Дали треба да се остава бакшиш?

  • Креатор на темата Креатор на темата mikie
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да се остава бакшиш?

  • Да

    Гласови: 127 69,8%
  • Не

    Гласови: 55 30,2%

  • Вкупно гласачи
    182
...му велам, ај ако сакаш една лута пиперка со магданос, лукче итн... ми носи,ама блага, ај да не правам проблем ја јадам, ама ми се јаде љута и јас пак...ај ако сакаш една лута пиперка со лукче, магданос... ми носи пак блага, ај ако сакаш една газирана вода.... ми носи минерална негазирана.... ако сакаш скарата да биде чиста ем неизгорена...тој ми носи црнила изгорена демек модерно со барбикју.... ај ако сакаш дај ми јаболков оцет за салатава? нема, има само балсамико... зашто ми ја земаш чинијава, немаш друг прибор? ако дојадам или не - е мој проблем, кога ќе си одам тогаш собери ја масава, додека јадам нема да чепкаш ништо ... дали имаш собна температура сокови? НЕ..само грч ладни! ... и ? јас да му оставам бакшиш за што? и што е крив тука газдата кога тој треба да даде наредба во кујната за желбата на гостинот?

Те разбирам за се, но кога јас би бил газда за секоја нарачка по желба надвор од менито +30% за да биде ферски.
Налет на гости што се фаќат за влакно во јајце искрено.Секое мени пишува што содржи и која количина следува.Бакшиш се заслужува, не е морално.
 
Те разбирам за се, но кога јас би бил газда за секоја нарачка по желба надвор од менито +30% за да биде ферски.Налет на гости што се фаќат за влакно во јајце искрено.Секое мени пишува што содржи и која количина следува.
..точно се сложувам со тебе, ама јас не барам количински и содржајно повеќе од што е пишано во менито, но не може било кој да отвори и да работа во ресторан, си има правила за служење, сепак тоа е храна, барем се завршува некој курс за тоа, а не да ми нареди 5 чинии на една рака една над друга, контаминира цела храна и да ми се наведнува над мене сто пати земај ова она, тоа мишката над глава моја да му мирисам,ааааа не не, ќе си донесе све нарачно и гитла од маса моја која си ја плаќам, се додека не го повикам! :cool:
 
Тоа е надвор од темава, кај такви не ни оди а не пак бакшиш да оствиш.Јас имам станато од сендвичара кога ги видов цените, нема срам за тоа.И секогаш пред да нарачам барам мени, да знам на што сум и дали некој заслужува пристоен бакшиш.
 
Најјаки се нашиве од устралија ко ќе дојдат .. идат кај мене јадат пијат иде сметка 3390 и ми дава 3500 му враќам 110 и ги зема сите ... прееска едни исто од таму нашинци 2 кафиња имаа 140 сметка и ми вадат железарија 141 денар и јас ги бројам и ги земам само тие десетките 140 и ми вика за денарот и ова за тебе е хахах ми идеше од глава да им го удрам.. иначе кај нас во охрид на лето е добро со бакшиш барем за мене 10е дневница и ако не си способен уште толку од странци бакшиш да собериш не те бива. Им вртиш по некој муабет и одма оставаат по 50-100 денари на сметка .. најмногу до сега лани ми оставија едни 20 евра .

Предходното лето другар што работеше во Охрид само за таа сезона заработи и купи Сеат Леон само од такви бакшиши...

Како и да е поентата ми е...

Некој ќе работи по цел ден ќе се мачи, поти само за 20-30к плата месечно друг па ќе носи само чинии цел ден и ќе прави преку 600 евра месечно само за носече чинии... Демек тешко било да се однесе порција храна...

Премногу гледате Американски филмови малку успорите. далеко е Америка а воедно ние самите далеко сме со нашиот менталитет и нашата улужна дејност која реално 90 посто е мизерија.
 
Последно уредено од модератор:
Имаат убава храна со прифатливи цени(пилешки прст мх мх ).До сега не се десило недоразбирање.Келнер/ките ми делуваат фино, и секогаш заокружувам на цената.Јас не се замарам со дигнати фаци, претежно сум со девојката и си имаме наш муабет.

Денес бев во ганза на ручек и сметка од 580.Дадовме 1100 ради полесно на кусур да ни вратат 500.И го гледам оди до чардак (локалот до нив), па до тие карши ... на крај доаѓа и вели дечки извинете немав ситни уште 20ден а и комшииве немале ..Нит се напнав нит се изнервирав, и онака тие беа планирани за него.Но пред мои очи го видов како отиде да побара ситни.Затоа ги почитувам како гостилница и со квалитет и со услуга.
[DOUBLEPOST=1532889035][/DOUBLEPOST]

Опасна женска си :pos:.Дај не е.и келнерите што се криви ако газдата е мучкарош.[DOUBLEPOST=1532889440][/DOUBLEPOST]

10 тина пати го имам посетено локалов, најчесто викенди и за време на ручек кога е гужва.Не сум имал вакво искуство лошо, но затоа Дион е типична селска биртија со лош персонал и лоши газди.Таму не бакшиш, не требаше сметкта да им ја платам.....
Од работа на ручек имам повеќе пати седнато таму и во тој период ми се има случено, а и во останатите на кеј и во плаза де торос и дион уште полоша им е услугата. Инаку и Соул ги дигнаа цените ако веќе го спомнуваш тој дел, претходно Соул бургер им беше многу поефтин, сега тој обичниот е со цена како што беше на времето Соул бургерот.
 
Кокошарници се другите, цените се скапички но се трпи некако.Лошо менаџирање пропаѓа локали, но добар персонал привлекува муштерии.[DOUBLEPOST=1532892439][/DOUBLEPOST]
Предходното лето другар што работеше во Охрид само за таа сезона заработи и купи Сеат Леон само од такви бакшиши...

Како и да е поентата ми е...

Некој ќе работи по цел ден ќе се мачи, поти само за 20-30к плата месечно друг па ќе носи само чинии цел ден и ќе прави преку 600 евра месечно само за носече чинии... Демек тешко било да се однесе порција храна...

Премногу гледате Американски филмови малку успорите. далеко е Америка а воедно ние самите далеко сме со нашиот менталитет и нашата улужна дејност која реално 90 посто е мизерија.

Платите не се исти на келнер, шанкер и кувар (зборам професионалци а не клошарана или детишта за 10 еу што работат).Се знае кој и зошто е толку платен, затоа келнерот ако е паметен преку трудот на куварот ке извади бакшиш.Шанкерот не дели бакшиш со келнери бидејки има поголема плата, а куварот е оној што го фалат или критикуват.Инф од 1ва рака, во дежа ву во аеродром куварот е со 15 год искуство на брод и незнам колку и какви мишелинки 1000еу лапа ако верувате.
 
Последно уредено од модератор:
За бакшиш треба најпрво муштеријата да биде задоволен, мислам дака бакшишот не треба да биде обврска туку израз на тоа колку гостинот е задоволен од неговата посета на местото. Дали во некој угостителски објект ке се чуивствуваш пријатно во голем дел зависи и од келнерот и неговото однесување, па затоа доколку видам дека келнерот си ја разбира работата и се труди се да биде во најдобар ред, зависно од направениот цех ке му оставам и нешто бакшиш. Ако се работи за помал цех обично заокружувам па бакшишот на келнерот може да се движи од 10 до 90 денари, ако сметката е рамна тогаш келнерот се заебал и нема бакшиш :D, е ако се работи за поголем цех, пример ако заседне друштво и цехот отиде 5000, тогаш може келнерот да лапне и 200 - 300 денарчиња.
 
Колку што знам, на „запад“ е обичај 10% да се остави бакшиш, па дури е и „задолжителен“ некаде. Дури и тоа му е плата на келнерот.
Но, кај нас е тоа тешко. Нашиот стандард не е толкав да оставаме бакшиши. Да оставиш 10-20 денари е смешно, а за повеќе не сме богати. Зборувам генерално.
Инаку, не ми е јасно зошто треба да се даде бакшиш, особено зошто „по дифолт“? Келнерот зема плата за работата, како и другите што работат. На каса во продавница им се остава ли бакшиш на касиерите? Јас бакшиши не оставам. Можеби ситно сум заокружил цена. Пример, ако е 780 денари, да е 800. Инаку, келнерот има плата и газдата треба да го награди ако е добар, способен...
 
А што е со твоите колеги во ресторантот, зар е фер во истиот екосистем, серверите да земат повеќе од кичен стафот, готвачи и слично кои се често и поспособни и поталентирани од келнерите. Е сега има различни газди, кој е спремен да ги изедначи платите на целиот персонал, како и задолжителна поделба на бакшишот со целиот персонал, но таквите примери се ретки, и ваквиот небаланс најчесто доаѓа до раздор помеѓу луѓе кои треба да тесно соработуваат. И да не се правиме луди, најчесто не се дава бакшиш ради казнување или наградување на услуга, туку поради банални причини, дали си платил со картичка, дали ти нацртала цицлестата келнерка смајли на сметката, и дали ти се погодил денот.

Колегите кои се behind the counter земаат поголема плата токму заради фактот што не добиваат бакшиш. Келнерот и готвачот не земаат иста дневница.
Друг фактор тука е фактот што келнерот е тој кој има директна интеракција со муштеријата, пример кога не ви се свиѓа јадењето не одите директ во кујна да се расправате со готвачот, туку делегирате преку келнерот. Тој треба да ви објаснува, да се извинува итн.

Некој ќе работи по цел ден ќе се мачи, поти само за 20-30к плата месечно друг па ќе носи само чинии цел ден и ќе прави преку 600 евра месечно само за носече чинии... Демек тешко било да се однесе порција храна...

Премногу гледате Американски филмови малку успорите. далеко е Америка а воедно ние самите далеко сме со нашиот менталитет и нашата улужна дејност која реално 90 посто е мизерија.

Воопшто не е тешко да се однесе порција храна. Делот пред/после тоа се тешки :) .Најтежок дел од работата на келнерите е интеракцијата со луѓе. Некој кој никогаш не работел во услужна дејност не сфаќа колку е тешко да се работи со луѓе.
Гледам инсуираш дека келнерот не се поти и мачи? Лесно е да менаџираш 6-7-8 маси истовремено, посебно во нашава култура кај што никој не седнува каде што ќе му кажат туку си бира маса и си седнува кај било?

Не ве прашуваат за џабе при влез дали сте за пијачка или јадење и ве насочуваат кон одредена маса. Не ве мрази вработениот, не ве става во ќош за да не се гледа дека јадете поефтино јадење. Секој келнер си има зони. И workload - от треба да биде изедначен меѓу келнерите за да вие добиете квалитетна услуга. Пример мене ми седнува маса. Следната маса оди кај следниот келнер во следната зона. Ова се за да има време келнерот доволно да ви се посвети и да ви пружи квалитетна услуга. Кажувам мое искуство, пошто сум работела во ресторани. Ти седнуваат 4 маси наеднаш, им земаш нарачка на сите 4 маси наеднаш, од прилика изгледа вака, одам на една маса, ја земам нарачката, одам на втора, земам, итн. Одам до компјутер и ја куцам нарачката за сите 4. Кујната се буни бидејќи наеднаш имаат 4 нарачки. Ако ги земаш последователно ( земи нарачка на една маса, искуцај ја, оди на втора ), се бунат гостите кои чекаат. Пијачка на сите 4 наеднаш не може нели. И така се ствара зачаран круг и се некој е незадоволен.

Ама немаме доволна култура за ова, така да....
 
Lele sve stipsi ejj :D kolku saka neka zema plata ako mi ostavi dobar vpecatok, ako me usluzi kako sto dolikuva kje mu ostavam baksis cisto od mene posto sum zadovolna ne deka go sozaluvam ili deka moram.
 
Колегите кои се behind the counter земаат поголема плата токму заради фактот што не добиваат бакшиш. Келнерот и готвачот не земаат иста дневница.
Друг фактор тука е фактот што келнерот е тој кој има директна интеракција со муштеријата, пример кога не ви се свиѓа јадењето не одите директ во кујна да се расправате со готвачот, туку делегирате преку келнерот. Тој треба да ви објаснува, да се извинува итн.

Воопшто не е тешко да се однесе порција храна. Делот пред/после тоа се тешки :) .Најтежок дел од работата на келнерите е интеракцијата со луѓе. Некој кој никогаш не работел во услужна дејност не сфаќа колку е тешко да се работи со луѓе.
Гледам инсуираш дека келнерот не се поти и мачи? Лесно е да менаџираш 6-7-8 маси истовремено, посебно во нашава култура кај што никој не седнува каде што ќе му кажат туку си бира маса и си седнува кај било?

Не ве прашуваат за џабе при влез дали сте за пијачка или јадење и ве насочуваат кон одредена маса. Не ве мрази вработениот, не ве става во ќош за да не се гледа дека јадете поефтино јадење. Секој келнер си има зони. И workload - от треба да биде изедначен меѓу келнерите за да вие добиете квалитетна услуга. Пример мене ми седнува маса. Следната маса оди кај следниот келнер во следната зона. Ова се за да има време келнерот доволно да ви се посвети и да ви пружи квалитетна услуга. Кажувам мое искуство, пошто сум работела во ресторани. Ти седнуваат 4 маси наеднаш, им земаш нарачка на сите 4 маси наеднаш, од прилика изгледа вака, одам на една маса, ја земам нарачката, одам на втора, земам, итн. Одам до компјутер и ја куцам нарачката за сите 4. Кујната се буни бидејќи наеднаш имаат 4 нарачки. Ако ги земаш последователно ( земи нарачка на една маса, искуцај ја, оди на втора ), се бунат гостите кои чекаат. Пијачка на сите 4 наеднаш не може нели. И така се ствара зачаран круг и се некој е незадоволен.

Ама немаме доволна култура за ова, така да....

Mногу едноставна солуција е праќањето нарачки преку hand, или како и да се вика системчето на рака. Дур отидеш на маса број 2, кујната веќе ја има нарачката за маса број 1 и ти ја прави. Дур стигнеш до маса 4, практично, половина од нарачката за маса 1 е готова, салати, пиења етц.

Мислам дека има и бесплатни апликации за ова за мобилен.
 
Воопшто не е тешко да се однесе порција храна. Делот пред/после тоа се тешки :) .Најтежок дел од работата на келнерите е интеракцијата со луѓе. Некој кој никогаш не работел во услужна дејност не сфаќа колку е тешко да се работи со луѓе.
Гледам инсуираш дека келнерот не се поти и мачи? Лесно е да менаџираш 6-7-8 маси истовремено, посебно во нашава култура кај што никој не седнува каде што ќе му кажат туку си бира маса и си седнува кај било?

Не ве прашуваат за џабе при влез дали сте за пијачка или јадење и ве насочуваат кон одредена маса. Не ве мрази вработениот, не ве става во ќош за да не се гледа дека јадете поефтино јадење. Секој келнер си има зони. И workload - от треба да биде изедначен меѓу келнерите за да вие добиете квалитетна услуга. Пример мене ми седнува маса. Следната маса оди кај следниот келнер во следната зона. Ова се за да има време келнерот доволно да ви се посвети и да ви пружи квалитетна услуга. Кажувам мое искуство, пошто сум работела во ресторани. Ти седнуваат 4 маси наеднаш, им земаш нарачка на сите 4 маси наеднаш, од прилика изгледа вака, одам на една маса, ја земам нарачката, одам на втора, земам, итн. Одам до компјутер и ја куцам нарачката за сите 4. Кујната се буни бидејќи наеднаш имаат 4 нарачки. Ако ги земаш последователно ( земи нарачка на една маса, искуцај ја, оди на втора ), се бунат гостите кои чекаат. Пијачка на сите 4 наеднаш не може нели. И така се ствара зачаран круг и се некој е незадоволен.

Ама немаме доволна култура за ова, така да....

Разбирам тоа колку ви е тешка интеракцијата со луѓе, посебно со ваква култура како оваа во државата, да не почнувам типично за маќедончето се прави како бог или газда само затоа што порачал јадење од 150 денара ама јбг тоа е културата...

Инаку во секоја работа има особина која треба да ве бива, ете на пример за келер и продавач обавезно е да се има особина добра интеракција со луѓе.

А за тоа кога прашуваат на влез дали сме за пијачка или јадење е навистина понижувачко. Значи влегувам во локал уште не седнат на маса кој курац со кое лице ќе прашуват за што сум ако сакам и за чашка вода ќе сум. Навистина е понижувачко а посебно и за самиот локал премногу понижувачко да се става на такво ниво да прашува.

А тоа дали е лесно да носеш на 6-7-8 маси истовремено секако дека не е лесно, ништо не е лесно во животот. Но затоа не бадијала имаш Угостителско Школо за обочување квалитетен кадар.
 
Не знам само како функционира ова со дали ќе пиеш или јадеш само. Мислам дека не ме прашале тоа, али ако речам ето ќе пијам, па после пола саат ми се пријаде и сакам да јадам, што ќе прават, ќе ме префрлат на друга маса? :D
 
Оди во Тренд, Торос, Карпе Дием, Бела Виста и повеќето што се во центарот. Секогаш пречекуваат со тој муабет, за пиење или за јадење сте. Мене ова не ми е понижувачки, нормално е дека ќе те седнат на помала маса ако си за пиење, а не на оние големите. Понижувачко е што Тренд поготово повеќето маси им се као демек резервирани и те бутаат по ќошеви.

За башкиш оставам секако, дури и кога не сум задоволен од услугата. Тогаш 10че да си знае колку вреди неговата "љубезност и услужливост".

Како кафичи и кафани со добра услуга, без многу чекање, културни, насмеани и кога ќе порачаш вода стварно ти ја носат одма би ги издвоил:
Џино, Карпе Дием, Баба Цана, Рустикана 1/2, Барбакан, Буре, Амигос (денски кога нема гужва), Баду, Браун Шугар, и уште неколку не ми текнува во моментов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom