Дали си прајте филмој во главата за работи кои уште се немат случено

  • Креатор на темата Креатор на темата koletheman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 март 2010
Мислења
663
Поени од реакции
465
Дали си фантазирате за идни случки или воопшто филмој кои се невозможни, колку и да е сигурна работата од ке го замислам сценариото не излегва како инкер си прам, некако јас цело време мозокот ми игра игри и ми бега паметот, не сум присутен со мислите и погледот како изгубен сум, не гледам не слушам не знам шо ми се дешава. Контраефекти измореност, суви очи, грчеви, прекин на дишењето, тешкотии при џвакање, згрбавеност, главоболки.

Дали некој има слично искуство
 
Контраефекти се повеќе психички отколку физичките што ги наброја.
 
Какви физички и психички контрафекти бе, тоа е единствениот спас од секојдневието. Уште тоа да биде лошо, ништо друго нема да ни остане.
 
Полека бе шо си се напнал толку, напиј се ракија и ич не е.и жива сила.
Абе и јас си терам филмој понекош(многу ретко) имам некои фикс идеи пред време (пред нешто, некој настан...) ама ништо од сето то, прво ке си се изнасмеам самиот за будалштината и си терам пато понатака.
 
Некогаш си тепам филмој за нереални работи, фантазирам многу, а за реалните ко си си речам значи подредени се коцките вака ке излези работата и нешто на крајот непредвидено ке ја заеби и ете разочараност и депресија
 
Дали си фантазирате за идни случки или воопшто филмој кои се невозможни, колку и да е сигурна работата од ке го замислам сценариото не излегва како инкер си прам, некако јас цело време мозокот ми игра игри и ми бега паметот, не сум присутен со мислите и погледот како изгубен сум, не гледам не слушам не знам шо ми се дешава. Контраефекти измореност, суви очи, грчеви, прекин на дишењето, тешкотии при џвакање, згрбавеност, главоболки.

Дали некој има слично искуство
Најнормално нешто што може да му се случи некому. Со правењето филмови, ги тестираме сите можни резултати (исходи) од ситуацијата во која се наоѓаме, за кога ќе бидеме во пикот на случувањата да знаеме како логично и рационално да расудуваме. Мозокот се припрема за секое сценарио во кое можеме да се најдеме. Добар начин на вежбање на мозокот "Што би било, ако би се случило ова... " Мислам дека е добар начин на самиот систем да се одбрани од можни разочарувања (зошто нели веќе сме испланирале како ќе реагираме доколку се отиде во бестрага). Само треба да знаеме кога размислувањето преминува во фантазија, а кога реално размислуваме и планираме.
Болдираното - ти изгледа ептен забегуваш со фантазирање....
 
Да, се случува тоа и кај мене! Многу пати сум се нашла во ситуација целосно да се исклучам од реалноста, па луѓето што се околу мене да ме тргаат да се разбудам :)! Природно е секој да фантазира за се и сешто, ама во граници на нормалата, сепак не е добро премногу неврони да се трошат за некои работи што може, а не е сигурно да се случат. Убо викаат старите што е твое ќе си дојде!
 
Дур си прајте муабет сами со себе во ред сте.
Ако се налутиш и не си прајш самиот на себе муабет, е тогаш сте отишле со паметот.
 
Претежно кога учам. Наместо да учам ја почнувам да фантазирам и да си правам некои филмови во мојава глава.
 
Пред спиење што и да мислам тоа сонувам
Некогаш е закон а некогаш не е :)
И најчесто со фокусирам на нешто
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom