Дали убавината е чувство?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување
Како вие ја разбирате убавината? Дали таа е само дар од природата,, која некому му дала повеќе,,некому помалку или пак таа е константна за сите? Може ли некоја личност иако можеби не е многу физички убава да се чувствува дека е убава,,и дали за таа личност и вие кога ќе ја погледнете ќе можете да го помислите истото? Дали убавината е чувство,,и ако за себе мислиме односно се чувствуваме дека сме убави,,тоа навистина е така,,и обратно?

Што мислите вие? Кој е вашиот став? И секако образложете ги вашите мислења...повелете:smir:

Повеќе ја поштовам внатрешната убавина, бидејки надворешната е минлива. А тоа дали е убав/а некој/а е прашање на вкус. Поважно е личноста да е свесна за своите квалитети, за да ја почувствува сопствената убавина...
П.С. За да те сака некој, мора прво да се сакаш самиот себе
 
Ако фатиш некоја убава за гз во поминвање а таа тоа го почуствува дали е и тоа во категорија “Убавина е чувство“ ?
Ова е преломниот момент во темата, само така ја "чуствуваш" убавината на женскиот гз(ако е добар)
 
Убавината како поим, нема логика да е чувство. Може да направи некој да се чувствува убаво од неа, но не е и самата по себе тоа.
А како ја разбирам? Па дека е дар од природата е, но не е секогаш до природата. Има убави луѓе кои сами се прават грди, а има и грди кои успеваат со труд околу себе да се претворат во убави. Зборот "грд" ми е малку престрог, но само тој ми одговара како спротивност на "убав", па нека стои.:pipi:
Е сега ... можеби е излитен муабет, но секако дека само надворешната убавина не е доволна за да еден човек во целина е убав. Што доколку некоја прекрасна личност нема културно однесување и достојни за неа гестикулации? Веднаш губи во сечии очи и почнува да станува одбивна. Кога некој не знае да се носи со својата убавина, џабе ја има. И спротивно од тоа. Кога некоја не толку прекрасна личност има став, има држење, секогаш е средена и културна може да остави впечаток и да изгледа поубаво од претходната.
Тајната на убавината секако е во нас. Кога ние така мислиме, дека сме убави, тоа излегува од секоја наша пора и се пренесува на сите околу нас. Кога знаеме секоја наша позитивна страна да ја истакнеме, а секоја мана да си ја чуваме во себе, така ќе се претставуваме на другите и така ќе не гледаат. Можеби нема да е тој лик сличен на некоја холивудска и пластична ѕвезда, но во секој случај ќе биде подобар од тоа што би бил доколку не мислиме така за нас и се запоставиме во секој поглед.
А комплиментите ... тие, лично јас ги прифаќам само кога се сложувам со нив. Значи неможе некој да ми пофали некој мој недостаток, а јас истото да го прифатам како комплимент. Ќе ми значи, но нема да ми го смени мислењето.
Убавината е само изглед на човекот, кој претставува целина од неговите надворешни и внатрешни квалитети и недостатоци.
 
убавината е 4уство само на оние кои можат да го сватат тоа. Они коии знаат да го искористат тоа, оние кои се 4уствуваат така. Има луге кои се здрави и пред нив е долг живот а тие не го забележуваат тоа и се тотално разо4арани од животот иако имаат сретства за преживување или др. благодети, но има и такви шо се болни и немаат од што дажевеат а живеат како господари ти се срекни и тие ја имаат убавината...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom