Ретко денес кој се запишува на факултет заради лична интелектуална надоградба. И навистина е штета што ваквите студенти се губат во масите од паразити кои дошле само да земат било каква оценка и да добијат диплома после 4-5 години. Факултетот треба да го гледате како интелектуален предизвик, а не како нешто кое полесно ќе ви донесе вработување и да паразитирате цел живот. Со самото запишување станувате академски граѓанин кој треба да има веќе некакви изградени ставови за многу работи, да аргументирате на спротивните и да ги образложите вашите.
Хаха, муабетов за интелектуална надоградба ме подсети на една случка.
Имам другар кој се запиша на постдипломски заедно со мене, наводно интелектуално да се надоградел.
Кутриот, веруваше дека
Criss Angel е некој светец со надприродни моќи, месија на земјава пратен од Господ. Еден месец не можев да го убедам дека Criss Angel е само entertainment, дека нема надприродни моќи, и сé што прави, прави за кеш и да ги забавува луѓето. Сé се тоа трикови. Сé е тоа шоу.
Имало публика кога ги изведувал "триковите", немало шанса да лаже... Оф мори мајко, па со џукела од улица побрзо ќе се разберев, отколку со него.
Значи, какви тешки идиоти има човече... не можам да си поверувам. Утре таков идиот ќе заврши, ќе земе диплома и ќе ти земе работно место. Кога треба да ти заврши некоја работа, работа за која е платен, 2 саати нема да можеш да му објасниш нешто едноставно.
Колку се лесни луѓево за манипулација, тоа не е могуќе. Права идиократија владее.