Дали сте имале некое претчуство?

  • Креатор на темата Креатор на темата M!na
  • Време на започнување Време на започнување
Имам претчувство дека ако уплатам денес спортска ќе бидам добитен :)
 
Ауу... имам многу претчуства, како например време, случка и слично.
 
Немам некои одредени претчувства, оставам работите да течат и да видам што ќе се случи.... Единствено имам претчуство на испрашување во школо , што скоро секогаш точно излегува... друго во животот не баш и не се ослонувам на претчувства...
 
Да имав едно претчуство лани летото, кога требаше да одам кон Охрид.

Се нешто ме тераше да не одам натаму, но ете отидов и за малку ќе се удавев :pos:

Знам дека е смешно, но тоа е тоа.
 
имав претчуство дека ќе ме откачи женската и за помалце од 3 саати тоа се случи :toe: :vozbud:
 
сум имала и визии и претчувства. Но почести се претчувствата без разлика дали се за лошо или добро но во повеќето случаи се потпирам на своите предчувства без разлика на околностите
 
Немам предчувства имам чувства. Само еднаш ми се случи една чудна работа, песна која што ми се вртеше во мојот ум кога го приклучив радиото ја слушнав на него. Итоа песната си одеше во континуитет, како што ја слушав во мојот ум така и си продолжи на радио, стих по стих, збор по збор, нота по нота. Како мојот ум да примаше радиобранови на таа фрекфенција.
 
Имама претчувства и секогаш кога ги имама нешто се дешава, незнам како би го објаснила ова на другите ама самата јас си знам на што мислам
 
Тоа е тивок глас кој не предупредува, ама ние најчесто го занемаруваме, со време научив да го доловам и скоро секогаш е во право .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom