнаат

Jaс нема што да докажувам дека постои, јас знам дека не постои. Прашањата на кои барам одговор се многу јасни,препрочитај ги
хсаха јас сум милион посто сигурен дека не постои онака како ти си гго опишал у првиот пост
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 10:30 ---
Те сфаќам што сакаш да кажеш ама не, јас сепак знам.
Ако јас тебе ти речам дека 1000 метри под земја живее жена над 200 години, испушта оган од устата и очите и се големи колку телевизор ти ќе се сомневаш или ќе знаеш дека не постои?

отидовме офтопик темава е за полот да објаснат верниците, а не дали постои или не
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 10:27 ---

Постои и течен кислород алооооооооо. Течен господ има?
хааха абе пријател кој вика дека бог е машко, или пак женско
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom